Кривична пријава за охриѓанец поради узурпација на недвижности

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Џ.(50) од Охрид. Во периодот од 9-ти јули до 16-ти август минатата година, пријавениот со намера за владение без било каков правен основ, кај плажата „Корали“ завзел  туѓа недвижност односно имот сопственост на Република Македонија во вкупна површина од 5082 метри квадратни. Просторот го оградил и без одобрение за поставување на урбана опрема издадено од градоначалникот, поставил три покриени шанкови  со разни димензии, три летни тераси, една кружна дрвена настрешница, една метална…

повеќе...

Кривични пријави за лица од Поградец за сторено кривично дело „криумчарење“

Поднесени кривични пријави против две лица од Поградец, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело „криумчарење“. На 17.02.2014 година, во 19,10 часот, на граничниот премин „Св. Наум“ на излез од Република Македонија извршен е преглед на возило во кое биле пријавените, при што се пронајдени 225 килограми челични елементи (винкли, плочки, шајбни, завртки и др.) во износ од 41.512 денари.

повеќе...

Приведени лица, од кои тројца полициски службеници, инволвирани во случај на криумчарење мигранти

Одделот за сузбување на организиран и сериозен криминал, постапувајќи по Наредби издадени од страна на Судија на претходна постапка, изврши претрес на дом и други простории во четири објекти, од кои еден на подрачјето на Тетово и три објекти на подрачје на Струга и приведени се четири лица македонски државјани, од кои тројца се полициски службеници. Овие активности се резултат на истрагата по случајот за којшто претходно веќе е поднесена кривична пријава на 20.12. минатата година, против петмина членови на криминална група (А.Г. З.С. В.М. З.А. и Б.Ж), која во…

повеќе...

Ги напаѓал оштетените од зад грб и им ги одземал чантите

СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (33) поради основано сомнение дека извршил две кривични дела – “тешка кражба на дрзок начин“ за што од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Кривичните дела пријавениот ги извршил во период од 13.12. 2013 до 13.02.2014 година, на подрачје на ПС ОН Аеродром, во попладневните часови на тој начин што на оштетените им приоѓал од зад грб и со употреба на физичка сила, насилно, во првиот случај одзел женска чанта…

повеќе...

Во два различни случаи на криумчарење мигранти откриени 14 лица од Еритреја, Сирија и Авганистан

Oделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и редмисија поднесе кривични пријави против лицата Д.Д. (33) од Неготино со престојувалиште во село Дуброво и Т.В.Џ. (34) од Неготино, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – ’криумчарење мигранти“. Имено на 15 овој месец околу 21 часот првопријавениот во предходен договор со второпријавениот за сума од сто евра превзел на локалниот кај бензинската пумпа на Лукоил, на стариот пат за село Богородица за влез во Гевгелија, вкупно пет мигранти од Еритреја, кои ги прифатил и превезувал со ПМВ марка „Нисан“ со…

повеќе...

Откриени 25 случаи на класична корупција, а кривично пријавени 57 лица

Во делот на класичната корупција во текот на минатата 2013 година евидентирано е зголемување за 19% по односно на регистрираните и откриени кривични дела во оваа област од криминалот за 2012 година. Односно откриени се девет (11) дела „примање поткуп“ и за истите се пријавени 14 (15) сторители, девет (осум) дела „давање поткуп“ за кои се пријавени 26 (13) сторители, пет (две) дела „противзаконито посредување“ за кои се пријавени 13 (двајца) сторители и две дела (/) „поткуп при избори и гласање“ за кои се пријавени четворица сторители. Во овој дел…

повеќе...

Со туѓа платежна картичка преку нелегални трансакции „спечалила“ 402.187 денари

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (34) од Скопје, сопственик на туристичка агенција „НОА Травел“ Доо Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по член 274-б ст.1, предвидено и казниво по Кривичниот Законик на Р.Македонија. Пријавената со намера да се стекне со противправна имотна корист, употребила податоци од вистински платежни картички од странски државјани, при што во мај 2012 година на продажно место од туристичката агенција „НОА…

повеќе...

Пронајдена дрога кај лице од Велес, истата ја набавил од Охрид

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против А.Ф.(48) од Велес, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 19.07.2013 година, при извршен преглед над пријавениот во кутија цигари пронајдена и одземена е 0,63 грама марихуана, а истата ја набавил од лице од Охрид за износ од 100 денари.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради овозможување на употреба на наркотична дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Д.(20) од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. На 02.08.2013 година на паркинг кај плажата во Охрид, по извршен преглед во патничко возило, сопственост на пријавениот, затекнат е пријавениот заедно со лицето К.Ш.(19), при што е пронајдено 3,1 грам марихуана. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот дрогата ја набавил од непознато лице и од истата му овозможил да ужива К.Ш.

повеќе...

Кривична пријава за полицаец од Струга поради злоупотреба на службената положба и овластување

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против П.В. (32) од Струга, полицаец во ПС за ГК и ГН „Ќафасан“ при РЦ за ГР „Запад“, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 19.04.2013 година, пријавениот во својство на службено лице на ГП „Ќафасан“ бил распореден на работно место-пасошка контрола на излез од Р Македонија, кој по барање на царински службеник во компјутерската евиденција завел фиктивен излез на патничко возило „џип“ и моторцикл „хонда“, сопственост на лице од Скопје со што овозможил избегнување на…

повеќе...