Антички подготвен за големиот концерт на оперските ѕвезди Фритоли и Нучи

Сцената на Античкиот театар е подготвена за големиот концерт, вечер на познатите арии од оперите „Дон Карло“, „Симон Боканегра“, „Бал под маски“, „Отело“, „Риголето“, „Травијата“ и „Моќта на судбината“ на големиот италијански композитор Џузепе Верди. Со концертот на големите италијански оперски ѕвезди – сопранистката Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи во сабота ќе стартува годинешното издание на најголемата музичко-сценска манифестација во земјава „Охридско лето“. Фритоли и Нучи ќе ги придружуваат музичарите од Македонската филхармонија, која со овој концерт ќе прослави 70 години од постоењето, под диригентската палка на Аргентинецот Луис…

повеќе...

„Бело лето“ ја отвори туристичката сезона во Охрид

Во организација на Општина Охрид, со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад и официјално синоќа започна овогодинешната манифестација „Бело лето“  која полека, но сигурно станува препознатлив бренд  за одбележување на почетокот на летната туристичка сезона во Охрид.    Централниот настан на годинешната манифестација беше спектакуларниот настап со самостоен концерт на момците од групата „Нокаут“, кои пред охриѓани и гостите на плоштадот во Охрид го претставија нивниот албум, но ги  отсвирија нивните најголеми хитови. Вечерта со свој сет настапи и диџеј Насти Делукс. Сите културни институции во Охрид, како и…

повеќе...

Атрактивен почеток на туристичката сезона со вечерашната манифестација „Бело Лето“

Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад. За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи.  Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад започнува годинешната културно – забавна манифестација „Бело Лето“. Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка. И…

повеќе...

Концерт на Цеца на први август во Охрид

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 1-ви август доаѓа на голем концерт во Охрид. Стадионот Билјанини извори ќе биде претесен за да ги собере фановите на Цеца на концерт за кој што и самата вели дека ќе биде вистински open air спектакал.  Со песните од новиот албум, “Име и презиме”, “Да раскинем за њом”, “Позив” и многу други, Цеца веќе полнеше концертни сали и стадиони низ цела Балкан а потоа и Европа. Овојпат на ред е македонскиот бисер каде на 01 август ќе приреди концерт за паметење. Влезниците…

повеќе...

Концерт на „Нокаут“ на охридскиот плоштад – како дел од манифестацијата „Бело лето“

Овој петок на 4 јули, во организација на Општина Охрид, со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад  и официјално ќе започне овогодинешната манифестација „Бело лето“ веќе позната по специјалната понуда и незаборавната забава која полека, но сигурно станува препознатлив бренд  за одбележување на почетокот на летната туристичка сезона во Охрид.    Централниот настан на годинешната манифестација ќе биде спектакуларниот настап со самостоен концерт на момците од групата „Нокаут“, кои пред охриѓани и нивните гости на плоштадот во Охрид ќе го претстават нивниот албум, но и ќе ги исвират нивните…

повеќе...

Концерт на младите музичари за спас на еден детски живот

Со вечерен концерт синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, младите музичари од Охрид се приклучат кон акцијата „Заедно за спас на еден детски живот“.  На сцената настапија Петар Маркоски, Бојан Трајчески, Ана Марија Кунеска, Кирил Нически, Антонио Малчески, Климент Јанкоски, и секако најмладите охриѓанчиња од Распеано рибарче. Сакајќи токму преку музиката да помогнат, порачаа дека децата се најголемиот благослов и дар од бога, тие се највредното и најдрагоценото нешто и токму затоа посакаа да бидат дел од хуманоста со која Охрид живее изминатиов месец дена. Организаторите најавија…

повеќе...

Свечено отворен 13-иот по ред Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски бисери“

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески синоќа во Центарот за Култура „Григор Прличев“, присуствуваше на отворањето на тринаесеттиот по ред  Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ што до 21 јуни ќе се одржува во Охрид.  Посакувајќи им топло добредојде и успешен  музички натпревар  на учесниците од повеќе земји од Европа, Америка, Кина и Сингапур, градоначалникот Бакрачески го  прогласи за отворен  интернационалниот  натпревар на млади музичари . „Особено сме почестени што  името на овој фестивал е „ Охридски бисер“ , зошто токму по неговата реткост и тајната на изработката  сме препознатливи…

повеќе...

Младите музичари од Охрид ќе се приклучат кон акцијата „Заедно за спас на еден детски живот“

Со вечерен концерт утре во летната кино бавча во Охрид, младите музичари од Охрид ќе се приклучат кон акцијата „Заедно за спас на еден детски живот“. Забавата ќе започне од 20 часот а цената на билетот изнесува 100 денари. Билетите може да се купат во Центарот за култура и на влезот пред самиот  концерт. Сите собрани средства одат во хуманитарната акција што неодамна ја покренаа новинарите за лекување на 11 годишното охриѓанче во Пекинг.

повеќе...

Концерт по повод 50 години од ОМУ „Методи Патче“

Основното Музичко Училиште  „Методи Патче“, синоќа во катедралната црква „Св. Софија“, одржа свечен концерт по повод јубилејот – 50 години од неговото постоење. Концертот го проследи и градоначалникот Никола Бакрачески. „Во  катедралната црква св. Софија концертот, односно Вашата и наша музика навистина добива една нова димензија. Настапувате на местото каде во рамки на фестивалот “Охридско Лето“ настапувале голем број музички виртуози. Великаните на репродуктивната музика како што се Ростропович, Коган или Навара во Светот ја проширија приказната дека храмот “Св. Софија“ е најакустичниот простор во Светот и дека е престиж да се настапува…

повеќе...

Во вторник ќе се одржи завршен концерт на детското балетско студио „Визави“

Во вторник, 10-ти јуни, во големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ќе се одржи завршен концерт на детското балетско студио „ВИЗАВИ“ со балетската претстава „Порака за мир“. Гости ќе бидат распеано рибарче и распеани герданчиња. Кореографијата е на Јулија Милески, музика на Јовица Каралиевски, костимограф: Габриела Стојческа и костимограф-декоратор: ДООЕЛ “Е2А” Охрид. Концертот на детското балетско студио „Визави“ е со почеток во 18.00 часот, а влезот ќе чини 50 денари.

повеќе...