Тунтев: Гасификација на Охрид – еден од најзначајните проекти на Сојузот за иднината

На денешната прес-конференција коалицијата Сојуз за иднината го промовираше еден од најзначајните проекти што ќе ги реализира локалната самоуправа, проект за гасификација на Охрид. „Енергијата е еден од основните предуслови за развој на економијата, за создавање на здрава и предвидлива бизнис клима за инвеститорите, за зголемување на нивото на странските директни инвестиции и најбитно од се за реално подобрување на животниот стандард на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ енергетската иднина на РМ ја направи сосема неизвесна. Над 30% од потребите за потрошувачка на електрична енергија се задоволуваат преку увоз. Во изминатите…

повеќе...

Бакрачески: Овој проект ќе даде еден дополнителен импулс во заживување во туристичката понуда на Охрид

На презентацијата на најновата апликација на Министерството за информатичко општество и администрација, покрај министерот Иво Ивановски, за значењето на оваа апликација се осврна и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески. „Овој проект претставува најнепосреден и најексплицитен начин нашата јасна определба за имплементација на најновите информатичко технолошки и телекомуникациски техники во современата презентација на туристичките блага на Охрид. Со овој проект идната локална самоуправа во соработка со Министерството за информатички технологии и во соработка со институциите на владата на Република Македонија ќе овозможи јасна современа и технички олеснета презентација…

повеќе...

Сојузот за иднината ја промовира изборната програма

Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа промоција на изборната програма на Сојузот за иднината и кандидатот за градоначалник, актуелниот градоначалник Александар Петрески. Пред голем број присутни граѓани, симпатизери и поддржувачи на партијата прв се обрaти претседателот на ОО ЛДП Дејан Блажески. „Програмата сама по себе само напишана не значи ништо, нејзе треба да ја спроведат професионалци тоа сме ние, ветуваме дека ќе ја спроведеме оваа листа од народот за народот. Во секој говор зборувам за младите и пак ќе ги повикам, останете достоинствени, немојте да дозволите да ве…

повеќе...

Петрески: Моето место после 24-ти март ќе биде во кабинетот на градоначалникот како и досега

По реакцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески, возврати и Сојузот за иднината, односно актуелниот градоначалник Александар Петрески, со реакција во која стои: „Благодарам првенствено затоа што ќе го прифатат нашиот подарок, но мене не ми треба  “GPRS” затоа што моето место после 24-ти март ќе биде во кабинетот на градоначалникот како и досега, а јас се надевам дека “GPRS”-от повеќе ќе му користи на докторот, со цел, сите ние негови пациенти да можеме полесно да го лоцираме“. WebOhrid

повеќе...

Бакрачески: Мојот навигатор уредно покажува на делата и проектите што ги реализирав

Во врска со изјавата на актуелниот и кандидатот за градоначалник од Сојуз за иднината, Александар Петрески на градскиот плоштад, реагираше кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески. „Му благодарам на градоначалникот во заминување за покажаниот навигатор, се надевам дека е искрена неговата намера да ми го поклони мене и на неколку илјади граѓани на Охрид коишто упорно и безуспешно осум години трагаат по неговите осум автобуски станици, осум скијачки центри, осум катни гаражи, осум  покриени пазари и што уште не. Јас, во моето минато ниту сум се…

повеќе...

Петрески: За полесна ориентација на политичкиот противник, за тоа каде да ги држи пресовите, решивме да им донираме „НАВИГАТОР“

„И покрај нашите постојани укажувања на ДПМНЕ, за погрешната адреса на која ги одржуваат пресовите, тие и понатаму продолжуваат со аматерски грешки да ја водат кампањата. Денес повторно одржаа прес на охридското пристаниште, место пресот да го одржат пред Министерството за транспорт и врски или пак пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, – изјави на денешната прес-конференција актуелниот градоначалик на Охрид, Александар Петрески, на градското пристаниште. Како што рече Петрески, наместо да ветуваат лажни проекти, или пак на празно да критикуваат, треба да се запрашаат зошто езерото кое е под…

повеќе...

Донев: Иднината е во младите

„Сите знаеме дека иднината е во младите, кога сите се залагаме за подобри услови и подобар живот, убеден сум дека како преставник на младите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид како основен постулат ќе ја избериме Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори“, – рече на денешната прес конференција  Сашо Донев. Донев како кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, како преставник на младите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и како претседател на Унијата на млади сили, со својот кредибилитет и целосна посветеност како што казжа  ќе се залага за целосна…

повеќе...

Бакрачески: На ова место ќе изникне современо градско пристаниште

Препознатливиот дел од Охридското Езеро и од градот Охрид треба да добие лик, функција и организација како што доликува на една современа туристичка дестинација. Развојот на Охрид почива на услугите кои ги дава во туризмот и како таков треба да има локации, објекти кои што ќе ги чинат визуелните перцепции на туристите и останатите луѓе кои што доаѓаат во градот, изјави денес кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, на Градското пристаниште пред Капетанијата. „Во таа насока направивме во изминатите неколку месеци, јас како кандидат за градоначалник,…

повеќе...

Бакрачески и Точко се сретнаа со ветераните на ДПМНЕ

Кандидатот за градоначалник на Охрид д-р Бакрачески и носителот на листата Јованка Точко, денес имаа средба со Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. На средбата беше истакнат заедничкиот интерес и борба за победа на локалните избори во Охрид и беше промовирано цврсто единство и спој со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ. Посебниот респект кој се гаи кон ветераните на Партијата е стумул и патоказ и за новите сили на Партијата за единство и победнички менталитет. WebOhrid

повеќе...

Претставници на пензионерите се сретнаа со д-р Бакрачески

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески денес одржа средба со претставници на пензионерите и со пензионери од Охрид. На средбата се разгледа состојбата на пензионерите, а се разгледаа и идни потези на новата локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и д-р Никола Бакрачески, информираат од Центарот за комуникации на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. WebOhrid

повеќе...