НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и годинава го организира општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овој натпревар имаат учениците и членовите на Библиотеките од Основните училишта од градов и околината. Натпреварот ќе се одржи на 10.10.2013 година во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 10 часот. Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од 1 час (60 мин.). Прашањата ќе бидат формулирани според содржината во прирачникот „млади библиотекари“ од Миле Бошески, а истиот заинтересираните ученици…
повеќе...Tag: книги
„Инферно“ од денеска во Охридската библиотека
„ИНФЕРНО“ – светски познатиот наслов на авторот Ден Браун – од денеска во Охридската библиотека. Покрај оваа книга, Библиотеката го збогати книжниот фонд со многу нови наслови. Членовите на Библиотеката од денеска може да ги изнајмуваат: „Момчето во пижами на риги“ од Џон Бојн, „Роза за балерината“ од Лурин Мек Даниел, „Рајот може да почека“ од Кели Тејлор, „Гостинот на папата“ од Владимир Волков, „Невеста во Борџии“ од Џин Калогридис, „Ракописот од Арка“ и „Вештицата од Портобело“ од Пауло Коелјо, „Девојката од Рускиот кварт“ и „Пламен од истокот“…
повеќе...Утре средба со Емир Соколовиќ
Утре, 12 септември, во 18 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи средба со писателот Емир Соколовиќ од Босна и Херцеговина. Во рамките на средбата предвидено е предавање на тема: „Книжевноста и книгата денес“. Присутните ќе имаат можност да постават прашања или да поведат дискусија на посочената тема. Емир Соколовиќ (Зеница, 1961) е писател, драматург и поет. Дебитирал со „Каде и зошто“ – двојазична збирка поезија, во 1983 година во Италија. Други негови дела се: „Тогаш беше трска“ (поезија, 1998), „Парис – или…
повеќе...Ќе се казнат наставниците кои ги задолжуваат родителите да набават дополнителна литература
Ќе се казнат сите наставници кои ги задолжуваат учениците и родителите да обезбедат дополнителен материјал и стручна литература, кои не се во склоп на бесплатните учебници кои ги обезбедува Министерството за образование и наука, истакна на денешната прес конференција министерот Спиро Ристовски. Концептот за бесплатно образование за учениците во основните и средните училишта е воведен во 2009/2010 година, со што во континуитет се обезбедуваат бесплатни учебници со директна достава до училиштата, за сите генерации, додаде ресорниот министер. „Јас во оваа прилика би потенцирал дека одобрените и дистрибуирани учебници од страна…
повеќе...Утре ќе биде промовиран романот „Шени Ен“ од Мирко Томовски
По повод 8-ми септември, денот на независноста на Р. Македонија, утре со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ќе биде промовиран романот „ШЕНИ ЕН“ од Мирко Томовски. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Мерсиха Исмајлоска.
повеќе...Охридската библиотека го збогати книжниот фонд со многу нови наслови
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со многу нови наслови: – „Исчекувањата“ – Кејтлин Мекгован – „Сите соништа на светот“ – Тереза Ревај – „Инстинктот на сртта“ – Џед Рубенфелд – „Сега и засекогаш“ – Даниела Стил – „Злоба“ – Даниела Стил – „Куќа“ – Даниела Стил – „Крај на летото“ – Даниела Стил – „Почетничка“ – Даниела Стил – „Прашањата на срцето“ – Даниела Стил – „Сјај во окото на звездата“ – Лилјана Хабјановиќ Ѓуровиќ – „Кодот на Алтман“ – Роберт Алтман – „Запис на…
повеќе...Утре ќе биде промовирана книгата „Раскази под Исарот и вон“ од Цвета Спасикова
Утре (петок), со почеток во 18:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата „РАСКАЗИ ПОД ИСАРОТ И ВОН“ од Цвета Спасикова.
повеќе...Промовирани 12 нови наслови од проектот за превод на илјада стручни книги
Нови 12 наслови од владиниот проект за превод на 1.000 стручни книги, кои се користат на првите 10 рангирани универзитети во светот според Шангајска листа, беа промовирани денеска, со што вкупниот број преведени, отпечатени и дистрибуирани учебници од овој проект достигна 821. На денешната промоција, 48-ма од почетокот на проектот во 2009 година, беа претставени изданија од областа на претприемаштво и иновации, медицина, ветерина, правни и економски науки, земјоделство… Проектот е 80 отсто реализиран и во план е да биде заокружен до крајот на годинава. Премиерот Никола Груевски на промоцијата…
повеќе...Расказот „Трансакција“ добитник на наградата „Живко Чинго 2013“
По објавувањето на општинскиот литературен конкурс за најдобар расказ „Живко Чинго“ за 2013 година, распишан од страна на Општина Охрид, пристигнаа 48 раскази од кои 2 не ги исполнија условите на конкурсот. Откако истече рокот за доставување на расказите градоначалникот Никола Бакрачески донесе решение за формирање на жири комисија која имаше за задача да изврши избор на најдобар расказ. Жири комисијата составена од Славе Ѓорѓо Димоски како претседател и Ирена Бачиќ и Зоран Јакимоски како членовин донесе одлука наградата „Живко Чинго“ за 2013 година Општина Охрид да му ја додели…
повеќе...Охридската библиотека ги доби книгите од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници“
НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ги известува корисниците на своите услуги, дека ги доби книгите од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници“ од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија. Овие книги се донација од Владата на Република Македонија. Покрај овие Библиотеката ги доби и книгите од капиталниот проект на Министерството за култура „Ѕвезди на светската книжевност“. Во петок (5 јули) во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток…
повеќе...