Под мотото „Саемот на книгата-саем за љубовта кон пишаниот збор“ синоќа во Метрополис арената свечено беше отворен 26-от меѓународен Саем на книгата … На отворањето на Саемот кој годинава се одржува под покровителство на Министерството за култура, автори, издавачи како и министерката Елизабета Канческа-Милевска оставија пораки посветени на љубовта кон пишаниот збор. Саемот за отворен го прогласи професорот и филозоф Ферид Мухиќ кој од името на творците нагласи дека книгата е вечна и ги надраснува сите цивилизации. Пред присутните се обрати и Горјан Лазаревски, претседател на Здружението на издавачи на…
повеќе...Tag: книги
Охридската библиотека го одбележа Меѓународниот ден на книгата за деца и млади
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и годинава го одбележа 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба со писателот Тоде Илиевски, член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година. „Денеска е 2-ри април, меѓународен ден на детската книга, многу земји се членови, меѓународната организација, светски совет на детската книга, меѓутоа Македонија не е членка сеуште, и јас за таа условно да речам неправда или…
повеќе...Охридската библиотека ќе го одбележи Меѓународниот ден на книгата за деца и млади
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и оваа година ќе го одбележи 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба со писателот Тоде Илиевски, член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година. На средбата ќе бидат претставени одбрани песни од стихозбирките: „Ведро едро“ (1990), „Изворите во горите“ (1999), „Липов чај“ (2009) и „Ќерката на поетот“ (2011), по што ќе следи разговор со писателот.
повеќе...„Што навистина учи библијата“?!
Не дека никој не ги забележува овие улични продавачи и пропагатори на книги со теми од христијанското учење, но интересно е да се запознаат кои се овие луѓе и во чие име и со каква цел ги нудат бесплатно убаво вкоричените книги со провокативен наслов: „Што навистина учи библијата“?! Кој, всушност, и за колку пари ја отвора библијата и се обидува да ја измени нејзината содржина и суштина?! Македонската православна црква има ли свој одбранбен механизам против ваквите различни или сосема спротивни учења?! WebOhrid
повеќе...Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека
Наскоро корисниците на услугите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе имаат можност да ги изнајмуваат книгите „Ромски фолклор“, „Етнички и културни карактеристики на ромите“ и „Граматика на ромскиот јазик“ од д-р Трајко Петровски – научен советник во Институтот за фолклор од Скопје. Покрај овие наслови, Библиотеката го збогати фондот со повеќе нови книги: „Септемвриски светлини“ – Карлос Руиз Зафон, „Љубовникот на куртизаната“ – Габриела Ким, „На бал со кралот“ – Розалинд Лејкер, „Допирот на музиката“ – Дафне Калотеј, „Кој тропа на прозорецот“ – Линвуд Баркли и многу други.…
повеќе...Утре ќе биде промовирана книгата „Ехото на душата“ од Ленче Ристеска
Во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, утре ќе биде промовирана книгата „ЕХОТО НА ДУШАТА“ од авторот Ленче Ристеска. Промотори на книгата се Љубица Чифлигароска и Ленче Николоска. Почетокот на промоцијата е во 13:00 часот. Во 14 часот ќе се продолжи со литературно читање во црквата „Св.Петка“ во Велгошти.
повеќе...Промовирани монографии за Пере Тошев и Апостол Петков
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, вчера присуствуваа на промоцијата на монографиите за македонските револуционери Пере Тошев и Апостол Петков како дел од едицијата „Македонски дејци“. Целта на едицијата е одблизу да ги претстави делата на триесетина македонски револуционери кои ги положиле своите животи за слободна и независна Македонија, а кои досега биле табу тема, или пак намерно изолирани од некој претходен систем на вреднување на нивните заложби. „Издавањето на монографиите пак, фрлаат ново светло на овие значајни ликови од нашата историја, прикажувајќи…
повеќе...„Во Преграб на Мигот“ – нова книга на охридскиот поет Пере Ристески
Во преграб на мигот е насловот на третата стихозбирка од Пере Ристески, што деновиве се појави во издание на „ИРИС ПРИНТ“ – Струга. Во книгата се содржани 25 песни поделени во 3 циклуси, и тоа: Еден бистар проѕирен миг, Еден миг потоа и Еден последен миг. Како рецензент на стихозбирката со свој критички осврт кон миговите на Пере Ристески се јавува литературниот критичар, есеист и поет Науме Радически, кој вели: „Во и со сите негови лирски својства, Ристески максимално го згуснува својот изразен, зборовен материјал, до агористичност, а со тоа…
повеќе...Промовирана книгата „Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка“
Денес во Велгошти беше промовирана книгата „Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка“ од авторот Вангелко Лозаноски. „Ова беше голема идеја да ви кажам искрено, затоа што јас пред 10 години на ова поднебје контактирав со манастирот и имав можност да се запознаам со многу работи за манастирот и за народот од ова поднебје“, – рече авторот Вангелко Лозаноски. Идејата да се напише книгата „Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка“ се убавините на Велгошти и на манастирот Света Петка. „Идејата да се напише ова прекрасно дело, да се опише…
повеќе...Преведените учебници од проектот „1000 книги“ може да се купат
Примероци од странските учебници преведени на македонски јазик од капиталниот проект на Владата на РМ може да се купат во продавниците на издавачките куќи што ги објавуваат. Министерот Спиро Ристовски соопшти дека учебниците се во комерцијална продажба во книжарниците на издавачите кои се вклучени во проектот (како Просветно дело, Култура, Три…) и апелираше до студентите, професорите и до сите граѓани да ја искористат можноста да ги набават изданијата за кои се заинтересирани. „Цените ќе бидат различни, но многу прифатливи. И самите издавачи имаат интерес да продадат што повеќе книги од…
повеќе...