Р.Е. „Паркови и зеленило” и Р.Е. „Механизација” работат на расчистување на речното корито на р.Сушица кај ул.Петрино и делот од бул. Туристичка накај „Алтанин мост” од вегетација и од надојден отпаден материјал. За таа цел е ангажирана градежна машина Фиат Хитачи и камиони ФАП Кипер. Започнато е хортикултурно уредување на малиот плоштад во населбата Рача. Исто така по втор пат се врши плевење на жардинерите на ул. Железничка, а секојдевно се подигнува листот од зелените површини на булеварот Туристичка и градскиот парк.
повеќе...Tag: комуналец
Се расчистува старото градско јадро
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, денеска работат на расчистување на јавните површини во старото градско јадро. Утрово се чистеше околу катедралната црква Св. Софија од западната фасадна страна. Репрезентативните објекти како што е црквата „Св. Софија“ се огледало на Охрид и тие секогаш мора да бидат беспрекорно чисти. Токму поради тоа од ЈП „Охридски Комуналец“, велат дека ваквите акции во континуитет ќе продолжат и наредниов период.
повеќе...Екипите на „Паркови и зеленило“ започнаа со засадување на зимска цветна реколта и го исчистија пат кај Рача
Поволните есенски температури претставуваат идеален предуслов за започнување на активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. Моментално се засадуваат 10.000 садници од видот viola (очиња), а планирано е од сопствено производство да се засадат вкупно 36.000 садници од овој вид. Со разубавување ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, „Булевар Туристичка„ и други зелени површини во градот. По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на…
повеќе...Утре акција за подигнување кабаст отпад од УЗ14 „Радојца Новичиќ“
ЈП „Охридски Комуналец“-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре 8-ми ноември(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Со оваа акција завршува циклусот на годинешните акции за подигање на кабаст отпад на…
повеќе...По повод 7-ми ноември расчистени спомен-обележјата
Согласно Програмата за вонредни активности, во делот од одржување на јавна чистота, екипите на „Јавна хигиена„ ги реализираа активностите за чистење на локалитети околу споменици и спомен обележја. По повод празнувањата и свеченостите организирани за 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид се расчистуваа локалитетите: спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне) и Спомен паркот на револуцијата.
повеќе...Се чистат јавните површини на влезот од Охрид
Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денес го чистат поширокото подрачје на влезот од Охрид, кај детското игралиште на Булевар „Туристичка“. Согласно утврдената динамика и план се очекува акцијата да заврши во текот на денешниот ден. ЈП „Охридски Комуналец“ периодов реализира низа акции за чистење на јавни површини и добра низ целата територија на општина Охрид. Веќе се исчистени регионалниот пат Охрид- Св. Наум и локалниот патен правец Орман- Лакочереј. Изминатиов период се санираа и чистеа и речните корита и охридските реки. Од Секторот за комунален развој при општина Охрид најавуваат…
повеќе...Акции за расчистување на локални и регионални патишта
Во текот на денешниот ден екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ја завршија широко-опфатната акција на чистење на просторот околу регионалниот пат Охрид-Св.Наум од расфрланиот комунален отпад, која започна изминатата седмица. Акцијата се реализира по целата должина на делницата од потегот Хидробиолошки завод до Св.Наум со вкупна должина од 30 км и собрани се околу 200 вреќи отпад (расфрлана пластична амбалажа, лименки, најлон кеси и друг отпад). По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид расчистен е и патот што води до селата Орман, Горно Лакочереј…
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“: Тврдењата од СДСМ ги оценуваме како груби манипулации и извртување на вистината
Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ЈП „Охридски Комуналец“, во кое стои: „Тврдењата од СДСМ дека работници во ЈП „Охридски Комуналец“ против правно биле казнети целосно ги демантираме и ги оценуваме како груби манипулации и извртување на вистината за остварување на ситни политички поени. А вистината е следна: во ЈП „Охридски Комуналец“ поведена е постапка за утврдување на редовност на вработените и констатирано е дека 62-ца вработени нередовно доаѓале на работа со што го прекршиле правилникот за редовност и согласно законот за работни односи…
повеќе...СДСМ: Раководните кадри во ЈП „Охридски Комуналец“ удрија безмилосно по работниците
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение, во кое стои: „Наместо да ги решаваат се‘ поголемите проблеми со јавната чистота, кои сите граѓани на Охрид секојдневно ги чувствуваат, раководните кадри во ЈП „Охридски Комуналец“ удрија безмилосно по работниците. 60-тина работници од ЈП „Охридски Комуналец“ парично беа казнети без никаква претходна опомена за наводна нередовност. Според информациите доставени до нас, поголемиот дел од казнетите работници користеле годишен одмор или слободни денови за време на изрекувањето на казните. Да биде иронијата уште поголема, ЈП „Охридски комуналец“ на санкционираните работници им должи слободни денови…
повеќе...Се чисти кејот во близина на Холандскиот парк
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска извршија чистење на градскиот кеј во близина на Холандскиот Парк. Овие активности се спроведоа по налог на општинскиот инспекторат согласно годишната програма за работа за 2014 година, во делот на вонредни активности за одржување на јавна чистота. „Со намалувањето на водостојот на Охридското Езеро на овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација, при што се подигнати и транспортирани околу 30 м3 отпад.“– велат од претпријатието.
повеќе...