Активности на екипите на „Паркови и зеленило”

Во изминативе неколку дена екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” почнаа со активности околу уредување на дрвата во градинките со сечење на израснатите гранки кои надвисуваа над објектите и коловозот, велат од претпријатието. Додаваат дека екипите ги чистеа тротоарите од израснатата трева и се садеа нови садници на кружниот тек кај Охридска Банка.

повеќе...

Собрани 30 вреќи отпад од улицата „Марко Цепенков“

По налог на комуналната инспекција денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комналец” ја исчистија десната страна покрај ул. „Марко Цепенков” во тревнатиот дел на потегот од поштата до пресекот со ул. „Момчило Јорданоски” паралелно со градската болница. „Беа ангажирани 4ца работници и собрани околу 30 вреќи комунален отпад и кабаст отпад депониран од страна на населението.“ Повторно апелираме до граѓаните да не го расфрлаат отпадот и да го депонираат на местата предвидени за тоа.“- велат од претпријатието. ЈП „Охридски Комуналец” врши бесплатно подигнување на кабаст отпад од дома, во…

повеќе...

Се расчистува влезот на Охрид

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” по налог на комунална инспекција расчистуваа на влезот на Охрид кај “петљата”, расфрлан и намерно депониран комунален отпад, при што беа ангажирани 4ца комунални работници. Од претпријатието со апел до населението да не создаваат диви депонии, отпадот да се депонира во депонија ако е во поголеми количини или граѓаните можат да се јават кај службите на ЈП „Охридски Комуналец“ за подигнување на истиот.

повеќе...

Акција за расчистување на патот од Косел до Вапила, Сирула и Ливоишта

Денес екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за чистење на локалниот пат на потегот од с.Косел се до селата Вапила, Сирула и Ливоишта. Оваа акција беше по налог на комуналната инспекција во соработка со месните заедници од истите села. „Беа подигнати околу 30тина вреќи расфрлан комунален отпад. Повторно апелираме до месното население да не го расфрлаат комуналниот отпад, да го депонираат на местата определени за тоа бидејќи благовремено ЈП „Охридски Комуналец“ врши подигнување на истиот во деновите одредени за тоа.“- велат од претпријатието.

повеќе...

Акција за расчистување во населба Гоце Делчев

По налог на комунална инспекција вчера екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец” ја исчистија  депонијата создадена од околните куќи во населбата Гоце Делчев (под бараките). „Ангажирани беа 4ца работници при што беше собран 1 трактор отпад.“– велат од претпријатието. Од претпријатието, со апел до околното население, отпадот да го депонираат на местата наменети за истиот. Овие акции се спроведуваат со цел подигнување на еколошката свест кај населението.

повеќе...

Расчистен патот до Орман

Во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна Хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец“ го исчистија патот од „Туристичка“ до селото Орман од расфрланиот комунален отпад. „Ангажирани беа 4 работници и беа собрани 20тина вреќи комунален отпад.“- велат од претпријатието. Од претпријатието со апел до месното население отпадот да го депонираат до местата предвидени за тоа, бидејќи благовремено се подигнува истиот. Вакците акции се организираат со цел подигнување на поголема свест кај населението.

повеќе...

Се расчистуваше спустот на градското пристаниште

Денес екипите на „РЕ Механизација” и „Јавна Хигиена”при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа спустот кај градското пристаниште. „Подигнати се околу 6м кубни песок и камења, како последица на невремето проследено со јужен ветер. Ангажирани беа специјална машина ИЦБ, ФАП и двајца работници.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

Се реализира последната фаза од хортикултурното уредување на „Димитар Влахов“

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализираат последната фаза од хортикултурното уредување на улицата „Димитар Влахов“, со која се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот од лигуструми, информираат од претпријатието. Во последната фаза ќе се уреди дрворедот на потегот од централната градинка „Јасна Ристеска“ до пресекот со улица „Јане Сандански“. Со уредувањето, покрај поставувањето на украсни штитници е опфатено и поставување на систем за наводнување и засадување на украсни нискостеблести земзелени грмушки и сезонско цвеќе. Следна активност на ЈП „Охридски Комуналец“ во согласност со…

повеќе...

Екипите на „Јавна хигиена“ го расчистија кејот

Изминативе денови екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ беа вонредно ангажирани на градскиот кеј и градското пристаниште. „Променливото време проследено со силен ветер од јужен правец и големи бранови секојдневно во крајбрежниот појас наталожуваа огромни количини од комунален отпад и разградлив био отпад (трски, реси и др.). Остатоци од пластични шишња, најлон кеси, картонска амбалажа и др. пливаа во езерските води од каде нашите служби со вонредни напори секојдневно ги расчистуваа и подигаа. Пешачката зона од кејот секојдневно се метеше од наносите од муљ, трска и друг вид…

повеќе...

Расчистен кејот по силниот ветер

Невремето проследено со силен јужен ветер и големите бранови, наталожија огромно количество отпад по крајбрежието на охридскиот кеј. „Големи количини од тешко разградлив отпад (пластика, хартиена амбалажа и најлони кеси) езерскиот бран имаше наталожено покрај пристаништето, како и во близина на старото пристаниште кај х.Палас. Пешачката зона на охридскиот кеј беше прекриена со песок и трска. Подигнати се 8 м3 разновиден комунален отпад, а кејот е темелно расчистен и вратен во нормална состојба. Овие слики станаа вообичаени после силен јужен ветер, но со нив станува се` поевидентна и негрижата кон животната…

повеќе...