ЈП „Охридски Комуналец“ со бројни активности продолжениот викенд

Во продолжениот викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи, екипите на „Јавна хигиена“ и „Услужна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ беа максимално ангажирани со продолжено работно време и ангажираност на расположивата механизација и ресурси, информираат претпријатието. „Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, а комуналниот отпад од контејнерите од одредени делови од градот се подигнуваа и до 5 пати во денот.“- додаваат оттаму.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно ја чисти алгата од охридскиот кеј

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно го чистат крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до хотелот Палас во периодов кога езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј, информираат од претпријатието. „Активностите за расчистување започнуваат од раните утрински часови од 05.00 часот, а покрај рачното расчистување од утре ќе биде ангажирано и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Во наредните денови активностите со специјалното возило ќе се извршуваат уште од 03.00…

повеќе...

Охридското село Рамне се подготвува за празникот Илинден

Во охридското село Рамне прикрај се подготовките за патронот на селото„Св. пророк Илија“ (Илинден). Во текот на денешниот ден екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го чистеја средселото и патот до село Рамне. Екипите ги отстрануваа гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречувше нормалното движење на пешаците и возилата. А.Андриоски

повеќе...

Исчистена плажата Лабино

Плажата Лабино која е лоцирана под пешачката патека која ги поврзува „Св.Јован Канео“  и месноста „Грашница“ е расчистена. „Во расчистувањето беа ангажирани 6 комунални работници кои извршија отстранување на ниската жбунеста вегетација и сечење на надвиснатите гранки од околните дрвја, со што се зголеми корисниот простор кој туристите можат да го користат за плажа. Потоа се собра отпадот (пластични шишиња, најлон-кеси, картонска амбалажа и др.) кој капачите го оставаат зад себе.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

ЈП „Охридски Комуналец“ спроведе акција за темелно чистење на чаршијата со миење со шмрк и метење. Акцијата започна во 02.00 часот после полноќ и траеше до 07.00 часот утрово, а беше опфатен потегот од плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот до плоштадот кај споменикот Св.Климент Охридски. „Ангажирани беа 3 вработени кои со шмрк извршија темелно миење на гранитните плочки по чаршијата, а потоа 4 метачи го собраа отпадот.“- информираат од претпријтието. По барање на ЈП „Билјанини Извори“ кое стопанисува со паркинг-просторот на локацијата на поранешниот полигон за мали спортови во центарот…

повеќе...

Се расчистува патот до Скребатно и дворот од Историски архив

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат патниот правец с.Лескоец, кај Скребатско Маало до с.Скребатно. „Ангажирани се 4 работници кои ги отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.“– информираат од претпријатието. Дворот од историскиот архив лоциран на ул.„Никола Карев“ хортикултурно се уредува од обраснатата трева, а крошните од дрвјата се уредени. Градскиот парк тековно се одржува со косење на тревните површини и поинтензивно наводнување заради високите температури, додаваат оттаму.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“: Чаршијата се чисти од гуми за џвакање

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ денес реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. „Акцијата се спроведе со почеток во 2.00 часот по полноќ, до 08.00 часот наутро, заради помала фреквенција на движење по чаршијата. Во отстранувањето на гумите за џвакање беа ангажирани 5 комунални работници со специјални алатки.“ – велат од претпријатието. Уште додаваат дека одржувањето на јавната чистота е континуиран процес кој обезбедува квалитетно чистење на јавните…

повеќе...

Се уредува стариот дел од градот пред почетокот на „Охридско лето“

Пред почетокот на културно-уметничката манифестација „Охридско лето“,  ЈП „Охридски Комуналец“ реализира акција за уредување и расчистување на стариот дел од градот. „Се коси тревата во близина на сцената на Античкиот театар и летната сцена на катедралната црква Св.Софија. Сите пристапни улици и сокачиња се расчистени и искосена е тревата покрај коловозот на патот кој води од Втор Чинар до Горна Порта, од Горна Порта до ул.„Крум Точко“ и ул.„Илинденска“. За време на отворањето на фестивалот ќе бидат ангажирани дежурни екипи кои ќе делуваат на пристапните улици и околу Антички театар…

повеќе...

Во петок ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“

Општина Охрид традиционално и годинава, на 10-ти јули (петок) ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ . Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ , „Кузман Капидан“, „Браќа Миладиновци“, „Боро Шаин“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“, „ Петар Чаулев“, „Димче Маленко“, „Нада Филева“ и „Аргир Маринчев“ . Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“ на 10-ти јули…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со активности на неколку локации во градот

Екипите на „Јавна хигиена“ и „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ на повеќе локации во градот ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило: генерално се чисти во У.З.12 „Гоце Делчев“ (населба „Бараки“), а се коси тревата покрај пешачките патеки и коловозот на ул.„Марко Цепенков“ , „Мирка Гинова“, „Крум Точко“ . На ул. „Димитар Влахов“ каде естетски се уредува дрворедот од лигуструми, дел од неодамна засадените садници се украдени, а една од железните огради е турната со моторно возило, велат од претпријатието. „Намерното уништување на јавните добра не оди во…

повеќе...