Положениот крст во водите на Вардар, по повод големиот христијански празник Богојавленије Водици го фати охриѓанецот Бобан Павловски. Голем број на верници, денеска учествуваа во чинот на положување на светиот крст во водите на Вардар во Скопје. Присутни беа и премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кои го даруваа Павловски. Извор: НетПрес
повеќе...Tag: крст
Јовица Башоски го фати светиот крст во Велестово
19-годишниот Јовица Башоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 30-мината скокачи. На среќниот фаќач, од црквата „Голема Богородица“ од Велестово му подарија златно крсте и икона. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Инаку, утре на вториот ден (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), традиционално новите кумови носат чајници со топла ракија и се служи во црквата Св. Богородица-Велестово. Годинава новите кумови подготвуваат и едно изненадување. WebOhrid
повеќе...Светиот крст во Рамне го фати Ристе Трајчески
Празникот Богојавление-Водици се одбележа и во селото Рамне. Најсреќен меѓу неколкуте скокачи, беше Ристе Трајчески. Велат дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. А.Андриоски/WebOhrid
повеќе...Светиот крст повторно во рацете на Петар Рупески од населбата Варош
Дваесет и седумгодишниот Петар Рупески од населбата Варош беше најсреќен меѓу стотинината верници кои денес скокаа по Светиот крст во водите на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Ова е четврти пат како Петар Рупески го фаќа Чесниот крст. Црквата му подари крст, а од градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески доби икона. На оваа масовна црковно-народна манифестација, присуствуваа неколку илјади посетители, од другите градови во земјава, како и од регионот, пред се, од Бугарија, Албанија, Грција и Србија. Манифестацијата Богојавление-Водици беше во организација на Општина Охрид…
повеќе...Новогодишна средба во Црвен Крст Охрид
Денес во просториите на Црвен Крст Охрид, се одржа традиционалната Новогодишна средба со волонтерите, пријателите и помагателите на оваа хуманитарна организација. Претседателот, Сашо Точков истакна дека годината на изминување може да се оцени како добра во однос на реализија на зацртаната програма и хуманите акции кои беа организирани од Црвен Крст Охрид. Истакнувајќи ја одличната соработка со локалната самоуправа и фирмите во градов, Точков посака и во новата 2017 година, секој од нас да го најде доброволецот во нас, за уште поуспешно и поефикасно делување на општинската организација. Во името…
повеќе...Новогодишна хуманитарна продажна изложба на украси, креации и домашни ракотворби
Црвен крст Охрид и lounge bar НОА организираат Новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата. Хуманитарната продажна изложба ќе се реализира утре во lounge bar НОА од 16:00 часот. Средствата собрани од продажната изложба ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за деца без родители, деца од самохрани родители, деца од социјално загрозените семејства и деца во згрижувачки…
повеќе...Со низа активности се одбележува Светскиот ден за борба против СИДА
1-ви декември Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2016), Црвен крст Охрид ќе го одбележи со низа активности. Со цел да се подигне нивото на свеста во јавноста за СИДА и изрази поддршка на оние кои што живеат со ХИВ, во текот на денешниот ден од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид ќе бидат поделени црвени панделки на вработените и посетителите во градските кафулиња, маркети, продавници. Во основните и средните училишта ќе бидат дистрибуирани типизирани предавања со цел учениците да се запознаат со…
повеќе...Трибина во Охрид „Превенција од болести на зависност кај младите“
Во текот на месец ноември како месец на борба против болестите на зависност (никотинизам, алкохолизам, злоупотреба на дрога), Црвен крст Охрид со своите обучени едукатори од редот на младите, реализира врснички едукации на тема зависности, во основните и средни училишта во Охрид и Дебрца. Целта беше подигнување на свеста во локалната заедница особено кај младите за постоењето на „болести на зависности“ во нашето опкружување. Со истата цел, но и како можност да даде одговори на многу горливи прашања, непознаници и дилеми по однос на болестите на зависност, своите активности во…
повеќе...Тимовите на Црвен крст продолжуваат со посетите на старите лица во руралните средини во Охрид
Во рамки на одбележување на Неделата на грижа за стари лица Црвен крст Охрид со своите тимови за социјално-хуманитарна поддршка и медицинските тимови помогнати со членови од здржението „Мозочен удар“ за борба против мозочен удар, после Дебрца, продолжуваат со посетите на старите лица во руралните средини во општина Охрид. Во текот на утрешниот ден ќе бидат посетени старите лица во селата Куратица, Опеница, Вапила и др. при што, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе им поделат хуманитарна помош и ќе вршат основни здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во…
повеќе...Едукативни работилници за мајките „Промоција на оптимално доење и дохрана на доенчиња и мали деца“
Во рамки на своите едукативни програми од здравствено-превентивната област Црвен крст Охрид во соработка со Здравствен дом Охрид од денес започнува со реализација на едукативни работилници на тема „Промоција на оптимално доење и дохрана на доенчиња и мали деца“, наменета за мајки кои ќе имаат можност и на овој начин да се запознаат со најновите препораки за оптимално доење и дохрана на своите бебиња, правилно поставување на бебето за време на доењето, најчести лактациски пореметувања, календар на редовна имунизација, превилно повивање и антирахитична профилакса, навремена дохрана, размена на искуства и…
повеќе...