Концерт и изложба на дела од работилницата за ready made во Струга

Културниот центар „Кула“, го затвора фестивалот Дрим он, со концерт и изложба на дела од одпад од работилницата за ready made. Работилницата се одржа во Струга, во рамки на фестивалот Дрим Он од 22-26 јули. Концертот кој ќе се одржи на 26 јули со почеток во 21.00 часот ќе биде производ на соработката помеѓу културниот центар Кула и фестивалот за процесирање култура Дрим он. Учесниците на оваа работилница имаа прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговите поимања. Предметите кои се изработија…

повеќе...

Концерт на пијанистот Иво Погорелиќ вечерва на Охридско лето

Еден од најголемите и најконтроверзните пијанисти на своето време, Иво Погорелиќ вечерва ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Овој пијанист во текот на осумдесеттите години од минатиот век ја фасцинира светската јавност со своите интерпретации на Шопеновата музика, но и на онаа од другите светски композитори.  Македонската публика повеќе пати имаше можност да го слушне извонредниот хрватски пијанист Иво Погорелиќ, и со нетрпение го очекува неговиот концерт на „Охридско лето“. Роден е во Белград, каде што на 7-годишна возраст започнува да го изучува пијаното. На 12 години…

повеќе...

Концерт на Аца Лукас на 25-ти јули во Охрид

На само неколку дена до закажаната вистинска журка под отворено небо со хитовите на непоправливиот рокер, Аца Лукас, организаторт на концертот најавува промотивна цена на влезницата од 300 денари, но само до петок. Веќе во сабота на 25-ти јули, оносно на самиот влез на Плажа Немо за каде што е закажан и настапот на Лукас, влезницата ќе ве чини 400 денари. Со почеток во 22.00 часот, Лукас на плажа Немо ќе почне да ги реди своите најголеми хитови. И нема да биде сам. Најавува специјални гости со чија помош ќе…

повеќе...

Втор концерт на Погорелиќ – Охридско Лето го доби најголемиот подарок за јубилејното 55 издание

Поради големиот интерес за концертот на славниот пијанист Иво Погорелиќ кој на 25 овој месец ќе настапи во црквата Света Софија, Охридско лето направи напор да обезбеди уште еден дополнителен концерт на 26.07.2015 ( недела). Со ваквиот сериозен, одговорен и професионален пристап, во интерес на нашата верна публика, ќе овозможиме сите заинтересирани да можат да бидат дел од овој настан. Голем е бројот на гости од странство кои специјално најавија дека ќе дојдат во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации има од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција. Картите…

повеќе...

Полската вечер на „Охридско лето“ – Концерт за паметење – спој на совршен звук на инструментот виола/оргули и ипресивна акустика на Света Софија

Традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“ и годинава на јубилејното 55-то фестивалско издание донесе неповторливо доживување за публиката во црквата „Света Софија“. Концерт за паметење синоќа одржаа извонредните уметници и виртуози – пијанистот Славомир Зубжицки, тенорот Рафал Зураковски и пијанистката Ана Мерник. Полскиот пијанист, композитор и изработувач на инструментот виола/оргули со неговиот прв настап во Охрид и Македонија преку фестивалот „Охридско лето“ всушност го промовира својот инструмент во нашата држава. „Ова е мојот прв концерт во Македонија. Ова место, оваа црква е навистина импресивна и акустиката е апсолутно фантастична. Чувствував како…

повеќе...

ДНК ја завршуваат јулската турнеја низ Македонија со концерт во Охрид

Веќе традиционално, кога се зборува за концерт на ДНК, во равенката секогаш се вклучува Охрид. Новитет оваа година, е што Охрид е последниот град кој Панчо и Андреј ќе го поминат во својата јулска турнеја. Последниот концерт е закажан за Недела (26.07), во Плажа бар Кадмо. „Во нашиов случај, по почетокот – турнејата се познава. Започнавме од Скопје, каде поминавме традиционално супер. Велес па Пиво фестот во Прилеп беа нашите следни дестинации, каде поминавме истотака одлично. Крајот на неделава настапуваме во Претор и Пробиштип. Промена за оваа година, е фактот…

повеќе...

Концертна вечер за историја – „Телонаука Совршена“ се враќа на сцената со прв концерт во Струга

По пауза од 23 години, култната група „Телонаука Совршена“ ќе настапи во живо во рамки на третото издание на „ДримOn“. Публиката ќе има ретка можност да присуствува на концертот, кој ќе биде во сабота, 25 јули на Летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Гитаристот и вокалист на бендот, Сашо Кленкоски рече дека идејата за повторно враќање на сцена била уште од пред нецела година и имаат намера групата да продолжи таму каде што запре во 1992 година. „Ова ќе биде нашиот прв настап во Струга. Верувале…

повеќе...

Дел од творечкиот опус на композиторот Властимир Николовски вечерва на Охридско лето

На сцената во црквата „Св.Софија“, вечерва со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“  ќе биде изведен дел од творечкиот опус на композиторот Властимир Николовски. Властимир Николовски (1925 – 2001) е еден од најзначајните и најплодните македонски композитори. Неговото богато и разновидно творештво извршило огромно влијание врз развојот на македонската музичка култура и уметност. Создал над 140 музички композиции од речиси сите видови и жанри на класичната музика, но и голем број публицистички трудови. Творечкиот јазик на Николовски е умерен, експресивен, со потпирање врз духовното и врз фолклорното…

повеќе...

Стоечки овации и бројни бисeви за рускиот пијaнист Николај Лугански

Со стоечки овации и повеќе бисови го награди публиката на „Охридско лето“ извонредниот руски пијанист Николај Лугански кој синоќа одржа концерт во црквата „Света Софија“. Овој пијано-виртуоз со исклучителна префинетост и чувствителност во неговото музицирање го задржа вниманието на бројните посетители повеќе од два часа. Внатрешноста на акустичната црква беше исполнета до последно место, а дел од присутните со задоволство го следеа концертот стоејќи. -Николај Лугански вечерва не’ остави без здив. Навистина преполната сала во „Света Софија“ беше импресионирана од еден од врвните пијанисти од младата генерација пијанистичка елита во…

повеќе...

Коробеиников и Књазев воодушевени од „Света Софија“ и од публиката на „Охридско лето“

Рускиот пијанист Андреј Коробеиников  и виолончелистот Александар Књазев кого критичарите го нарекуваат најмоќниот виолончелист на светот синоќа во црквата „Света Софија“ приредија неповторливо доживување за публиката на „Охридско лето“. Двајцата познати руски музичари кои настапуваат на светските музички сцени и освојуваат награди и признанија, по синоќешниот концерт изјавија дека се воодушевени од амбиентот во кој го одржа концертот. „Премногу сум среќен што повторно настапувам на ова посебно место на планетава и на овој фантастичен фестивал којшто се одржува по 55-ти пат каде досега настапувале Рихтер, Ростропович, како и годинава Иво…

повеќе...