Трактор преполн со отпад излета во провалија во Коњско

Денес околу 11:00 часот во охридското село Долно Коњско, на удолницата веднаш до училиштето „Св.Наум Охридски“, трактор од „Охридски Комуналец“ со преполна приколка отпад заврши во провалија, а притоа „скина“ и една бандера. За среќа, учениците беа на час. На лице место пристигна амбулантно возило, а возачот иако без видни повреди, превентивно беше пренесен на понатамошни лекарски прегледи. Нешто по 15 часот, тракторот беше извлечен од провалијата, а бандерата беше прицврстена со бетонска подлога. WebOhrid

повеќе...

Утре акција за подигнување кабаст отпад во УЗ 8 „Билјанини Извори“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ 8„Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Активности на екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Во текот на неделава, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија дворот на ОУТУ „Ванчо Питошески“ како и зелената површина на кејот во близина на училиштето. Засадено е сезонско цвеќе и декоративни грмушки. Во рамките на Програмата за одржување на јавна чистота за оваа година, во овој период секојдневно се реализираат активности за расчистување на крајбрежниот појас покрај кејот, на потегот од х.Палас до х.Милениум каде се наталожуваат наноси од реса, трска, муљ и комунален отпад, информираат од претпријатието. „Се коси тревниот дел покрај коловозот…

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад во УЗ 1 „Стар Град“

Согласно испланираниот работен календар за 2015 година, ЈП „Охридски Комуналец” – Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање.  ЈП „Охридски Комуналец” – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ 1 „Стар…

повеќе...

Хортикултурно уреден плоштадот кај Музичкото училиште

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија новиот плоштад кај Музичкото училиште „Методи Патче“. Активностите околу уредувањето на зеленилото се реализираа етапно и беа опфатени повеќе зелени катчиња на овој локалитет. „Се уредија зелените површини на влезот во плоштадот од страна на сообраќајницата на пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Јане Сандански“: се реконструираа површините со нанесување на нов слој на плодна земја, се постави систем за наводнување, декоративен камен и се засадија декоративни зимзелени грмушки. Се формираа зелени појаси околу дрворедот по „Булевар Туристичка“ каде…

повеќе...

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ расчистуваа во Св.Стефан, Горица 3, Елшани и Пештани

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ денес го расчистуваа просторот во близина на плажата „Горица 3“, паркинг просторот и пристапните патеки. „Од паркингот и од тревниот дел околу пристапните патеки се расчисти расфрланиот комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)“- информираат од претпријатието. Исто така расчистен е просторот во населбата Сфети Стефан, тревниот дел на потегот опфатен со магистралниот пат Охрид – Св.Наум и крајбрежните објекти во оваа населба. Овие активности се реализираа по налог на општинскиот инспекторат. „По силното невреме кое го зафати источниот…

повеќе...

Се уредуваат училишните дворови

ЈП „Охридски Комуналец“ традиционално пред почетокот на школската година ги уредува и расчистува дворните површини и јавните пешачки и други површини околу школските дворови. „Овие акции се и мотивација за учениците да учат и растат во здрава и чиста животна околина со уредено зеленило и чисти училишни дворови. Дел од образовните установи се веќе расчистени, а останатите ќе бидат опфатени во наредните денови. Извршено е темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на ОУ„Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со повеќе активности низ градот

По налог на општинскиот инспекторат извршено е расчистување на речното корито на Велгошка река по нејзиното течение во с.Велгошти. Речното корито е расчистено од дивата вегетација и наносите од натрупан разновиден комунален отпад, информираат од ЈП „Охридски Комунаец. „Завршено е реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов“ до централната градинка „Јасна Ристеска“, останува да се заврши потегот до пресекот со ул.„Јане Сандански“.“– велат оттаму. Екипите на „Паркови и зеленило“  при ЈП „Охридски Комуналец“ ги заменуваат цвеќата во парковските површини со нови цветни расади кои ќе ги красат парковите во есенскиот период.…

повеќе...

Продолжува уредувањето на дрворедот по улицата „Димитар Влахов“

Продолжува хортикултурното уредување на дрворедот од лагестремии по ул.„Димитар Влахов“, која добива нов лик со поставување на украсни штитници околу секое стебло, околниот простор се разубавува со ниски зимзелени грмушки и сезонско цвеќе од видот „бегонија“, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. „Во првата фаза се поставува систем за наводнување на принципот „капка по капка“, а потоа следи хортикултурното уредување.“– велат оттаму. Активности ги реализираат екипите на „Паркови и зеленило“ при Ј.П.„Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за оваа година, во која беше опфатено реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар…

повеќе...

Јавното зеленило тековно се одржува

Парковските површини, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“  секојдневно ги одржуваат и вршат санација на оштетните и деградирани садници. Се засадува нов цветен расад во паркот на градскиот плоштад и кејот чии цветови ќе ги красат парковите до доцна есен, информираат од претпријатието. „Согласно Програмата за одржување на јавно зеленило за оваа година, се коси тревата и се отстранува жбунестата вегетација покрај пешачките патеки и коловозите како во централното градско подрачје, така и во приградските населби. Денес се средуваше пешачката патека покрај каналот „Студенчишта“, а во изминатите денови…

повеќе...