Петрески: Позади нив не седат дела, туку само лажни реклами и смешни изговори

Актуелниот и кандидат за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината на денeшната прес средба со медиумите, најпрво изрази голема благодарност за сите граѓани, кои како што рече самоиницијативно се појавијале на вчерашниот величествен митинг во Скопје, со што покажале и докажале дека анкетите на Павел Шатев биле лажни. „Овие избори ги одбележа ниската кампања и секојдневните посети на министрите по домовите на Охриѓани, заборавајќи дека тие треба да се во своите работни кабинети каде ќе ја работат работата за која се избрани. Оваа сабота ги видовме Спироски и Коњаноски во…

повеќе...

Блажески: Се надевам дека во теков на деновиве ќе се осмелите и нема да избегате од мегданот

Портпаролот на ОИШ на Сојузот за иднината Дејан Блажески на денешната прес-конференција се осврна на последниот прес кој се однесуваше на културното наследство и библиотеката во Охрид, кој како што рече тој, предизвикал бурни реакции. „Најголемото разочарување е тоа што, место на партиски пресови да одговараат креаторите и одгворните за ваквата политика, односно ВМРО-ДПМНЕ и нивниот изборен штаб, тоа во нивна служба го направија директорите на институциите. За една земја, која претендира да стане дел од демократското цивилизирано семејство недозволиво е на партиски прозивки, испратени директно од еден изборен штаб…

повеќе...

Бакрачески: Градот мора да има беспрекорно организирани улици и тоа ќе биде еден од нашите главни фокуси

„Додека Локалната самоуправа на Охрид и градоначалникот во заминување долги 8 години ги заборавија реалните, инфраструктурните потреби и проблеми на Охриѓани, а улиците во градот ги претворија во базени преполни со вода после првите капки дожд, времето го потрошија на креирање детални урбанистички планови и креирање на начини за експериментирање со паркинг просторите низ градот. Наместо целосни, издржани и комплетни идејни решенија и проекти,  резултатите од нивните „експертски“ преземања  беа минималните, инсуфициентни и импровизирани зафати претежно до 2009 година  со кои не само што не успеаа да одговорат на минималните…

повеќе...

Сојуз за иднината: Одговорете дали тројцата повикани ќе дојдат на јавно соочување

Во врска со прес–конференцијата на ВМРО–ДПМНЕ со реакција излезе Сојузот за иднината во која стои:  „Луѓето споменати во пресот не ги претставуваат сите категории граѓани кои ги споменувате. Меѓу другото, она што го изложи Петрески денес беа аргументи. Ништо повеќе и ништо помалку. Немојте да вршите психоанализа за нешто за што не сте компетентни. Наместо да ја замајувате јавноста и постојано да имаме вакви пресови и реакции на нив, заморувајќи ги граѓаните, одговорете дали тројцата повикани ќе дојдат на јавно соочување, каде без монтирани снимки и на раце напишани текстови…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено интерес на Петрески е бизнисот за себеси, манипулациите и лагите како идеологија

Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот за иднината, односно на актуелниот и кандидат за градоначалник Александар Петрески, реагираат од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. „Во недостиг на резултати и во недостиг на Програма, Петрески се занимава со личностите кои се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ  реагирајќи на нивното политичко делување. Наша гордост е што квалитетните луѓе дошле и активно ги спроведуваат политиките и доктрината на ВМРО-ДПМНЕ .  Преку овие наводни напади кај Петрески се јавува фројдовскиот синдром и всушност се опишува себеси како човек кој нема доктрина ни идеологија и има…

повеќе...

Петрески: Еве ја програмата во нов поголем формат, дури им ставивме и слики за да видат што се дела

„Сакам да ви ја покажам програмата во нов формат, бидејќи таа програма која пред извесен период ја покажавме им била со ситни букви, и не можеле да читаат. Сега им ја направивме во поголем формат на политичките противници. Дури им ставивме и слики. Ако не сакаат да читаат, или ако не можат да читаат, им ги ставивме сликите, и да видат што се дела“. – се осврна на денешната прес-конференција актуелниот и кандидат за градоначалник Александар Петрески. Како што истакна Петрески, граѓаните ова секојдневно го гледаат, ги користат сите овие…

повеќе...

Сојуз за иднината: ВМРО-ДПМНЕ може најмалку да зборува за културното наследство во Охрид

На денешната прес-конференција портпаролот на ОИШ на Сојузот за иднината Дејан Блажески рече дека вчера на една од трибините од ВМРО-ДПМЕ, се дрзнале да проговорат пред граѓаните на Охрид за некакво културно наследство и пред да продолжат со нивните нереални ветувања, прво да одговарат пред охриѓани на некои прашања. „За какво културно наследство расправаат кандидатот за градоначалник и неговите пулени, кога во Заводот за заштита на културно наследство нема вработено ниту еден активен археолог?! Според нашите информации, а за огромна жал на охриѓани, Заводот за заштита со културното наследство деновиве…

повеќе...

Бакрачески: И после 8 години локалниот економски развој е се уште на ниво на хипотези, теории и некакви дисертации

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески, денес одржа прес-конференција. На конференцијата д-р Бакрачески ја обвини Локалната самоуправа, за како што кажа тој, во изминатите 8 години локалниот економски развој е се уште на ниво на хипотези, теории и некакви дисертации. „Долги 8 години во Локалната самоуправа кај луѓето кои што се задолжени да го водат овој сектор, се уште не гледаме ниедна реална инвестиција, не гледаме ниту желба, ниту активност, а ниту било каква реална стратешка рамка за тоа како да се однесуваме кон постојаните инвестициски…

повеќе...

Бакрачески не се срами од Египќаните и ќе им ја возврати нивната доверба и поддршка

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески синоќа оствари средба со Египќаните, на која што и официјално Египќаните му ја дадоа нивната целосна доверба и поддршка. На средбата на присутните Египќани најпрво им се обрати кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески. „Повторно сум овде меѓу свои многу блиски пријатели, свои блиски комшии, меѓу луѓе во кој што и јас се поистоветувам, меѓу луѓе со кои што сум израснал, сум ги поминал своите детски денови. Среќен сум што денес ги гледам вашите лица насмеани, ведри, расположени…

повеќе...

Сојуз за иднината: ВМРО-ДПМНЕ е онаа партија која најмалку има право да зборува за непотизам

Во врска со прес-конференцијата на ВМРО–ДПМНЕ во однос на непотизмот, Сојузот за иднината испрати реакција до медиумите во која стои: „ВМРО–ДПМНЕ со изјавите за некаков непотизам, на граѓаните практично им покажа школски пример за иронија. ВМРО–ДПМНЕ е онаа партија која најмалку има право да зборува за непотизам. Колку за потсетување пред граѓаните ќе истакнеме мал број на примери на непотизам од страна на владеачката партија. Имено, Република Македонија во заложништво ја држи Никола Груевски заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков. Исто така, еден од многуте охридски примери на непотизам е…

повеќе...