Попоски: Остануваат сериозните разидувања со Грција за името

Со Грција имаме сериозни разидувања во однос на прашањето на името, но сме согласни дека во моментот не можеме да разговараме по него бидејќи имаме различни видувања, оценува министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. „Доколку зборуваме за во однос на прашањето за името, тогаш мислам дека ситуацијата е непроменета, односно имаме сериозни разидувања, но сме согласни дека во овој период не можеме да разговараме за вака сериозно прашање кое е единственото прашање по кое имаме различни интереси, различни…

повеќе...

Руските граѓани ќе може да гласаат на изборите за пратеници на Думата и во Охрид

Во согласност со Федералниот закон од 22 февруари 2014 годинна № 20-ФЗ „За избори на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација“ и Указот на Претседателот на Руската Федерација од 17 јуни 2016 година № 291 „За именување на Пратениците во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација во нов состав“ на 18 септември 2016 година (недела) ќе се спроведат избори за пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација, информираат од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Со цел да се реализираат избирачките…

повеќе...

Средба Заев Жбогар: Гледаме напред, ги поставуваме темелите на обновата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнето оствари средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар. Од врвен приоритет за Македонија се кредибилни избори на 11 декември и стабилизација на земјата по изборите, нагласено е на средбата. „Сите напори на СДСМ се насочени кон обезбедување на слободната волја на граѓаните на Македонија. На 11 декември мора да победи и ќе победи Република Македонија. За таа цел се министрите и дополнителните заменици министри на СДСМ во техничката Влада, за таа цел партијата донесе одлука за тематски Конгрес за отворање…

повеќе...

Собранието денеска ќе ја избира преодната влада

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја избере преодната влада, која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември. Седницата сè уште не е закажана, но има најави дека ќе се одржи во 17 часот. Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици-министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство. Кандидат за министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире…

повеќе...

Предвремени избори на 11 декември, привремена влада в петок

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино вечерва се договорија на 11 декември да се одржат предвремените парламентарни избори. Четворицата лидери, задоволни од постигнатото, кажаа дека се исполнети сите услови за фер и демократски избори. Задоволни од договореното се и двајцата претставници на меѓународната заедница, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и претставникот на Европската Унија, Лукаш Холуб. Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи ги ставија своите потписи на заедничката изјава за датумот на одржување на изборите, како и за решенијата за уредник…

повеќе...

Шекеринска: Ќе отвораме работни места и тие ќе обезбедуваат достоинствен живот

Заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес при посетата на Велес, во изјава за медиумите истакна: „И денеска во Велес ги слушаме истите заложби, истите барања и истите поплаки од граѓаните кои ги слушаме низ цела Македонија. А тоа е, дека се поголем и поголем е бројот на млади кои засекогаш ја напуштаат својата татковина. Најголемиот дел се соочуваат со проблемот број еден во нашата држава, а тоа е невработеноста. Но дури и оние коишто ќе успеат да добијат работно место мака мачат да ја прехранат фамилијата, да ги платат…

повеќе...

Ќе има ли лидерска в среда: Роковите делумно пробиени, неизвесноста целосно присутна

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето на лидерската средба на која треба да се одреди датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Договорот заглави кај формирањето на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, чие комплетирање требаше да заврши пред три дена, односно на 24 август. Четворицата претставници на двете партии веќе неколку дена не можат да постигнат консензус за избор на петтиот член, кој треба да биде Албанец. Слаѓана…

повеќе...

АВМУ предлага 100-дневен изборен мониторинг на радиодифузерите, но не и на порталите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ја презентираше нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување на радио и на телевизиските станици за време на претстојните предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат во декември годинава. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски соопшти дека Агенцијата изготвила нова методологија која ќе важи само за претстојните избори и оти таа се темели на францускиот модел за постигнување политички плурализам надвор од изборни периоди. Со новите измени радиодифузерите ќе мора да обезбедат балансирано известување 100 дена пред одржување на изборите. Досега…

повеќе...

Утре ќе се избира петтиот член на ад хок телото за медиуми

Членовите на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, утре на седница ќе го избираат петтиот член кој е потребен за телото да може да почне да работи, велат за „Мета“ членови на ад хок телото. Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото мора да биде Албанец и тој се избира преку јавен повик. Последниот член на телото треба да се избере со консензус на досегашните членови, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од…

повеќе...

Дете на возраст меѓу 12 и 14 години го извршило терористичкиот напад во Турција

Бомбашот-самоубиец, кој во нападот на свадба во турскиот град Газиантеп уби 51 и повреди 100 лица, бил дете на возраст меѓу 12 и 14 години, информирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а пренесуваат светските медиуми. На местото на нападот денеска биле пронајдени остатоци од експлозивот, јавуваат локалните медиуми. Ердоган исто така изјавил дека, не прави разлика меѓу муслиманскиот проповедник во егзил Фетулах Гулен, кого го обвинува дека го организирал неуспешниот пуч на 15 јули, Работничката партија на Курдистан и организацијата Исламска држава, која според него, најверојатно стои зад овој напад.…

повеќе...