Говор на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината Вистината за Македонија – Изборен грабеж, 10.03.2015 „Почитувани граѓани, драги пријатели, другари, Можеше ли некој да замисли дека ќе дојде време кога во нашата Македонија ќе бидеме сведоци на една проклето дрска, беспоштедно сурова реалност?! Во којашто `се е пазар?! Па и деца?! Па и човечки судбини?! Дека оваа ненаситна, лицемерна и лажна власт, којашто краде народни пари, го крадела и она што не може да се купи со пари – иднината? Како што никој од нас граѓаните не помислуваше дека…
повеќе...Tag: конференција
Заев: Почнуваме да ги разобличуваме изборните грабежи на Груевски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одржа прес-коференција, на која истакна: „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите Денес малку повеќе ќе се задржиме, но ќе видите зошто. Зборувавме дека Никола Груевски ги краде изборите, дека со фалсификат изборни циклуси се одржува на власт, дека за таа цел противуставно и противзаконски ги користи сите државни институции, дека употребува неуставни и незаконски механизми за контрола на гласачкото тело. Денеска почнуваме да ги разобличуваме изборните грабежи што го прави Никола Груевски со неколкумина негови соработници. Од скандалозните јасни и конкретни докази ќе слушнете како,…
повеќе...Ставрески: Сценариото на Заев нема да помине, состојбата во економијата е добра
Ништо од она што Зоран Заев денеска го зборуваше, не коресподнира со реалноста. Слушнавме замена на тези и селективни разговори, надвор од вистинскиот контекст, рече попладнево вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, коментирајќи ја последната „бомба“ на СДСМ. Македонската економија е во добра состојба, напомена Ставрески, и никакво сценарио за банкрот нема да се случи. Кондицијата на буџетот е одлична, а тоа го потврди и предвременото раздолжување кон ММФ. „И денеска, по којзнае кој пат, беа изнесени истите тези дека државата е пред колапс и банкрот, дека ќе има…
повеќе...Заев: Соработници на Груевски потврдуваат криминали и економска катастрофа
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција на која истакна: „Почитувани граѓани и претставници на медиумите, Рековме дека секоја следна информација ќе биде пошокантна од претходната. Денеска ќе слушнете зошто Никола Груевски и Сашо Мијалков имале потреба да ги прислушуваат своите соработници од најтесното опкружување. Зошто токму Јанкулоска и Ставрески се најприслушуваните министри во Владата. Од Јанкулоска и Ставрески, почитувани граѓани, ќе слушнете, дека лично Никола Груевски, дури и среде ноќ, издавал наредби на неговите министри, да работат противзаконски! Станува збор за директиви од Груевски за незаконско подигнување милионски…
повеќе...Заев: Груевски одмазднички го срушил Космос на Фијат Цаноски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Пред очите на јавноста се неспорни фактите што ги обелоденуваме во проектот Вистината за Македонија. Братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков неовластено масовно прислушувале, злоупотребувајќи ги своите овластувања, користејќи ги сите државни механизми и апаратура за свои лични цели. За воспоставување целосна контрола врз се во државата. Тоа е единствениот начин преку којшто овие луѓе се одржуваат на власт. Јасно е зошто Никола Груевски, онака осамен излезе на прес конференција и изнесе лаги, нереални и контрадикторни тези. Се работи…
повеќе...Националната галерија на Македонија со богата програма и значајни проекти
Повеќе значајни проекти се реализирани во изминатиот период во Националната галерија на Македонија, чија основна дејност е колекционирањето, негувањето и презентацијата на ликовното творештво. Два проекта во делот на инвестиции во објектот „Мала станица“ се целосно завршени од страна на Националната галерија, а годинава во делот на инвестициите ќе се реализираат уште два исклучително значајни проекти, и тоа за Даут-пашиниот амам и за Чифте амам. Националната галерија на Македонија годинава нуди програма која вклучува голем број ретроспективни изложби на наши истакнати уметници, ќе учествува со голем број проекти во културно-информативните…
повеќе...Заев: Медиумски масакр преку УБК, масовно се прислушувани новинари
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Знам дека Вистината за Македонија, и од овие материјали што досега ги објавивме, e запрепастувачка, тешка, болна, несфатлива за еден нормален човек. Денеска почитувани граѓани и новинари, ќе објавиме дополнителни докази и аргументи за суровата и свирепа вистина, за механизмите на тоталната контрола што ја имаат воспоставено Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков и уште неколкумина нивни соработници. Како овие луѓе успеваат да диктираат и креираат лажна реалност, на тој начин одржувајки се на власт. Денеска обелоденуваме дека сето ова…
повеќе...Работилница – „Заштитата на личните податоци на странците – баратели на азил, мигранти и други лица“
Државниот секретар при Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска ја отвори работилницата на тема „Заштитата на личните податоци на странците – баратели на азил, мигранти и други лица“, организирана во рамки на Македонското претседавање со МАРРИ Регионалната Иницијатива од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци во соработка со инструментот за претпристапна помош на ЕУ – TAIEX. На Работилницата учествуваат претставници од сите земји членки на МАРРИ Иницијативата, експерти во соодветната област, како и експерти од земји членки на ЕУ кои…
повеќе...Заев: Слушнете ужас, местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес- конферениција, на која истакна: „Почитувани граѓани, Ветивме дека ќе ја обелодениме Вистината за Македонија и денеска продолжуваме. Како што рековме, секое следно објавување докази ќе биде пошокантно и позапрепастувачки за Република Македонија. Затоа што, тоа што го правеле Груевски и групата околу него, со своите граѓани, со државата, со медиумите, со политичките противници е грозно и оди до граници што нормален човек не може ни да ги замисли. Овој разговор што го слушнавте е ден по изборите, кога е уапсен Бошкоски. Но…
повеќе...Кузески: Градоначалникот и ВМРО-ДПМНЕ за две години не успеаја да реализираат ниту еден од приоритетните капитални проекти
Општинската организација на СДСМ Охрид, денес одржа прес-коференција, на која говореше портпаролот на ОО на СДСМ, Александар Кузески. „Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ за две години не успеаја да реализираат ниту еден од приоритетните капитални проекти што им ги ветија на охриѓани во нивната изборна програма за време на локалните избори. И не само тоа, туку сега почнаа безмилосно да го раскрчмуваат атрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник. Oпштина Охрид има намера да отуѓи 200 метри квадратни атрактивно државно градежно земјиште, односно да го продаде бадијала, без никакво образложение.…
повеќе...