Петрески: Се гледа кој ги прави проблемите!

„Додека ние бевме да садиме дрвца, за тоа време се прави ’ршум низ градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ и полициските сили, а каква е разликата помеѓу нас и нив можете и по тоа да увидите, затоа што додека ние садевме дрвца тие го кршеа изборниот штаб повторно во Воска, исто така затворија уште 10 тина фирми денеска, сите оние фирми компании каде што сум влезен изминативе 10 дена ги затвораат, а секако без никаков основ. Во Косел и во некои други делови од градот шетаат и делат решенија за даноци…

повеќе...

Стојаноски: Сакам да порачам до нашите политички опоненти, да имаме едни среќни, фер и успешни избори

„Реков дека уште на почетокот имавме намера, а мислам и дека сите кандидати на советничката листа го докажавме, а и нашиот кандидат за градоначалник тоа го докажуваше, дека сме спремини за една фер, позитивна и конструктивна кампања, која што би требало да се води во овој изборен циклус. Во тој контекст, бевме спремни да разговараме и со нашите политички противници, за идеи, за тоа како да го подобриме животот во градот Охрид. Меѓутоа, за жал, можеби таков беше и нивниот став, да не излегуваат на такви дуели, кои што не…

повеќе...

Бакрачески: Без разлика на оваа политичка кампања, останувам посветен на професијата

„Се наоѓаме на местото каде што на директен и непосреден начин во текот на изминатите 6 и пол години откако е отворен одделот за интервентна кардиологија беа спасени животите на илјадници, илјадници граѓани не само од Охрид, Струга, Кичево, Битола, Ресен, Дебар, туку и на граѓаните на поширокиот регион на целатата република и од граѓаните на соседните градови на Албанија“. – изјави кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“ д-р Никола Бакрачески во Заводот за Кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Бакрачески упати јасна и недвосмислена порака до сите негови пациенти,…

повеќе...

Кујтим Усеини: Очекувам широка поддршка од сите граѓани без разлика на националност

Синоќа во Охрид во салата на хотелот „Мизо“, беше претставена независната советничка листа на Кујтим Усеини. Пред присутните се обратија повеќе кандидати од независната мултиетничка листа, меќу кои и претставникот на Египќаните Арбен Демироски. „Оваа преполна сала, во која се присутни Египќани, Албанци, Македонци, Турци, македонски муслимани, уште еднаш укажува на фактот дека Охрид живее во духот на меѓуетничкото разбирање и почитување. Познато ви е дека на овие избори настапуваме со мултиетничка советничка листа на која носител е господинот Кујтим Усеини“. – рече Демироски. Како што истакна Демироски, она што…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Охрид е новиот ТАТ, предизвикан од Петрески и СДСМ

ОК на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која од партијата уште еднаш се осврнаа на како што кажаа, нелегалните активности на актуелниот градоначалник Петрески и Локалната самоуправа. „Како што наближува денот на изборите се повеќе граѓани до нас доставувaат информации  и документи за нелегалните активности на Петрески и Локалната самоуправа. Сето тоа наподполнето со последните панични реакции на Петрески и СДСМ и нивното отсуство на спомнување за иднината на Охрид се јасен сигнал дека наближува крајот на човекот и структурите кои 8 години го тероризираа Охрид. Но, истовремено на сите охриѓани…

повеќе...

Петрески: Врвот на нечистата кампања ќе биде достигнат во петок и во сабота

„Очигледно дека кампањата го достигнува својот врв, а јас мислам дека врвот на нечистата кампања ќе биде достигнат во петок и во сабота“ – вака актуелниот и кандитат за градоначалник од Сојузот за иднината Александар Петрески ја започна денешната прес-конференција. „Убеден сум, затоа што Гебелс не е жив, меѓутоа, другиот Гебелс е во градов, и убеден сум во Гебелсовите методи, со кои максимумот ќе биде даден претстојниот викенд. Исто така, убеден сум дека во петок и во сабота Охрид ќе биде преплавен со пароли, со плакати, со пишани текстови, со…

повеќе...

Сојуз за иднината: Од ваквиот однос на водење на кампања, би се срамел и покојниот Гебелс

„Манипулациите и безкрупулозното однесување од страна на политичкиот противник ВМРО – ДПМНЕ го достигнаа дното на пристојното политичко однесување и во кампањата почнаа да ги злоупотребуваат не само родителите, туку и нивните деца“. – рече на денешната прес-конференција портпаролот на ОИШ на Сојузот за иднината Дејан Блажески. Како што кажа Блажески, валканата и мизерна кампања која ја води политичкиот противник, преку своите медиумски пулени почнале да си поигруваат со достоинството и угледот на луѓето. „Вчера жртва на еден од провладините  медиуми и на центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ…

повеќе...

Бакрачески: Ве уверувам дека ниту еден ден од мандатот нема да помине, а да не се донесат мерки и одлуки во интерес на Охрид

Охрид, град во кој граѓаните ќе користат добро развиена инфраструктура и улици, град во кој ќе се спречи прекумерната урбанизација, град во кој ќе биде решено прашањето на паркинзите и цената на паркинзите. Ова се приоритетите на кои што ќе работи кандидатот за градоначалник од коалицијата за Подобра Македонија, кој како што рече на денешната одржана прес конфернеција, веднаш по првиот ден по преземањето на Локалната самоуправа во Охрид. „Има еден исклучително важен момент кој денес сакам да го соопштам на нашите сограѓани. Имено,  граѓаните на Охрид многу  добро паметат…

повеќе...

Интервју со претставниците на Египќаните, Петрит Хусеин и Демир Далип

WebOhrid: Г-дине Петрит Хусеин вие бевте легален и легитимен претседател на политичката партија Сојуз на Египќаните која сега е во мирување. Дали пред 4 години потпишавте меморандум за соработка со актуелниот градоначалник Александар Петрески, и доколку сте потпишале, колку е реализирано од тој меморандум? Хусеин: Точно така, јас бев лидер на политичката партија Сојуз на Египќани и точно дека беше потпишан меморандум за соработка со сегашниот градоначалник иако идеолошки нашата партија Сојуз на Египќани беше десно ориентирана партија. Јас денес со жалење можам да констатирам дека од тој потипишан меморандум…

повеќе...

Сојуз за иднината: Докторе Хари, вашето место би требало да е во операциона сала, каде ќе се надоградувате за она за што сте учеле

Сојузот за иднината испрати реакција на денешната прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Харалампие Шокароски, кој го обвини актуелниот градоначалник Александар Петрески дека Општина Охрид ја направил една од назадолжените во РМ. „Господине Хари, во минатото се обидовте да одржите прес-конференција на која граѓаните увидеа дека не можете да читате нити од идиот камера. Освен што, неколку пати бевте декор на пресовите на ВМРО-ДПМНЕ, а за собранието на Република Македонија и да не зборуваме, затоа што нити еднаш не се имате јавено за збор со цел да ги одбранете интересите на…

повеќе...