Исчистени плажите во Лагадин, Пештани и Трпејца

ЈП „Охридски Комуналец“ минатата седмица ги реализира акциите за темелно расчистување на плажите кои не се дадени под концесија на охридското крајбрежје во населба Лагадин, с.Пештани и с.Трпејца. „Во туристичката населба Лагадин на потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец беа подигнати 10 м3 трска и 20 вреќи отпад. Во с.Пештани беа подигнати 7 м3 трска и 10 вреќи отпад, додека во с.Трпејца 3 м3 трска и 5 вреќи отпад. Но секогаш останува горливиот проблем за тековно одржување на плажите и подигнување на еко-свеста кај граѓаните, со цел да не…

повеќе...

Утре акција за подигнување зелен отпад од УЗ8 „Билјанини Извори“

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре 18-ти април (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.8 „Билјанини Извори“ . „Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно…

повеќе...

Исчистен крајбрежниот појас кај Лагадин

ЈП „Охридски Комуналец“ денес реализира акција за расчистување на крајбрежниот појас на Охридско Езеро во туристичката населба Лагадин. Се расчистуваше потегот од пред хотел „Два Бисери“ до авто-камп Елешец. „На плажата, изминатиот период езерските води имаа наталожено големи количини сува трска и најразновидна амбалажа од широко употреба. Ангажирани се 8 комунални работници и подигнати се 10 м3 трска и околу 20 вреќи отпад.“ – велат од претпријатието. Утре петок, 17-ти април ќе се реализира акција за чистење на крајбрежниот појас во с.Пештани, а во сабота на 18-ти април во селото Трпејца.

повеќе...

Одговорно, транспарентно и отчетно работење на ЈП „Охридски Комуналец“

Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминативе две години. „Оваа прес конференција е свикана со цел исполнување на нашата обврска за одговорно, транспарентно и отчетно работење. Пред две години, она што беше затекнато како исклучително тешка финансиска состојба и стар возен парк беше и предизвикува тешка задача за да се вложат напори за консолидирање на состојбата, а претпријатието да застане на здрава основа од каде ќе може да се напредува кон поуспешно работење и проширување на матерјалната основа со можност…

повеќе...

Се расчистуваа делниците до Подмоље, Св.Стефан и Орман

Екипите на „Јавна хигиена“ денес спроведоа акции за расчистување на магистралниот пат Скопје-Охрид на делницата до Подмоље и до нас.Свети Стефан. Овие акции се спроведуваат по налог на општинскиот инспекторат, а се расчистува расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел. На потегот сообраќајна клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље ангажирани се 6 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 60 вреќи пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и др. На потегот Хидробиолошки Завод-нас.Свети Стефан (кај тунелот) за расчистување на најразличните отпадоци ангажирани се 4 комунални работници и…

повеќе...

Со едностран раскин на договор го оштетил ЈП „Комунално“ Струга за речиси шест милиони денари

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против актуелниот Директор на ЈП “Комунално” од Струга, Г.К.(51) од Струга, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по чл.353 од КЗ на РМ. Пријавениот се товари дека во својство на службено лице – Директор на ЈП Комунално од Струга, во период од 18.10.2013 до 18.11.2013 година, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што, иако бил должен да постапи согласно член 44 став 4 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство, самоволно, спротивно…

повеќе...

Расчистување на „Градска Плажа”

Денеска започна расчистување на „градска плажа” на потегот од хотел “Мизо” до калето. „Ангажирани се 6 работници и трактор за превоз на собраниот отпад. Сe врши собирање на расфрлан отпад од несовесни граѓани по должината на плажата и отпад донесен во сливот на река „Грашница” насобран по целото течение. Подигнат е најразличен отпад, комунален, пластични шишиња, најлонски ќеси, лименки и друго во количина од 3-4м3.“– велат од претпријатието.

повеќе...

Акција за зелен отпад на „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба „Охридати“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 11-ти април (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба „Охридати“. „Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите…

повеќе...

Се уредуваат парковите и зелените површини во Охрид

ЈП „Охридски Комуналец” продолжува со уредување на парковите и зелените површини на територија на општина Охрид. „Во градскиот парк се врши замена на стариот чакал со нов. Се изврши косење на паркот и кружниот тек на ул. „Јане Сандански”, а исто така и косење на зелената површина пред зградата наспроти „Охридска Банка” на булевар “Туристичка”. – информираат од претпријатието.

повеќе...

Започна редовното миење на улиците во градот и приградските населби

Од вчера се врши миење на улиците во градот и приградските населби со возило „Цистерна”. „Во наредниот период екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе продолжат со миење на улиците со динамика која ќе зависи од временските услови.“– велат од претпријатието. Екипите на РЕ  „Јавна Хигиена” надвор од редовните обврски извршија метење и миење на улици во населба „Св. Стефан” и метење во с.Подмоље. „Се поставија и 2 корпи за ситен отпад кај автобуската постојка кај зградата „Печијаре”.“- додаваат од претпријатието. Оттаму упатуваат апел до жителите кои живеат во околината да не…

повеќе...