НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови. „Во потрага по мртвата принцеза“ од Кенизе Мурад, „Бадалпурска градина“ од истиот автор, „Двојна измама“ од Џејмс Патерсон, „1Q84“ од Мураками, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд се само дел од новите наслови кои од денеска може да се изнајмат од Библиотеката. Комплетен преглед на сите нови книги, читателите може да добијат на веб страната на Библиотеката www.bibliotekaohrid.mk Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен од Министерство за култура на РМ.
повеќе...Tag: книги
Книги од над 600 значајни македонски автори достапни на интернет-страницата makedonika.mk
Дванаесет книги од значајни македонски автори од денска се достапни на интеренет-страницата на „Македоника“, една од најголемите дигитални библиотеки во регионот и единствена која е достапна бесплатно. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, по посетата на е-библиотеката по тој повод, изјави дека станува збор за проект од Програмата за поддршка на електронското издаваштво како своевиден тренд во светското издаваштво. „Особено радува фактот што електронското издаваштво, дигиталната публикација на книги, списанија и друго, е еден светски тренд кој што во Република Македонија навистина застанува на здрави нозе. Министерството за култура континуирано во рамките…
повеќе...Во среда промоција на книгите „Златно јаболко“ и „Кодот Ма“ од Маргарита Китан Ивановска
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во среда, 29-ти јули, ќе бидат промовирани две книги „Златно јаболко“ и „Кодот Ма“ од авторката Маргарита Китан Ивановска. Изложбат ќе биде отворена во Изложениот салон при Центарот за култура со почеток во 20:00 часот. Инаку Китан Ивановска е дипломиран филолог, македонист и книжевник од Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје.
повеќе...Градската библиотека ќе врши продажба на дела од капиталните едиции
Во следниот период НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе врши продажба на дела од капиталните едиции: „Ѕвезди на светската книжевност“, „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ дел од едицијата „Македонски искушенија“ како и изданија од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“. „Преку оваа продажба читателската публика може по многу прифатлива цена да ги набави публикациите од гореспоменатите едиции. Просечна цена, на пример, на една книга од едицијата „130 тома македонска книжевност“ изнесува 157,00 денари, а на 10 месечни рати…
повеќе...Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека
„Козметика на непријателот“ од Амели Нотомб, „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо, „Ако не постои утре“ од истиот автор се само дел од насловите кои од денеска читателите може да ги изнајмат од охридската библиотека. Книгите се купени со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, а комплетен преглед на сите нови наслови, читателската публика може да најде на веб страната на Библиотеката НУ Библиотека Охрид.
повеќе...Капиталните едиции во продажба
Сите капитални едиции промовирани во последните неколку години и сите поддржани изданија во Годишната програма на Министерството за култура може да се купат во пет библиотеки во Македонија … Делата се достапни во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во универзитетските библиотеки „Св. Климент Охридски“ од Битола и „Гоце Делчев“ од Штип и во библиотеките „Кочо Рацин“ од Тетово и „Григор Прличев“ од Охрид. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска информира дека иако овие едиции се дел од библиотечните фондови на националните институции, нивната интенција е книгите да…
повеќе...Отворена првата „Библиотека на плажа“ во Дојран
Денес и официјално се отвори првата „Библиотека на плажа“. Пред присутните новинари и посетителите, градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов го поздрави овој проект и соопшти дека од денес сите љубители на пишаниот збор ќе може бесплатно и книжевно да уживаат на Градската плажа во Дојран. „Чест ми е што денес на Градската плажа во Дојран се отвора Првата Библиотека на плажа. Покрај многуте културни случувања ова лето во Дојран, покрај инвестирањето во плажите и подобрувањето на сместувачките капацитети, ова е само чекор до целта, а тоа е во Дојран…
повеќе...Нови десет изданија од проектот антологии на македонската литература на шест јазици
Нови 10 тома од проектот Превод на антологии на македонската книжевност на шест странски јазици, кој го реализираат Владата на РМ и Министерството за култура, беа промовирани денеска. Се работи за сублимиран приказ на репрезентативен избор од најдоброто од македонските литературни дела кои интегрално беа објавени во едицијата „135 тома македонска книжевност“, а потоа во целост преведени и на англиски јазик. Антологиите на дела од поезија, роман, расказ, драма, есеј, книжевна критика и литература за деца, се објавуваат на француски, германски, шпански, руски, арапски и на кинески јазик. Ова беше…
повеќе...До крајот на годината, македонската книжевност ќе биде претставена на саемите на книга во Франкфурт, Софија и Истанбул
Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржи во периодот од 14 до 18 октомври, е, несомнено, најзначаен меѓународен саем на книгата во светски рамки со застапеност на речиси сите значајни субјекти во издавачката дејност, како и на сите релевантни институции поврзани со издаваштвото, фондови за превод и публикување, национални штандови, библиотеки итн. Република Македонија на оваа 66-та значајна саемска манифестација ќе ја претставува Здружението на издавачите и книжарите на Македонија од Скопје. Покрај промоција на творештвото на реномираните автори од Република Македонија пред многубројните странски издавачи, преведувачи,…
повеќе...Нови 60 аудио книги за лица со оштетен вид
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, министерот за култура Елизабета Канческа-Милеска и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица Жарко Селкоски промовираа 60 нови наслови на аудио книги од Проектот „400 Аудио книги за лица со оштетен вид“. Новите аудио книги се лектири од основното и средното образование, детски приказни, научна литератира, книги за историјата на Македонија и бестселери. Аудио книгите, како што најави на промоцијата министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, ќе им бидат отстапени на НУБ „Климент Охридски“ по пет копии од секој наслов,…
повеќе...