Започнувајќи од 13 мај годинава, ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализира втората фаза од уредувањето на бетонската жардинерија на улицата „Железничка“. Жардинеријата хортикултурно се уредува со засадување на декоративни зимзелени растенија од видовите пироканта, вибрунум, берберис, елата и лоницера, кои нема да пречата на видливоста на возилата и безбедното одвивање на сообраќајот. Досега е засадено 60% од целата должина на сообраќајницата со 1100 садници. На булеварот Туристичка, поставено е црево за наводнување на вегетацијата со вкупно 350 прскалки. За жал и на двете сообраќајници, направени се оштетувања, односно украдени се 70…
повеќе...Tag: комуналец
Се уредуваа Антички, Грашница, ул.Железничка, 15-ти Корпус и Туристичка
Пред отворањето на годинешното издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“ , екипите на „Паркови и зеленило“ го расчистија и уредија тревниот дел кој се наоѓа над трибините од Антички театар. Активно се вклучивме во акцијата која заеднички се реализира по иницијатива на Црвен крст-Охрид и претставник на Лајонс клубот од Гетеборг. Се чистеа плажите кои не се дадени под концесија на потегот од Грашница до населба Далјан, како и делот од крајбрежјето кај Холандскиот парк. Во оваа акција се собрани над 30 вреќи отпад. Екипите на „Јавна хигиена“ , во…
повеќе...Еднодневна акција за собирање и селектирање на отпад и чистење на плажите
Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона ја создава сметот-отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, ги поттикна волонтерите на Црвен крст Охрид, во соработка со ЈП Охридски Комуналец Охрид и со поддршка од Лајонс клубот Gathenhielm од Гетеборг, да организираат еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите. Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се чистат и плажите кои…
повеќе...Хортикултурно уредено шеталиштето во Пештани
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го оплеменаа новиот кеј во с.Пештани. На шеталиштето кое се протега од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица, претходно се постави систем за наводнување, а потоа на 15 партерно оформени катчиња се изврши засадување на 15 палми, а околу нив се засадени 75 шимшири и 150 парчиња сезонски цветен материјал од видот хипоестес. Со тоа крајбрежниот појас на Пештани доби лик како што доликува на оваа позната туристичка населба. Екипите на „Паркови и зеленило“, продолжуваат со оформувањето на зелениот појас од бетонската…
повеќе...Охридските улици подготвени за летниот режим на сообраќај
Деновиве, екипи на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид во координација со екипи на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“, со помош на стручни лица и механизација го воведуваат летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид. Со жардинјери се ограничува просторот на улицата „Кеј Маршал Тито“ која во оваа летна туристичка сезона ќе биде вистинско шеталиште. Се поставува и соодветна вертикална сигнализација која укажува на летниот режим на сообраќај и одредбите кои произлегуваат од него а се обврзани да ги почитуваат пешаците и учесниците во…
повеќе...Расчистен манастирскиот комплекс „Свети Наум“
По барање на Дебарско-кичевската епархија екипите на „Охридски Комуналец“ денеска уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум“. „По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св. Наум, комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Ангажирани беа 10 комунални работници и специјално возило за подигнување на собраниот отпад, со што комплексот е вратен во првобитна состојба.“– велат од претпријатието.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ со многубројни активности ја одржува јавната чистота
ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности ја започна првата седмица од месец јули. Екипите на „Паркови и зеленило“ го расчистуваа појасот околу коловозната лента од ул.„Ристо Чадо“ , на потегот од кружната сообраќајница кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ до игралиштето кај „Стобекс“. Заради непречено движење на пешаците и возилата отстранети се гранки, жбунови и друга вегетација. Расчистен е просторот околу „Саат-кулата“, каде во иднина се планира да никне ново зелено катче. Екипите на „Јавна хигиена“ по налог на општинскиот инспекторат го расчистуваат крајбрежниот појас пред хотелот „Палас“ од окрекот кој…
повеќе...Кривична пријава за директор на ЈП „Комунално“ Струга
Поради постоење на основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“ полициската станица од Струга против П.К. (39) од Струга поднесе кривична пријава. Пријавениот, во својство на службено лице директор на Јавното претпријатие „Комунално“ Струга, без објавување на јавен оглас спровел постапка за јавна набавка со барање за прибирање на понуди за набавка на материјали за оградување на капела и цвеќара. За најповолен понудувач со одлука била избрана фирмата „Набизи“ од Струга по што пријавениот П.К. од сметката на Јавното…
повеќе...Металните контејнери од централното градско подрачје се заменуваат со пластични
Во центарот на градот, официјално денес се означи почетокот на акцијата за замена на металните контејнери. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа изјави дека годинава набавени се 200 пластични контејнери за подигање на сметот. „Се одлучивме за ваква варијанта со оглед на тоа што овие контејнери имаат неколку предности во однос на плеханите. Прво во тежина се три пати полесни, второ полесни се за манипулација за подигање и оставање на самото место и имаат капак. Доколку граѓаните правилно го користат капакот тоа е поголема предност и за нив и за околината…
повеќе...Утре ќе се подигнува кабаст отпад од „Железничка“, „Радојца Новичиќ“ и „15-ти Корпус“-населба „Црногорци“
На ден 28.06.2014 год.(сабота) ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ќе ја реализира последната акција за кабаст отпад во пролетниот циклус, а есенскиот циклус ќе започна во првата работна сабота во месец септември. ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 28 јуни (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.13 „Железничка“, У.З.14 „Радојца Новичиќ“ и У.З.15 „15-ти Корпус„ (населба „Црногорци„). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат…
повеќе...