Со Вториот круг на претседателските избори како и парламентарните избори се заокружува изборниот процес во Република Македонија, затоа би сакал од името на кандидатите за пратеници, носителот на листа во изборна единица г. Антонио Милошоски, од целиот ОИШ Охрид, да ги повикам граѓаните во што помасовен број да излезат на гласање во недела 27 април и својот глас да го дадат за кандидатите кои доаѓаат од ВМРО ДПМНЕ, да гласаат за број 5 Антонио Милошоски носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и број 1 проф. д-р Ѓорѓе Иванов за претседател, истакна…
повеќе...Tag: конференција
Тунтев: Во недела гласајте-не онака како што ви вели, присилува и наредува власта, туку онака како што чувствувате во вашата душа
Изборната кампања стигна до својот крај – остана уште во недела масовно, гордо и достоинствено охриѓани да излезат на гласање и да го дадат својот глас за промените, за новниот почеток, за новите луѓе и за новите идеи, рече на прес конференција претседателот на ОО на СДСМ Охрид и носител на пратничка листа во 5-тата ИЕ, Томислав Тунтев. „Да гласаат за претседател каков што Македонија заслужува, да гласаат за враќање на средната класа, за враќање на слободата и демократијата, за враќање на нашата иднина. Да гласаат за Стево Пендаровски за…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на отворањето на меѓународни конференции што се одржуваат во Охрид
Градоначалникот Никола Бакрачески, присуствуваше на отворањето на конференции од меѓународен карактер што од синоќа до недела се одржуваат во Охрид. Станува збор за „1-от Македонски“ и „4-от Јадрански Конгрес за фармакоекономија и исход од терапија“ и “Третиот балкански и меѓународен конгрес за максилофацијална хирургија. „Уверен сум дека одржувањето на двата конгреси во исто време ќе ја потврди определбата за продлабочување на започнатиот интегративен пристап во фармакоекономијата и унапредување на регионалните иницијативи за соработка .Од бројните научни и стручни трудови и презентации, сигурен сум дека ќе произлезат нови сознанија и успешни…
повеќе...Костоски: Има голема разлика од владеењето на ВМРО-НП и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ
ОК на ВМРО – Народна партија денес одржа прес-конференција на која зборуваше носителот на пратеничката листа во 5-та изборна единица, Ванчо Костоски. „Ние кажавме дека нажалост Владата на Република Македонија, некаде летото не дозволи кредит од 4 милиони евра, а дополнително и ги задолжи со милион и пол евра со судска забрана, на Општина Охрид, ние кажавме и тогаш и сега дека по тоа се гледа како Владата на Р.Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за Охрид. Ако на господата од ДПМНЕ не им е јасно и на Локалната самоуправа…
повеќе...Робески: Нашата кампања има една единствен цел – граѓаните да ја слушнат нашата понуда и самите да го препознаат бенефитот
Граѓанската опција за Македонија досега покажа и докажа дека може да води чиста кампања без споредување со останатите политички конкуренти и без непотребно нивно именување, рече на денешаната прес конференција портпаролот на ГРОМ-Охрид и кандидат за пратеник на коалицијата ГРОМ во ИЕ5, Сашо Робески. „Нашата кампања има една единствен цел – граѓаните да ја слушнат нашата понуда и самите да го препознаат бенефитот кој таа може да го донесе доколку добиеме можност да ја реализираме. Затоа ние само ќе ги посочиме крупните проблеми кои се бариера за успешен напредок на нашата…
повеќе...Танасоски: На Македонија и се потребни промени за нов почеток
СДСМ како најголема опозициска партија, уште на самиот почеток на изборната кампања, упати недвосмислена јасна порака дека ќе даде конструктивен допринес и искрена заложба за организирање и спроведување фер, демократски и регуларни избори. Вака рече кандидатот за пратеник на СДСМ во 5-тата ИЕ, Ѓоко Танасоски, на денешната прес конференција. „Излеговме со комплетен, чесен пристап пред граѓаните, добро осмислена и реална изборна програма, натпартиско решение за кандидат за претседател. Понудивме натпартиски листи во кои спротивно на досегашната пракса не е застапено раководството на партијата, со што сакавме да покажeме дека не е најважен личниот интерес, туку е интересот на…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Каква соработка има Заев со осудениот за фалсификување Загорец Тумбовски?
Веќе подолго време целата јавност е сведок на фалсификатите, монтажите и лагите кои ги пласира СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев, рече на денешната прес конференција Илија Димовски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ. „Сите граѓани знаат дека СДСМ и Заев тоа го прават заради тоа што се во паника и очај. Во нивните постапки се гледа огромна омраза, гнев и страв. СДСМ не разбра дека луѓето бараат искрен однос, а не фалсификати, монтажи и лаги. За да биде јавноста целосно запознаена…
повеќе...Заев: ВМРО-ДПМНЕ за само три месеци станала сопственик на имот од над 1.600.000 евра
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна : „Никола Груевски не само што лично договарил кеш во милиони евра. Не само што се примале кеш пари во ВМРО-ДПМНЕ, по налог на лидерот Груевски. Не само што станбената треска, којашто почна од премиерот Груевски со 4 стана на име на неговата мајка, е проширена кај неговите високите владини функционери, министри, пратеници, телохранители. Сите тие, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како што знаете, успеале да се стекнат со станови среде Скопје, окупирајки дури цели згради. Денеска ќе обелодениме дека…
повеќе...Настоски: ГРОМ настојува на креирање работни места, поголем опфат на сите категории граѓани и зголемување на просечната плата
Доколку реално погледнеме на сликата на нашиот град, но и пошироко, мора да признаеме дека во мноштвото проблеми со кои се соочуваме секојдневно, решението на само едно чувствително прашање може да промени многу и да го поправи впечатокот. А тоа е вработување, вработување и само вработување, рече на денешната прес конференицја носителот на листата за пратници за Коалицијата ГРОМ во 5-тата ИЕ, Љупчо Настоски додаде дека токму затоа ГРОМ настојува на креирање работни места, поголем опфат на сите категории граѓани и зголемување на просечната плата. „Најголем приоритет ќе им дадеме на…
повеќе...Трајкоски: Евидентна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и другите политички опоненти
Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски денес на прес конференција истакна: „Евидентна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и другите политички опоненти. Од една страна имаме реализирани проекти кои пред се, служат во интерес на граѓаните, а од друга страна, пред се од страна на СДСМ имаме само празни зборови. Има разлика. Таа разлика ја воочија жителите на Дебрца на изминатите локални избори како и на првиот круг од претседателските избори. Таа разлика мора да се потврди и на вториот круг претседателски избори како и на престојните парламентарни избори.“- рече градоначалникот на…
повеќе...