Во одлична атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ се играше финалето на 23-от Куп на Македонија, кое беше изедначено во најголемиот дел од првото полувреме. По поените на Чековски и Соколов, Работнички рано поведе со 7-2, но преку Божовиќ, Дунџерски и Брчков екипата на Кожув успеа брзо да направи пресврт и да дојде до предност. Пред самиот крај на првото полувреме, гевгеличани поведоа и со 5 поени разлика, сепак Чековски намали и на пауза се замина со 34-32 за Кожув. Сепак, со самиот почеток на третата четвртина, Работнички одигра одлично во…
повеќе...Tag: кошарка
МЗТ Скопје домаќин на Фајнл Фор турнирот од Купот на Македонија
МЗТ Скопје Аеродром и СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат домаќини на Фајнл Фор турнирот од 23-то издание на Купот на Македонија, откако предмалку заврши јавната лицитација за организатор на Купот, на која учествуваше и КК Куманово. МЗТ достави барање Финалниот Турнир да се игра на 21 и 22 февруари (сабота и недела), наместо на претходно предвидените 20 и 21 февруари (петок и сабота). Во наредните денови ќе биде објавен и точниот термин на извлекувањето на полуфиналните двојки, каде организаторот на турнирот ќе ги соопшти и првите детали околу организацијата. На…
повеќе...Конкурс за организатор на финалниот турнир во Кошаркарскиот Куп на Македонија 2015
Согласно член 1.9.3 од Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица на јавна лицитација за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот Куп на Македонија, што ќе се одржи на 29.01.2015 година во просториите на МКФ. Почетната сума за организација на Купот во машка конкуренција изнесува 400.000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10% од почетната сума до почетокот на лицитацијата на жиро сметка или во готово во канцеларијата на МКФ. Финалниот турнир (Фајнл Фор) во машка конкуренција ќе се одржи на 20 и…
повеќе...Извлечени двојките за Младинскиот кошаркарски Куп на Македонија 2015
Денес во просториите на МКФ беше одржано извлекувањето на двојките за четвртфиналните и полуфиналните натпревари од Младинскиот Куп на Македонија 2015. Првите натпревари почнуваат на 24 и 25 јануари. Седумте учесници на Младинската лига до 20 години ќе бидат дел и од Куп натпреварувањето во Младинска конкуренција за оваа година, односно ќе се борат за трофејот во седмото по ред издание на Младинскиот Куп. Според системот на натпреварување се игра по еден натпревар, а победниците обезбедуваат пласман во наредната фаза. Четвртфиналните и полуфиналните двојки, заедно со домаќините на натпреварите, денеска…
повеќе...МЗТ Скопје 65-81 Будуќност
МЗТ Скопје Аеродром го забележа 11 пораз во сезоната во АБА лигата, откако на натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ загуби со 81-65. Црногорскиот тим главната предност ја создаде во првото полувреме и успеа да ја одржи до крајот на средбата. Дури во петтата минута од натпреварот МЗТ Скопје Аеродром го реализираше својот прв поен на натпреварот, но и покрај тоа што македонскиот тим имаше проблеми со реализацијата, на стартот на првата четвртина играше и добра одбрана па не дозволи посериозно одлепување на противникот. Сепак, на почетокот на втората четвртина, Планиниќ…
повеќе...Македонија на 8 декември ќе ги добие противниците во групата за Евробаскетот 2015
Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија во септември 2015 година ќе настапи на веќе четврто Европско Првенство по ред, откако успешно ги мина квалификациите играни минатото лето. ФИБА Европа денеска ги презентираше шеширите во пресрет на извлекувањето на групите за Евробаскетот, кое ќе се одржи на 8 декември во Париз. Распоредот на репрезентациите во шеширите е одреден според резултатите од Евробаскетот во 2013 година, како и од квалификациите за Евробаскетот 2015 година, играни минатото лето. Нашата репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир, заедно со селекциите на Полска, Белгија и Италија и…
повеќе...Прв Охридски 7–мо Ноемвриски турнир во баскет во СРЦ „Билјанини Извори“
СРЦ „Билјанини Извори“ – Охрид, по повод чествувањето на 7–ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид, од оваа година започнува една нова традиција, организирање на турнир во баскет 3 x 3. Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот рекреативен спорт на планетата со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, да им даде можност на сите „баскетџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да покажат што научиле од илјадниците одиграни партии баскет. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 (играч), да пополнат апликација за учество…
повеќе...Децата од ранливите категории бесплатно ќе тренираат и кошарка, карате и боречки спортови
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска потпиша Меморандум за соработка со претставниците на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и Карате федерацијата на Македонија со кои на сите деца од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа, како и децата корисници на посебен и детски додаток да имаат можност бесплатно да спортуваат во клубовите кои се членки на овие федерации. „Со денешниот Меморандум за соработка им овозможуваме на овие деца бесплатно да можат да спортуваат, им даваме…
повеќе...Македонија избори пласман на Евробаскет 2015
Сениорската репрезентација на Македонија успешно го изоде и последниот чекор од Квалификациите за Евробаскетот 2015. Со победа над Белорусија во Скопје од 72-66, избраниците на Александар Џикиќ осигураа четврто учество по ред на собирот на најдобрите репрезентации на „Стариот Континент“. Со нова одлична тимска игра и стил кој стана веќе препознатлив за нашиот национален тим во овие квалификации, Македонија одржуваше контрола врз резултатот во текот на целата средба против Белорусија. Во првата четвртина со поените на Бојан Трајковски, Македонија поведе со 17-8, а во вториот период по реализацијата на Марко…
повеќе...Македонија 80-46 Данска
Сениорската репрезентација на Македонија со водство во текот на целата средба против Данска, обезбеди апсолутно заслужена победа со која го осигура пласманот на некое од првите две места во Квалификациската група. Со одлична тимска партија – цврсто во одбрана и организирано во напад, нашите кошаркари го контролираа развојот на настаните во текот на сите 40 минути во СЦ „Борис Трајковски“. Рутинската завршница донесе заслужена победа од 80-46. Со овој триумф, нашите кошаркари го делат првото место во Групата со Белгија, во очекување на последната средба од Квалификациите, во среда против…
повеќе...