Вложување напор за да се постигне правичен, флексибилен, долготраен и инклузивен правно обврзувачки договор за климата по 2020 година, како и посветување кон климатските промени за коишто се потребни итна соработка и акција на глобално, регионално и национално ниво, се дел од обврските во „Декларацијата од Скопје“, која денеска беше потпишана на министерска конференција: „Кон климатскиот самит во Париз 2015, предизвици за државите членки на ЦЕИ“ во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. Домаќинот на конференцијата, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во своето…
повеќе...Tag: клима
Бањско климатска рекреација успешно се спроведува во 2015 година
Бањско климатска рекреација успешно се спроведува во 2015 година Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов денес ги посетија пензионерите кои ја користат услугата бањско-климатска рекреација во здравствена установа природно лекувалиште “Негорски бањи“ АД Негорци Гевгелија. Спасов посочи дека е задоволство кога ќе се видат на едно место толку среќни и насмеани луѓе, притоа нагласи дека токму тоа дава потик да се продолжи со реализација на проектите коишто се насочени кон…
повеќе...Развивање на билатералните агенди во справување со климатските промени
Во рамките на посетата на Турција и учеството на EКO Конференцијата за климатски промени, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири договори и оствари билатерални средби со министерот за животна средина и урбанизација на Турција, потоа со министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, како и со министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан. Во билатералните средби е разговарано за продлабочување на соработката на државите не само во областа климатски промени и поставување на цели во намалување на националните емисии на стакленички гасови, туку и…
повеќе...Турција: ЕКО Конференција за климатски промени
Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири присуствуваше и зборуваше на состанокот на високи претставници на земјите членки на ЕКО Секретаријатот (Economic Cooperation Organization), на балканските држави и на интернационалните организации, што се организираше во рамките на EКO Конференцијата за климатски промени која од 25-27 март се одржува во Сафранболу во Турција. Во овој висок сегмент од конференцијата, министерот Изаири ги презентираше досегашните и идни акции на Македонија за намалување на емисиите на стакленички гасови и за справување со климатските промени, а во контекст на активности што…
повеќе...Одржан првиот состанок на Секторската работна група за животна средина и климатски акции
Денеска во Скопје се одржа првиот состанок на Секторската работна група за животна средина и климатски акции, на кој се дискутираше за најновиот развој во политиката на планирање во секторот животна средина и климатски промени, како и за други активности кои ги имплементира Министерството за животна средина и просторно планирање. Основна цел е да се идентификуваат приоритетите, а во исто време и да се зголеми влијанието и ефикасноста на донаторската помош обезбедена за овој сектор. Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, во своето воведно обраќање ја поздрави…
повеќе...Ставрески: Македонија предвреме го отплати долгот кон ММФ
Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со вчерашната трансакција во Вашингтон, префрлена е и последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари. Со тоа, како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, а подобрен е и имиџот на земјата зашто се намалени јавниот и државниот долг за 1,7 процентни поени. Кредитот во износ од 312 милиони долари беше земен во 2011 година, а почна да се враќа…
повеќе...Македонија е фокусирана на овозможување добра бизнис клима
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски се обрати на отворањето на глобалниот престижен самит “Вибрант Гуџерат” кој од 11 до 13 јануари се одржува во градот Ахмадабад, Република Индија. Станува збор за реномиран и угледен самит чија цел е зајакнување на економските врски, продлабочување на економската и политичка соработка и унапредување на индустријата и трговската размена меѓу државите. Самитот го отвори премиерот на Република Индија, г-дин Нарендра Моди, а меѓу учесниците на овој самит беа и генералниот секретар на Обединетите Нации, г-дин Бан Ки Мун, државниот секретар на…
повеќе...Климатските промени се еден од најважните настани на глобално ниво
Пратеникот и претседател на ДОМ, г-ѓа Лилјана Поповска и пратениците г-ѓа Лилјана Затуровска, г-ѓа Шпреса Хадри, г. Сашо Василевски, г-ѓа Соња Талевска, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, г-ѓа Солза Грчева и г-ѓа Мирсада Емини-Асани, одржаа работен состанок со г. Доминик Готиер, прв советник во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и г. Себастиен Ботре Бонетре, аташе за соработка во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и со г. Антонио Јовановски, претседател на Еколошкото здружение Гоу Грин, на тема Климатски промени. Пратеникот Лилјана Поповска во поздравното обраќање истакна дека на овој…
повеќе...Ставрески: Потврдата на Фич е признание за владините политики
Потврдата на стабилниот кредитен рејтинг на Република Македонија од една од најреномираните агенции во светот „Фич“ е признание дека макроекономските политики се стабилни, со добра солидна стапка на раст на економијата, движена од градежништвото, високите капитални инвестиции од буџетот и средствата вложени од странските компании, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Истакна дека тоа е одлична вест бидеќи само во изминатите неколку месеци Фич и Стандард и пурс ги намалија кредитните рејтинзи на повеќе земји во регионот како Хрватска, Словенија, па и пошироко на Украина, Русија, Турција… „Задоволни…
повеќе...Македонија прва во регионот го изработи Третиот план за климатски промени
Македонија го изработи Третиот национален план за климатски промени со што стана првата земја во регионот што има изработено трет ваков документ. Во него се содржани препораки и мерки за адаптација кон климатските промени и обезбедување на зелен развој на локално, државно и регионално ниво. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој е и претседавач на Советот за одржлив развој, енергетската политика и политиката на здрава животна средина се еден од приоритетите на македонската Влада. „Прашањето за климатските промени и одржливиот развој се високо на политичката агенда на Владата.…
повеќе...