СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К. (45) од Струга, Ј.Н. (45), двајцата геодети како и против правното лице „Гео Практика“ ДОО Охрид, за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“. Во периодот од 2013 и почетокот на 2014 година, пријавените како одговорни лица во наведеното друштво во канцеларијата каде вршеле геодетски услуги на еден од компјутерите безправно инсталирале и користеле нелиценциран софтвер. На 29.01.2014 година од страна на МВР во соработка со Координативното тело за интелектуална сопственост извршена е контрола…
повеќе...Tag: криминал
Кривична пријава за извршител за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид против лицето Д.Ф. (58), извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, поднесе кривична пријава. Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите на своето службено овластување и спротивно на донесено решение од Основниот суд во Охрид, бесправно презел извршни дејствија за насилно отворање на врата, влегување, прибирање на податоци за проценка и заменување на оштетена брава со нова, во стан во населбата „Расадник“. Тоа го направил постапувајќи по…
повеќе...Шестчлена криминална група од Кичево извршила тешки кражби во единаесет куќи
Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно единаесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(19), Ф.М.(20), И.Ј.(20), Е.Б.(37), М.К.(20) и Г.К.(26) од Кичево. Пријавените, серијата тешки кражби ги извршиле во периодот од август минатата до февруари оваа година, користејќи метален мајсторски алат „Штемајз“ и други подесни предмети со кои ги оштетувале бравите и ги отварале влезните врати од куќите во Кичево и неколку други околни села. А.Е. и И.Ј. посебно биле вешти за насилно отворање на прозорците од приземјето на куќите. Шестчлената група…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец поради пронајдена дрога во неговото возило
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В.(32) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.03.2013 година, во Охрид на бул. „Туристичка“ извршена е контрола на патничко возило, управувано од пријавениот при што е пронајдена два грама мешавина од марихуана и тутун. Истиот ден е извршен е претрес и во неговиот стан во Охрид од каде се одземени една таблета „амфетамин“ и 0,1 грам марихуана.
повеќе...Охриѓанец со лопата, нож и тегла со мед ги избркал туристите од туристичкиот комплекс „Св.Наум“
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“, СВР Охрид против М.Т.(31) од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавениот, казненото дело го извршил на деветнаесетти овој месец околу 15 часот и 30 минути во ресторантот „Св.Наум“ лоциран во туристичкиот комплекс „Св.Наум“. Изреволтиран поради претходна вербална расправија помеѓу гости од Бугарија и неговиот родител, пријавениот М.Т. започнал да ги крши прозорците, чашите и другиот ресторантски инвентар по што со лопата го нападнал сопственикот на угостителскиот објект. По кратко време со нож кој го одзел од шанкот, упатил закани кон гостите…
повеќе...Кривична пријава за лице од Охрид поради противправно лишување од слобода
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(25) од Охрид, за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 03.01.2014 година, во кафе бар во Охрид пријавениот со употреба на физичка сила ја извлекол надвор од објектот К.П.(19), при што ја качил во своето патничко возило „голф“ упатувајќи се кон нас.Рача во Охрид. За време на возењето во возилото пријавениот физички ја малтретирал К.П., а по 30 минути ја ослободил.
повеќе...Кривична пријава за стружанец поради обид за силување
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.В.(25) од Струга за сторено кривично дело „силување“ во обид. На 27.12.2013 година, на ул. „Богомилска“ во Охрид пријавениот дошол во куќата каде престојувала Б.Р.(33) од Кавадарци, при што со употреба на физичка сила се обидел да изврши силување над истата, но откако му се заканила дека ќе повика полиција пријавениот го напуштил станот.
повеќе...Маскирано лице со закана со пиштол се обидело да изврши разбојништво во казино во Струга
На 26 јануари околу 02:55 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“ во казино „Сенатор“ непознато лице маскирано со закана со пиштол се обидело да изврши разбојништво над вработените. Имено, лицето побарало пари, а откако вработените му се спротивставиле, истото излегло од објектот и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
повеќе...Кривична пријава за жител од Мислешево поради изнуда
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“, полициската станица од Струга против А.П.(30) од Мислешево поднесе кривична пријава. Пријавениот, казненото дело го извршил на единаесетти овој месец околу 13 часот на паркинг во централното градско подрачје. Тука, требало да се сретне со Р.Д. од селото Подгорци, со кого претходно, лажно претставувајќи му се, остварил телефонски контакт заради склучување договор за купување патничко моторно возило од Италија. Во моментот на нивната средба, пријавениот А.П. извршил физички напад врз Р.Д. удирајќи го со тупаници во пределот на главата, почнал…
повеќе...Кривична пријава за жител од Октиси поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје
ПС Струга поднесе кривична пријава против Н.Д.(41) од с.Октиси, струшко, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.04.2013 година, на регионалниот пат Струга-Дебар од страна на полициски службеници од ПС за БПС е запрено патничко возило „опел“ управувано од пријавениот, по извршен преглед во возилото во багажникот под резервната гума се пронајдени четири куршуми кал. 9 мм. наменети за повеќе модели пиштоли и одредени автоматски оружја.
повеќе...