КК „АВ Охрид“ дебитираше со убедлива победа

Успешен старт на кошаркарите на КК „АВ Охрид“ во дебито во Втората кошаркарска лига. Охридските кошаркари убедливо го совладаа тимот на КК „Ангели“ од Кисела Вода Скопје, со резултат 114-62. Наредниот натпревар КК „АВ Охрид“ ќе го игра во сабота (31 октомври) повторно пред домашна публика во Спортската сала „Билјанини Извори“, против КК Пелистер.

повеќе...

КК „АВ Охрид“ оваа сабота ќе дебитира во втората Македонска кошаркарска лига

Поради откажување на екипите на КК „Гоце Делчев“ и КК „Борец Баскет“, но и поради неплатена котизација на дел од клубовите, стартот на Втората машка кошаркарска лига беше пролонгиран за една недела. Кошаркарскиот клуб „АВ Охрид“ викендов ќе го има својот дебитантски настап во Втората македонска кошаркарска лига. „Се покануваат сите љубители на кошарката од Охрид и Струга во сабота да ги бодрат охридските кошаркари да ја извојуваат првата победа пред охридската публика.“ – вели техничкиот секретар на КК „АВ Охрид“, Марјан Бошалевски. Натпреварот е закажан во сабота (24-ти октомври)…

повеќе...

Победа во гости за МЗТ против Сутјеска во регионалната АБА лига

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје на гостувањето во Никшиќ ја оствари првата гостинска победа сезонава во АБА лигата. Дебитантот во регионалната лига Сутјеска е совладан со 77:68 (21:21; 18:11; 17:19; 21:17). За нашиот шампион ова е трeтиот триумф по шест одиграни кола во регионалното друштво. Металците заслужено ги освоија бодовите во Никшиќ бидејќи во сите 40 минути од мечот беа подобриот и поквалитетниот тим. Најефикасни кај МЗТ Скопје беа Данило Мијатовиќ со 18 поени и Дамјан Стојановски со 15. По 6 кола МЗТ Скопје Аеродром е на одличното 5 место…

повеќе...

Пролонгиран стартот на Втората кошаркарска лига

Здружението на клубови од втора лига мажи денес одржа седница во просториите на МКФ во Скопје. Поради откажување на екипите на КК „Гоце Делчев“ и КК „Борец Баскет“, но и поради неплатена котизација на дел од клубовите, стартот на Втората машка кошаркарска лига е пролонгиран. Ждребот за натпреварите за сезоната 2015/2016 е закажан во вторник (20 октомври). WebOhrid

повеќе...

Втората машка кошаркарска лига ќе добие нов распоред на натпревари

Поради откажување на екипите на КК „Гоце Делчев“ и КК „Борец Баскет“, Здружението на клубови од втора лига мажи свика седница на која ќе биде направен нов распоред на натпревари за сезоната 2015/2016. → СЕДНИЦА ← Седницата ќе се одржи утре (15 октомври) со почеток во 13:00 часот во просториите на МКФ во Скопје. WebOhrid

повеќе...

КК „АВ Охрид“ во сабота ќе дебитира во втората Македонска кошаркарска лига

Кошаркарскиот клуб „АВ Охрид“ викендов ќе го има својот дебитантски настап во Втората македонска кошаркарска лига. „Се покануваат сите љубители на кошарката од Охрид и Струга во сабота да ги бодрат охридските кошаркари да ја извојуваат првата победа пред охридската публика.“ – вели техничкиот секретар на КК „АВ Охрид“, Марјан Бошалевски. Натпреварот е закажан во сабота (17 октомври) во Спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.  

повеќе...

Нов пораз за МЗТ Скопје, овој пат од Мега Лекс

Нов пораз за кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје А. во регионалната АБА лига. Во 4 коло металците се поразени од српскиот прволигаш Мега Лекс со 82-70. Сино белите од Аеродром одиграа уште еден резултатски неверојатен меч. Избраниците на Пипан иако во 11 минута имаа убедлива предност од цели 20 кошеви, на крајот сепак на одличниот тим на Мега Лекс предводен од нашиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски мораа да му го честитаат заслужениот триумф. Слабата одбрана во последните три четвртини и големиот број на грешки беа клучниот фактот за третиот…

повеќе...

МЗТ Скопје поразен од Партизан

Кошаркарите на нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром пропуштија шанса за голем триумф над најтрофејниот тим во регионалната АБА лига Партизан и тоа во Пионир во Белград. Металците загубија со 72-69 (23:25, 15:24, 17:12, 17:8) иако во третата четвртина имаа убедлива предност од +13 кошеви, забележувајќи го на крајот вториот неуспех во регионалното друштво. Учениците на Пипан одиграа три одлични четвртини против подмладениот тим на Партизан, но лошиот финиш беше клучен за вториот пораз во сезоната во АБА. Плејмејкерите на МЗТ Скопје во последните 12 минути од средбата имаа големи проблеми…

повеќе...

Убедлива победа на МЗТ Скопје против Металац во АБА лигата

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го забележа премиерниот триумф во новата сезона од АБА лигата. Металците во СЦ „Јане Сандански“ во 2 коло од регионалата лига го декласираа српскиот прволигаш Металац со 93-67. Со доминатна игра во сите 40 минути од средбата кошаркарите на МЗТ Скопје заслужено стигнаа до првиот сезонски триумф во регионалното друштво. Враќањето во тимот на повредениот плејмејкер Марко Љубичиќ веднаш се почувствува во играта на „металците“. Сите линии во тимот фукционираа многу подобро отколку на стартниот меч во Љубљана. Само во првите 10 минути гостите од…

повеќе...

Конкурс за ангажирање членови на стручен тим за паралелките за кошарка во Спортската академија во Кавадарци и Охрид

МКФ објави Конкурс за ангажирање на членови на стручен тим за работа со ученици во паралелките за кошарка во Спортската академија во Кавадарци и Охрид. Предност при избор за тренер имаат кандидатите кои познаваат најмалку еден светски јазик, што се утврдува преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор. Конкурсот може да го видите на следниот линк: КОНКУРС

повеќе...