Василески: Продолжуваме со спроведување на нови реформи и нови проекти во насока на подобрување на квалитетот на здравствена заштита

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес конференција, на која зброуваше кандидатот за пратеник во 5-тата ИЕ, Сашо Василески. Прес средбата беше посветена на плановите, визиите  кои ги има ВМРО-ДПМНЕ за здравството, за периодот од 2014 до 2018 година. „Очигледен е фактот за посветеноста на ВМРО ДПМНЕ кон развој на секој домен од нашето општество. Денес сите скептици, политички опоненти мора да ги признаат фактите. Факт е дека ВМРО ДПМНЕ пред народот дури три пати излегува со отчетност, но исто така ВМРО ДПМНЕ секогаш е насочена кон иднината , кон релизирање…

повеќе...

Ристески: ВМРО-НП изглегува со нова модерна, креативна, демократска програма со современи идеи за Македонија

На парламентарните избори во 1998год, мотото на нашите истомисленици, на чело со лидерот Љубчо Георгиевски, гласеше ПРОМЕНИ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ, промени кои што граѓаните на нашава држава ги почуствуваа, потсети на денешната прес конференција кандидатот за пратеник  на ВМРО-НП, Крсте Ристески. „Во тоа време Македонија воскресна, како на економски така и на демократски план и воедно беше првата држава, која го подпиша договорот за СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА СО ЕУ. Денес кога ќе погледнеме Македонија е последна во регионот во евроатланската интеграција, денес кога се нарушени  основните демократски и човечки права,…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Документот кој го покажа Заев е класичен, груб и смешен фалсификат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски  поднесе тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и навреда. Зоран Заев на суд ќе треба да си бара оправдувања за своите лаги и конструкции и клевети со кои го клевети во минатите денови дека земал ќеш 1,5 милони евра и разни други измислици, рече на денешаната прес конференција Илија Димовски, член на  ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев дојдоа до дното. СДСМ се служи со фалсификати и лаги за да се спаси…

повеќе...

Заев: Кривична за Груевски и нови докази за примен кеш откако станал премиер

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз,  Зоран Заев, денеска на прес-конференција информираше дека СДСМ поднесе Кривична пријава против премиерот на Македонија, Никола Груевски. „Груевски со побараниот и примениот милионски кеш во случајот Македонска банка направил три тешки кривични дела, ПРОТИВЗАКОНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ, ПРИМАЊЕ ПОТКУП и ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК. Пријавата ја поднесуваме до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со неа како доказен материјал е доставена и аудио снимката на којашто јасно се слушаат инструкциите на Груевски и неговата инволвираност во извршувањето на делата.Никола Груевски ја искористил својата службена положба како пратеник и како лидер…

повеќе...

Општина: Вчерашниот ден одредени политички партии го искористија за одржување на прес-конференции на кои беа изнесени неточни ставови

Општина Охрид денес на прес конференција регираше дека во текот на вчерашниот ден одредeни политички партии ги искористиле прес конференциите за да изнесат неточни ставови и неостватрливи идеи, кои се однесуваат на работењето на општина Охрид, а посебно реагираше за вчерашниот прес на ОК на ВМРО-НП. На прес средбата зборуваше портпаролот на општината, Томе Џамтоски. „Ние сме потополно свесни дека политичките партии се во изборна кампања и знаеме дека некои од нив ги користат сите средства за да се додворат до граѓаните за освојување на нивните гласови. За партиските стратегии…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ во програмата предвидува свој фокус да има кон малите и средни претпријатија

ВМРО ДПМНЕ во годините што доаѓаат предвидува во својата програма, која што е наречена Проверено, свој фокус да има и кон малите и средните претпријатија. Во таа насока, кандидатот за пратеник во 5-тата ИЕ, Александар Николоски, денес на прес конференција  ги презентираше основните проекти кои што ги планираат за следниот период. „Прва работа која што би сакале да ја презентираме е дека после долготрајна дебата во политичката партија ВМРО ДПМНЕ но и во рамки на експертските кругови кои што работеа на оваа тематика се согледа целосна потреба за промена на…

повеќе...

Настоски: ГРОМ ќе настојува гласот на граѓанинот да биде во прв план и да биде во основата на секое политичко дејствување

Носителот на листата на пратеници за Коалицијата ГРОМ во ИЕ5, Љупчо Настоски, денес одржа прес конференција, на која што напомна  дека ГРОМ е политичка партија која има за цел во фокусот да го стави граѓанинот и неговите потреби. „ГРОМ ќе настојува гласот на граѓанинот да биде во прв план и да биде во основата на секое политичко дејствување. А за остварување на оваа клучна цел неопходни се вредностите кои ги потенцира ГРОМ: Слободен живот во сегашноста, Активни и вклучени граѓани, Заедништво, Одговорност и отчетност, Соживот со сите граѓани од секоја етничка заедница и култура,  Претприемништво, Еднакви можности и…

повеќе...

Цветкоски: Социјалната правда е една од можностите со кои ќе се успее младите луѓе и младите семејства да се задржат во Македонија

ОК на ВМРО-НП Охрид, денешната прес конференција ја посвети  на социјалната правда. На прес средбата зборуваше кандидатот за пратеник во 5-тата ИЕ, Владо Цветкоски, при што истакна дека ВМРО-НП како партија од народот и за народот во својата изборна програма, посебно внимание посветува  на социјалната политика. „Живееме во време кога во Македонија има најголема социјална раслоеност. Од една страна  има 2 %  екстремно богати олигарси кои располагааат со повеќе од 50 % од националното богаство, а од друга страна има повеќе од 70% од населението кое е сиромашно и се…

повеќе...

Кузески: За ДПМНЕ најбитно е да се објават конкурси и да се прими медицински персонал пред избори

Охриѓани цели три години, во периодот 2010 – 2013 година, исклучиво по вина на одговорните лица од ДПМНЕ, останаа без општата болница. Цели три години пациентите во Охрид останаа без основните болнички услуги во секундарната здравствена заштита, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Алекснадар Кузески. „Цели три години нашите сограѓани доживуваа вистинска голгота, кога беа принудени да ги посетуваат гинекологија, хирургија, анестезија, урологија, оториноларингологија и другите одделенија во струшката болница. И по сета таа голгота што ја доживеаја пациентите од Охрид, повторно промашување – се…

повеќе...

Силјаноски: Наша главна заедничка цел е да изградиме толерантно општество

Власта избра политика на контролирани конфликти во кој лугето се поделија на „ваши“ и „наши“. Политика која гради минато, а не иднина, рече  на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на СДСМ Охрид, Мишел Силјаноски. „Културата и етничките разлики станаа инструмент за политичка борба. Го зголемија јазот меѓу различните етнички заедници. Ја зајакнаа нетрпеливоста меѓу верниците. Власта не стимулира толеранција и доверба, туку раздор и поделено општество. Причината е едноставна: власта профитира од тие поделби. Моделот што го промовираат е во интерес на една мала група во врхушката која работи спротивно…

повеќе...