Четвртиот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал на 17-ти Декември (вторник) ќе се одржи и во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 20:00 часот во големата сала. Фестивалот е во организација на КТ Филм и Медиа продукција од Скопје и со поддршка од Филмски Фонд на Македонија. Генерални партнери на фестивалот се T-Mobile и T-Home. Мобил Фестивал како и изминатите години патува низ другите градови во Македонија, на фестивалот има 2 програми, натпреварувачка и ревијална, инаку фестивалот е интернационален и има…
повеќе...Tag: кино
„Умри машки“ ќе се прикажува во Центарот за култура
Во соработка со „Театар Солза и Смеа“- од Битола, во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, во петок 13-ти и сабота 14-ти декември, со почеток во 20 часот премиерно ќе се прикажува филмот „Умри машки“- трилер комедија, во режија на Александар Димитровски. Картите се во продажба на билетарата во Центарот за култура, а влезот чини 100 денари.
повеќе...Наскоро во Центарот за култура „Витезот Расти“
Наскоро во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се прикажува германскиот анимиран филм „Knight Rusty“. Витезот се наоѓа во авантурата на својот живот: само што се исполни неговиот сон да освои голем турнир, лажно е обвинет за кражба. Лишен од голема чест и дворец, тој пробува да се извади и да го врати срцето на својата девојка. Може ли да го победи злобниот принц и да го зачува своето царство? „Витезот Расти“ е интересна комбинација од средниот век, приказна за рециклирање и необични личности. Во склоп на многу…
повеќе...Од утре до петок во Центарот за култура ќе се прикажува филмот „In The Fog“
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, од утре (вторник) до петок (29 ноември) со почеток од 20:00 часот ќе се прикажува филмот „In Тhe Fog“. Влезот чини 50 денари.
повеќе...Филмот „Lore“ ќе се прикажува во Центарот за култура
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид од денес до петок ќе се прикажува филмот „Lore“. Почетокот на проекциите е во 20:00 часот, а влезот чини 50 денари.
повеќе...Наскоро ревија на руски филмови во Центарот за култура
Започнувајќи од 11-ти ноември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со Филмски фонд на Р. Македонија ќе се прикажуваат циклус ревија на Руски Филмови. Почетокот на кино проекциите е во 20:00 часот, а влезот е слободен.
повеќе...Филмот „Лов на мали грабливци“ ќе се прикажува во Центарот за култура
Од 29-ти октомври (вторник) до 1-ви ноември (петок) на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 20:00 часот ќе се прикажува филмот „Лов на мали грабливци“. Приказната во „Лов на мали грабливци“ раскажува за Михаил со прекар Лимката кој е безнадежно вљубен и има проблем во комуникацијата со врсниците. Тој се запознава со група тинејџери и заедно со нив наивно решаваат да заработат лесни пари. Младите воопшто не се сомневаат дека еден странец со темно минато и проблематична сегашност ќе им ги преобрази…
повеќе...Филмот „Плеј Оф“ ќе се прикажува во Центарот за култура
Во текот на следната недела на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се прикажува филмот „ПЛЕЈ ОФ“ од Еран Риклис. Кино проекциите започнуваат на 22-ри, 24-ти и 25-ти октомври со почеток во 20:00 часот. Влезот чини 100 денари.
повеќе...Во Центарот за култура ќе се прикажува филмот „Котловина“
Од утре, 15-ти октомври (вторник) до 19-ти октомври (сабота) на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се прикажува филмот „KOTLOVINA“. Почетокот на проекциите е во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари.
повеќе...Утре во Центарот за култура ќе бидат промовирани два документарни филмови
По повод 11 октомври за утрешната промоција на документарните филмови „ОХРИДСКИ БРИЉАНТИ“ на авторот Ѓоко Симјаноски и „КИНО ОХРИДСКО ЕЗЕРО“ на авторот Љупчо Паункоски, директорката на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Драгана Боцеска, заедно со самите автори одржа прес средба со новинарите. „Овие филмови обработуваат теми од животот, културно забавниот живот во градот Охрид, во едно минато време. Во нив се вклучени луѓе кои што до ден денес се живи и кои што дале свој прилог во културата, забавата, пред повеќе години“, – истакна на денешната…
повеќе...