Кожув ќе ја добие фер-плеј наградата во БИБЛ

Спортскиот директор на Балканската Лига, Шај Штрикс, со допис до претседателот на Кожув, Томе Главчев, се заблагодари на македонскиот клуб за одличната организација на натпреварите, односот кон гостинските екипи, судиите и претставниците на лигата, пренесувајќи дека со задоволство овогодинешната награда за фер-плеј во БИБЛ, оди кај Кожув. „Би сакал лично да ви се заблагодарам за одличните кошаркарски настапи на вашиот клуб, за одличното домаќинство и прекрасниот однос кон сите нас, претставниците од БИБЛ, судиите и гостинските екипи. Сакам да се заблагодарам на сите членови на вашиот клуб, тренерите, менаџментот и…

повеќе...

Кожув со победа ја затвори дебитантската сезона во БИБЛ

Екипата на Марјан Србиновски успешно ја заврши дебитантската меѓународна сезона, со 9-та победа во вкупно 14-от одигран натпревар во Балканската лига. Со триумфот над Ѓуро Ѓаковиќ од 75-62 пред домашната публика, Кожув ја затвори сезоната на седмата позиција. Интересен натпревар се играше пред повторно речиси полната сала „26 Април“ и покрај тоа што самиот меч немаше посебно резултатско значење. Тренерот Марјан Србиновски повеќе ги разигруваше резервните кошаркари, на кои секако ќе смета пред продолжението од домашната Суперлига, а гостинскиот состав од Хрватска подобро го почна натпреварот и рано поведе со…

повеќе...

МЗТ Скопје го освои шестиот трофеј во Купот на Македонија

Во одлична кошаркарска атмосфера, пред полните трибини во СЦ „Борис Трајковски“, МЗТ Скопје Аеродром и Куманово одиграа атрактивен и доста неизвесен финален натпревар, кој на крајот им припадна на избраниците на Алеш Пипан, за одбрана на трофејот во Купот на Македонија. Дамјан Стојановски и Александар Костоски го поделија МВП признанието. Многубројните присутни навивачи на двете екипи во нашата најголема арена, претставуваа дополнителна мотивација за кошаркарите на МЗТ и Куманово, кои знаеја да ги наградат со еден одличен натпревар, кој беше генерално изедначен во поголемиот негов тек. Борис Бакиќ одлично го…

повеќе...

Куманово слави Фајнл Фор во БИБЛ

Сигурна победа остварија избраниците на Љубислав Луковиќ на последниот натпревар на домашен терен во Топ Шест фазата, која носи огромен успех во дебитантската сезона во балканското друштво. Куманово на коло до крајот, го осигура своето место меѓу четирите најдобри и заслужено го слави пласманот на Фајнл Фор турнирот. Брзо опоравувајќи се од тесните порази против Рилски, односно Фени Индустри, кошаркарите на Куманово уште од самиот почеток на натпреварот против Теодо покажаа квалитетна игра и самоувереност дека ќе стигнат до важната победа. По само четири минути игра, македонскиот претставник, предводен од…

повеќе...

Крка 68-80 МЗТ Скопје

Во последното коло од јадранската АБА лига тимот на МЗТ гостуваше против Крка. Првото полувреме беше доста неизвесно, двете страни беа рамо до рамо, но сепак и двете први четвртини домашните ги добија со по еден поен разлика, односно Крка на полувреме замина со водство од 40-38. Уште на самиот почеток на второто полувреме нашите кошаркари ја анулираа предноста која ја имаше домаќинот на полувреме. Добрата и храбра игра на кошаркарите на МЗТ Скопје во третата четвртина ни донесе високо водство со резултат 53-61. Уште поубедлива беше последната четвртина каде…

повеќе...

МЗТ Скопје со 66-64 го совлада Партизан

Пред преполните трибини на СЦ „Борис Трајковски“, на кои беа проценети повеќе од 7.000 гледачи, МЗТ Скопје Аеродром триумфално го заврши последниот настап на домашен терен во дебитантската сезона во АБА лигата. Тимот на Алеш Пипан славеше во неизвесната завршница со 66-64, задржувајќи ги шансите за посакуваното шесто место на табелата. Вистински подарок обезбедија кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром за многубројните свои навивачи за крај на сезоната во престижното меѓународно натпреварување. Последниот противник на домашен терен беше и веројатно најатрактивниот во лигата, а победата, до која стигнаа со многу храброст,…

повеќе...

Даниел Димевски со нов мандат на чело на МКФ

Членките на Собранието на МКФ го избраа досегашниот претседател, да ја предводи Федерацијата и во наредните четири години. Седницата на Собранието на МКФ, која се одржа во хотел „Александар Палас“ во Скопје, му даде доверба на М–р Даниел Димевски уште во еден мандат да ја предводи македонската кошарка. Без ниту еден глас против и со 28 кандидатури од 34 членки на МКФ со право на избор, поддржана е програмата за работа на УО на Федерацијата во наредниот четиригодишен период. „Им благодарам за довербата на сите чинители во кошарката, ова е…

повеќе...

Пораз на Куманово во најдобриот натпревар во историјата на БИБЛ

По 50 минути максимално изедnачена игра, во која Куманово имаше повеќе шанси за победа која би им обезбедила пласман на Фајнл Фор, Рилски Спортист успеа да слави по второто продолжение со 117-114, нанесувајќи им го првиот пораз на кумановци пред своите навивачи. Официјалната интернет-страница на БИБЛ лигата, веќе го нарече „најдобриот натпревар во историјата“. Пред полните трибини во Куманово, домашниот состав многу подобро го почна натпреварот и по само две минути игра, веќе водеше со 8-0. Костоски и Инграм играа одлично однадвор, Луковиќ доминираше во рекетите и иако многу рано…

повеќе...

Одржан првиот селективен тренинг во Битола

Вчера во спортската сала „Младост“ во Битола се одржа првиот селективен тренинг за упис во кошакарската паралелка на Националната Спортска Академија во учебната 2013/14 година. На тестирањето присуствуваа 27 кошаркари и 8 кошаркарки. Стручниот тим на Академијата, во состав Бранко Крстевски, Марјан Лазовски и Драган Василов, со младите осмооделенци одработи серија вежби и тестови, за утврдување на талентот и нивната елементарната техничка подготвеност. Секој од елементите на тестовите, вклучувајќи шут, дриблинг, додавање, водење, кошаркарски став и слично, беше прецизно оценуван, по што се добива детална слика за кошаркарската основа на…

повеќе...

Пораз на МЗТ на гостувањето кај Шолнок во Унгарија

Актуелниот македонски шампион го доживеа 12-от пораз во вкупно 24-те одиграни натпревари во АБА и на две кола до крајот се наоѓа на осмото место на табелата. Слабото прво полувреме и двоцифрената негатива беа главна причина за поразот и покрај резултатското враќање во второто полувреме. Не успеа МЗТ Скопје Аеродром да ја повтори добрата игра од првиот меч против Шолнок игран во Скопје, кога избраниците на Алеш Пипан ја остварија и највисоката победа сезонава во АБА лигата, изразена преку 34 поени разлика. Агресивната одбрана на унгарскиот тим, кој уште од…

повеќе...