Висока делегација од Женева утре во посета на Црвен крст Охрид

Бројните активности на Црвен крст Охрид, засновани на ширење-дисеминирање на знаењата и идејата на движењето на Црвениот крст, од самите зачетоци на хуманата мисија отелотворени во основоположникот на идејата и движењето на Црвениот крст, швајцарскиот трговец Henry Dunant (Анри Динан) и во таа насока, бројните признанија што Црвениот крст ги добива во национални и меѓународни рамки, беа повод, во официјална посета на Црвен крст Охрид да претстојува  висока делегација од Женева, предводена од Roger Durand (Роже Дуран) Претседател на Асоцијацијата на Анри Динан за Женева, заедно со  Elizabethe Moynier (Елизабет…

повеќе...

Уште една активност на Црвен крст Охрид – „Like за Bike“

Пешачење, возење велосипед, ролање, спортување, конзумирање здрава храна, беа дел од активностите кои денес Црвен крст од Охрид ги спроведе под мотото„Like за Bike“. Целта на настанот беше одржување на здрави животни навики и подобрување на својата здравствена состојба и физичка кондиција. Стартот на активноста беше на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, од каде организирано по патека покрај езерото, се тргна со велосипеди, пеш, со ролери, до плажата Горица 1 (Парк). „Голем број на љубители на физичката активност, оние кои сакаат да практикуваат здрав начин на живот, ги имаме…

повеќе...

Црвен крст продолжува со своите активности, овој пат под мотото „Like за Bike“

Под мотото „Like за Bike“, Црвен крст Охрид продолжува со своите активности насочени кон поттикнување на нашите сограѓани за практикување на физичка активност со цел одржување на здрави животни навики и подобрување и на својата здравствена состојба и физичка кондиција. Во таа насока, Црвен крст Охрид ги повикува сите оние кои сакаат да поминат еден прекрасен сончев ден во пешачење, возење велосипед, ролање, спортување, конзумирање здрава храна, да бидат утре 29-ти март (сабота) во 11 чсот на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, од каде организирано по…

повеќе...

Опција повеќе за младите од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при…

повеќе...

Предавање на тема „Работа со деца со посебни потреби со акцент на нивното вклучување во образовниот процес“ во петок во Црвен крст Охрид

Во просториите на Црвен крст Охрид во петок, 28-ми март, од 19:00 часот ќе се одржи предавање на тема Работа со деца со посебни потреби со акцент на нивното вклучување во образовниот процес, идентификување на нивното основно познавање на одредени вештини и потребите кои ги имаат овие деца. Предавач ќе биде Сара МекФитерс, волонтер на Мировниот корпус од Соеднитетите американски држави во Македонија, моментално на волонтерска работа во училиште во Велес, а со претходно тригодишно работно искуство со деца со посебни потреби во Бугарија. „Предавањето е од отворен тип и…

повеќе...

Успешно реализирана последната сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот

Во просториите на Црвен крст Охрид, денеска се одржа четвртата, последна сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот. „Пиењето алкохол не е во мода како што беше еден период, младите на запад веќе избраа нов модел на однесување, а тоа е трезвениот модел. Значи треба да бидат трезвени, да не го користат својот кислород, во мислите, да пие, да не пие, со кого да пие, колку, како да пие и зошто да пие. Младите знаат многу поубаво од нас, бидејќи тие се…

повеќе...

Ќе се одржи последната сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот

Утре во просториите на Црвен крст Охрид, во 12 часот ќе биде одржана четвртата, последна  сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот. На 20 волонтери од клубот на млади на Црвен крст Охрид, кои активно учествуваа на обуката ќе бидат доделени сертификати за успешно завршената обука, како и признание на Црвен крст Охрид како организација домаќин.

повеќе...

Црвен крст Охрид им додели признанија на оние кои помогнале во развојот и унапредувањето на крводарителството

Црвениот крст Охрид денеска го одбележа Денот на крводарителството во Република Македонија и денот на формирањето на Црвениот крст. Црвениот крст Охрид и 2013 година ја вбројува во успешните години во делот на крводарителството со собрани 1734 единици крв, што значи дека годишниот план за крводарителство беше надминат за 2,79%. „Треба да напоменеме дека вчера на централната свеченост добивме признание и плакета од страна на Црвениот крст на Република Македонија за исполнет план во крводарителството. Крводарителските акции продолжуваат и понатака во организација на Црвениот крст и со труд и заложба на…

повеќе...

Црвен крст Охрид утре ќе додели признанија на оние кои помогнале за развој и унапредување на крводарителството

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја поставува на високо рамниште. „Потребите од крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствените установи во нашиот град бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година. Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, годината што измина беше успешна со реализирани 1734 дарувања крв, односно…

повеќе...

Одржан голем хуманитарен концерт „Заедно сме посилни – Со музика за подобро утре“

Вечерва во  НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид,  се одржа голем хуманитарен концерт под мотото „Заедно сме посилни- Со музика за подобро утре“. Голем број на охриѓани го проследија овој хуманитарен настан. Настанот е во организација на ОО на Црвен крст Охрид и ЦКА/ПХВ програмата. „Концертот се организира по повод промоција  проектите кои ги работат младинци од 14 до 18 години во состав на програмата Црвен Крст во акција промоција на хумани вредности. Со овој концерт сакаме да покажеме  колку е моќта во младите и колку тие можат да го…

повеќе...