Концерт на Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт

Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт од Холандија, со поддршка на општина Охрид, утревечер ( 11 јули- сабота) со почеток во 20 часот, на малиот плоштад кај поранешната градска библиотека, ќе одржи целовечерен концерт на отворено. Симфонискиот оркестар на студентите од Утрехт е основан во 1893 година и е најстар во Холандија. Оркестарот, што го сочинуваат деведесет студенти, покрај во Охрид, ќе настапат во Скопје и Битола, а во помали камерни групи ќе настапат на детската клиника и Домот за деца без родители „ 11 октомври“ во Скопје.

повеќе...

ДНК со концертна турнеја низ Македонија

 По успешниот концерт во Скопје, ДНК заедно со својот бенд ја продолжува својата летна концертна турнеја низ Македонија. На задоволство на своите фанови, r`n`b дуото- ДНК летово ќе бидат на сцена, во живо, настапувајќи низ скоро сите градови во земјата. Се најавуваат перформанси со многу емоции и позитивна енергија кои никого нема да остават рамнодушен. Според распоредот на турнејата за месец јули, првиот концерт е закажан за во сабота, на 04. Јули, во Велес во Клуб 54. Целосната концертна агенда за месец јули е следна: Сабота, 04. Јули, Клуб 54-Велес…

повеќе...

Годишен концерт на КУД „Гердан“ во Охрид

Културно-уметничкото друштво „Гердан“ од Охрид, вечерва во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“  го одржа традиционалниот годишен концерт. На посетителите им беше понудена убава вечер со прекрасната македонска народна игра и песна. „Концертот е традиционален, секоја година во месец јуни го организираме. Настапуваат сите групи од најмалечките до големите до првиот состав. Тие се носители на програмата.“ -изјави Менде Бараковски, раководител на КУД „Гердан. На концерот настапи и естрадниот уметник Милован Секулоски. Како гости на вечерта настапија КУД „Беочин„ од Нови САД, КУД „Бриле“ од Србија и КУД „Панче Пешев“…

повеќе...

Јубилеен концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид

Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид, по повод 10 години од своето постоење, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ одржа јубилеен концерт. Овогодинешниот концерт им понуди вистинско уживање на присутните многубројни љубители на фолклорот, традицијата и народната уметност. WebOhrid/А.Андриоски

повеќе...

Ансамблот „Македонка“ ќе одбележи 10 години постоење

Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид ќе одбележи десет години постоење со овогодинешниот јубилеен концерт. Концертот  ќе се одржи на 24-ти јуни (среда) во Центарот на култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот.

повеќе...

Црвен крст Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“

Црвениот крст од Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“ кој под мотото „Од децата за децата“ ќе се реализира на 31-ви мај (недела) во Охрид. Екипите на Црвен крст Охрид утре од 12:00 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе ги продаваат влезниците за концертот, каде во 14:00 часот ќе се приклучат и „славејчињата“. Организаторот на настанот СТ-продукација, заедно со Црвен крст Охрид на децата од дневниот ценар „Зраци“ ќе им подари ЦД со детска музика од хорот „Златно славејче“ и сокчиња.

повеќе...

Годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ Охрид

Вечерва во катедралната црква „Света Софија“,  со почеток во 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ од Охрид. „Ги покануваме сите љубители на класичната музика да дојдат да ги поддржат младите музички таленти.“-  вели директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момировска. На концертот ќе настапат  ученици кои освоиле награди и признанија на државните и меѓународните натпревари, хорот и оркестарот кои работат во рамките на ова училиште. WebOhrid

повеќе...

Младите охриѓани ги пееја песните на Тоше

Во чест на 34-тиот роденден на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид синоќа се одржа голем хуманитарен концерт. Пред присутните се обрати Дарко Мојсоски, главен координатор за реализација на хуманитарниот концерт, посветен на Тоше Проески. „Најтешко е човек да говори за некој кој веќе го нема, а премногу значел.Тешко е, кога ќе осознаете дека сте имале се, а сте немале ништо. Кога ќе погледнете од ова место и ќе видите дека човек е богат, а всушност е сиромашен. И како е да погледнеш преполна…

повеќе...

Голем хуманитарен концерт посветен на Тоше Проески

Во чест на 34-тиот роденден на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт. Концертот е закажан за сабота, 24-ти јануари во 20:00 часот. Иницијатори за концертот се неговите фанови од Охрид, кои потенцираат дека да се чекори по патот на големиот Тоше и да се следат неговите хумани дела е пред сѐ чест, но и обврска за секој млад човек. „Тоше Проески има само датум на раѓање и цела вечност за паметење“, додаваат тие. На концертот ќе…

повеќе...

Концерт на поп дивата Каролина Гочева во пресрет на „Богојавление – Водици“

Петдневното чествување на големиот христијански православен праник „Богојавление- Водици“, синоќа беше збогатено со концерт на македонската поп дива Каролина Гочева. На преполниот градски плоштад, Гочева на публиката и приреди двочасовно музичко уживање, заедно пеејќи ги популарните композиции од нејзиниот последен албум „Македонско девојче 2“ , а присутните беа почестени со извонредната изведба на песната „Лихнида кајче веслаше“. Фото: А. Андриоски

повеќе...