Кривична пријава за кражби против пет лица од кои тројца малолетници

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 4 казнени дела од кои три „Тешка кражба“ и една „Кражба“, секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Ж.П.(18) С.Б.(16) Н.М(17) Т.Ј.(18) и Ф.З.(15) сите од Охрид.   Се работи за лица кои по претходен договор, на деветти овој месец  околу 23 часот од кабарето „Фејмос“ лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид одзеле поголемо количество виски, вотка, пиво и други алкохолни пијалоци. Тие, откако не успеале со физичка сила да ја отворат вратата од помошните простории, пронашле шипка…

повеќе...

Поднесена кривична пријава против две лица од Струга за сторено казнено дело „Разбојништво“

Полициската станица од Струга, против Б.Р.(46) од струшкото село Велешта и В.Р.(41) од Струга поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“. Пријавените, казненото дело го извршиле со уште едно лице на 11-ти овој месец околу 11 часот во близина на градскиот пазар во Струга. Тука, го забележале лицето Н.Ф.(51) од Струга, го причекале да влезе во своето возило-џип „Даеву“ по што пријавениот Б.Р. застанал од десната страна на возилото и започнал вербална расправија со оштетениот а потоа и вербални закани по неговиот живот. Расправијата…

повеќе...

Притворени двајца стружани кои извршиле повеќе кражби

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 13 казнени дела од кои седум „Тешка кражба“ и шест „Кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(29) и Р.М.(34) двајцата од Струга. Истражен судија на Р.М. му одреди мерка притвор во траење до 15 дена.   Пријавените, кражбите ги извршиле од Октомври минатата до Мај оваа година во станови, работилници, гаражи, камп приколки, стоваришта за градежни материјали во Струга и струшкото село Мислешево. Тие одземале бормашини, циркулар машини, хилт апарати и други електрични работни машини и алати, акумулатори,…

повеќе...

Двајца дебарчани со крадење „печалеле“ во Охрид

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 10 казнени дела од кои девет – “тешка кражба“ и едно кривично дело – “кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против А.М.(20) и Е.К.(18), двајцата од Дебар. Се работи за лица кои по претходен договор, во текот на минатиот месец во повеќе наврати доаѓале од Дебар во Охрид со намера да ги извршат кражбите. Тие одземале златен накит, пари, лап топ компјутери, мобилни телефони, протеински препарати, колонијални производи, фен, радио касетофон и други предмети со што се стекнале…

повеќе...

Македонија и Русија заеднички против трговијата со дрога

На маргините од годинашнава 30-та конференција на глобалната асоцијација ИДЕК за борба против трговијата со дрога што се одржува во Москва, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и првиот човек на руската Федерална служба за контрола на наркотици Виктор Иванов го парафираа заедничкиот План на двете институции во поглед на борбата против недозволената трговија со дрога за наредниот тригодишен период (2013/2015 година). Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Планот за заеднички активности, потпишан врз основа на постоечкиот Договор за соработка во областа на недозволената трговија со дрога меѓу македонското…

повеќе...

Им понудиле да им продадат „Мерцедес“, а потоа ги ограбиле

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“ СВР Охрид  поднесе кривична пријава против Г.П.(37) и Г.П.(37) двајцата од Охрид. Второпријавениот е во бегство поради што СВР Охрид презема интензивни мерки  за негово пронаоѓање.  На трети овој месец, прво пријавениот на автобуската станица во Охрид, по претходен телефонски договор ја пречекал брачната двојка Р.Ѓ. и С.Ѓ. од Скопје со кои имал претходни телефонски контакти околу купопродажба на патничко моторно возило марка „Мерцедес“. Неодамна, двајцата пријавени на социјалните мрежи поставиле оглас за продажба на патничко моторно возило марка „Мерцедес…

повеќе...

Под дејство на алкохол вршел ископување на Плаошник

На 03.06.2013 година, во 23:40 часот во ПС-Охрид, вработен како обезбедување во комплексот „Плаошник“, пријавил дека во комплексот, преку заштитната ограда влегло едно непознато лице со ПМВ и најверојатно врши ископување. Од страна на УПС излезено е на лице место, при што е констатирано дека се работи за В.Т.(45) од Охрид, кој со ПМВ „фолксваген“ влегол преку оградата во комплексот „Плаошник“, а кога дошле УПС, се дал во бегство. Истиот бил видно под дејство на алкохол и по издадената усна наредба да застане, истиот почнал да фрла камења кон УПС,…

повеќе...

Околу 100 илјади евра запленети на Табановце

Вчера, (02.06.2013 година) околу 15:30 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин пристигна лице со иницијали О.Р., македонски државјанин од Скопје. До границата, О.Р. пристигнал со автобус, но на меѓупросторот помеѓу Србија и Македонија одлучил да слезе од автобусот и да ја помине границата пеш. Заобиколувајќи го цариникот кој во тој момент вршеше преглед на возило, лицето ја помина пасошката контрола. Полициски службеник го стопира десетина метри подолу, враќајки го назад за да му се изврши царинска контрола. Прашан дали има нешто да пријави, лицето одговори дека со…

повеќе...

Приведен првоосомничениот во врска со случајот со „фабриката“ за марихуана во Драчево

Вчера (02.06.) припадниците на Единицата „алфа“ го лоцираа и приведоа А.Г. (32) од Скопје кој беше баран по наредба на Основен суд Скопје 1- Скопје. Лицето беше приведено во ресторанот „Панорама“ во село Волково во 01:00 часот а потоа е прадеден во ПС Кисела Вода. Инаку, А.Г. е првоосомничен во случајот со т.н. мини фабрика за производство на марихуана откриена во магацински простор во скопската населба Драчево во декември 2011 година. Како што МВР тогаш ја информираше јавноста во магацинскиот простор беа откриени 1000 садници канабис сатива, односно марихуана, распоредени…

повеќе...

Со „Калашников“ испукал повеќе куршуми во угостителски објект во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Предизвикување општа опасност“ секторот за внатрешни работи Охрид против Б.П.(33) од Охрид поднесе кривична пријава. Во пријавата е опфатено и лицето Т.Н.(42) од Охрид за сторено казнено дело „Помагање“. Синоќа околу 23 часот и 50 минути, пријавениот Б.П. со автоматска пушка „Калашников“ испукал повеќе куршуми во угостителскиот објект кабаре „Беко“ во Охрид. Двајцата пријавени, во кабарето пристигнале синоќа околу 22 часот и 30 минути и побарале да бидат послужени со алкохолен пијалок. По кратко време, пријавениот Б.П. со пивско шише почнал…

повеќе...