Фаворитот Израел го осигура првото место во квалификациската група на Евробаскетот со триумфот над нашиот состав пред полните трибини во Рамла. И покрај тоа што три четвртини нашите репрезентативки играа тесен и неизвесен натпревар со силниот противник, израелките со одлична реализација од поле на крајот успеаја да стигнат и до убедлив триумф. Уште од почетокот на натпреварот, се беше во знак на Криси Гивенс во нападот на нашата репрезентација. Гивенс постигна 10 од првите 12 поени за Македонија и нашиот состав пред крајот на првата четвртина дојде и до највисока…
повеќе...Tag: кошарка
Одличен настап на женската репрезентација, заслужена победа над Португалија од 60-56
Со квалитетна, борбена и пожртвувана игра во одбрана во текот на сите четири четвртини, женската репрезентација на Македонија го совлада фаворитот Португалија и успешно ги стартуваше квалификациите за Евробаскетот. Избраничките на Горан Јовановиќ водеа во текот на целата средба и го заслужија големиот триумф. Португалките подобро го почнаа натпреварот, а проблемите во реализацијата на нашиот тим, кој не погоди ниту еднаш од поле во првите пет минути од мечот, донесоа рана предност на Португалија од 11-3. Сепак, следуваше тројка на Славица Димовска, која го предводеше нашиот тим до серија од…
повеќе...Одржана прес-конференција на женската кошаркарска репрезентација
Женската сениорска репрезентација на Македонија во просториите на МКФ, одржа прес-конференција пред заминувањето за Израел каде од 7 до 9 јуни ќе настапува на квалификациите за Евробаскетот. Задоволни од начинот на работа и досегашниот дел од подготовките, селекторот Горан Јовановиќ заедно со капитенот Моника Гаврилоска, Криси Гивенс и Елена Раденковиќ беа сложни во изјавите за светла иднина на македонската женска кошарка. Како увертира на изјавите на селекторот и кошаркарките, претставниците на МКФ, претседателот Димевски и генералниот секретар Лекиќ, подетално го претставија проектот чија главна цел е подигнување на нивото на женската кошарка…
повеќе...Летен турнир во кошарка 2013
Вчера во спортската сала „Билјанини Извори“ се одржа летен турнир во кошарка 2013 година. Турнирот беше во организација на КК. Колибри – Oхрид во соработка со Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид, а под покровителство на Локалната самоуправа Охрид. На Турнирот зедоа учество околу 150 деца од Охрид, Кичево, Кавадарци и Струга. На настанот, во име на градоначалникот на град Охрид д-р. Никола Бакрачески се обрати в.д. директорот на Ј.П. Билјанини Извори – Охрид Иванчо Цветкоски. Цветкоски нагласи дека овој настан е дел од стратегијата на јавното претпријатие за развој на…
повеќе...Летен кошаркарски турнир во Охрид
Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид информира дека на ден 01.06.2013 година (сабота) во периодот од 13:00 до 19:00 часот во спортската сала во склоп на Ј.П. „Билјанини Извори“ ќе се одржи летен кошаркарски турнир 2013 година. Турнирот е во организација на КК. Колибри – Oхрид во соработка со Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид, а под покровителство на Локалната самоуправа – Охрид. На турнирот учество ќе земат деца родени 2000-2012 година во категорија мажи. Екипи кои ќе учествуваат на овој турнир се: • КК. Колибри Охрид • КК. МЗТ Скопје •…
повеќе...Закажан првиот тренинг од подготовките за Медитеранските игри
Репрезентацијата на Македонија која од 18 до 25 јуни ќе настапува во Мерсин, Турција на Медитеранските игри. Кошаркарите ги почнуваат подготовките во понеделник (3 јуни 2013 година). Првиот тренинг во понеделник ќе почне од 10.30 часот во салата „Градски Парк“ во Скопје. Селекторот Марјан Србиновски ги повика следните 17 кошаркари: Александар Костоски Дарко Соколов Марко Симоновски Бојан Трајковски Владимир Брчков Андреј Магдевски Кристијан Николов Стојан Ѓуроски Бојан Крстевски Горјан Марковски Оливер Двојаковски Љубомир Младеновски Огнен Стојановски Александар Штерјов Димитар Караџовски Марјан Јанески Синиша Аврамовски Настапот на Медитеранските игри ќе биде…
повеќе...Тренерска Клиника – Охрид 2013
На 15 и 16 јуни во салата „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одржи Тренерската клиника 2013, на која предавања ќе одржат некои од најеминентните тренерски имиња во Европа и во светот. Меѓу нив и најтрофејниот евроски тренер, Жељко Обрадовиќ заедно со неговиот асистент Димитриос Итудис, како и потпретседателот на Младинската Комисија на ФИБА Европа и Претседател на Стручниот совет на Федерацијата на Словенија, Тоне Крумп. Жељко Обрадовиќ и Димитриос Итудис во своите предавања ќе ги опфатат темите: „пик-енд-рол напад“, „напад против зона“, „индивидуална работа на шут со бековите“ и…
повеќе...Рангирање на кандидатите за упис во спортската академија – кошарка
Резултатите на кандидатите за прием во спортската академија (кошарка), се добиени врз основа на спроведената опсервација, мерење и тестирање на антропометриските карактеристики, телесниот состав, моторните, специфично–моторните и функционалните способности. Во женската селекција, рангирани се 12–те кандидатки, кои се појавија на терминот за втора селекција и сите 12 успешно ги минаа тестирањата. Во машката селекција, рангирани се 30–те кандидати, кои се појавија на терминот за втора селекција. Од нив, прворангираните 20 остваруваат право на упис во спортската академија во новата учебна година. РАНГИРАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА УПИС ВО СПОРТСКАТА АКАДЕМИЈА –…
повеќе...Почеток на подготовките за квалификациите за женскиот Евробаскет
Селекторот Горан Јовановиќ, заедно со асистентот Моника Гаврилоска, со 18 кошаркарки во Скопје ќе го почнат подготвителниот период за настапот на квалификацискиот турнир за женскиот Евробаскет кој ќе се одигра на почетокот на јуни во Израел. Првиот собир на женската сениорска репрезентација е на 6 мај. На квалификациите за женскиот Евробаскет 2015, Македонија се наоѓа во силна група со Израел, Германија и Португалија. Турнирот ќе се одигра од 7 до 9 јуни годинава, а само првопласираната репрезентација ќе обезбеди пласман на завршниот турнир. „Групата е навистина тешка. Германија е редовен…
повеќе...Втора фаза од селектирањето за упис во кошаркарската академија
По прегледувањето на резултатите на сите кандидати од седумте одржани селективни тренинзи во првата фаза на селектирање за упис во прва година во Националната Спортска Академија, вкупно 53 осмоодделенци (33 машки и 20 девојчиња) продолжуваат во втората фаза на селектирање за учебната 2013/14. Тренинзите од втората фаза на селектирање ќе се одржат на 29 април 2013 (понеделник) во спортската сала „Методија Андонов Ченто“ во населбата Маџари во Скопје (спортска сала на ОУ „Наум Наумовски Борче“). Ќе се одржат два тренинзи и тоа тренингот за кандидатите кои живеат во Скопје е…
повеќе...