Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, од 10-14 часот во Факултетот за туризам и угостителство ќе организира студентска крводарителска акција. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот. Крводарителската акција е поддржана од Лајонс клуб Лихнидос.
повеќе...Tag: крст
Положено свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан
Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и претставници на Црвен крст Зеволде од Холандија одадоа почит на основоположникот на идејата за движењето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на денешен ден пред 188 години. Затоа и 8ми мај е Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. „Насекаде во светот Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесецина е присутна за секого. Преку глобалната мреза од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и…
повеќе...Показна вежба за спасување во планински предел во Елшани
Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, денес изведе показна вежба за спасување во планински предел во село Елшани. Овој настан беше во координација со акцијата за чистење организиран од Go Green, Грашница, Ајде Македонија, а поддржан од ИМЕ програмата.
повеќе...Со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Во тие рамки ќе бидат организирани следните активности: – 08 мај 2016…
повеќе...Хуманитарен натпревар Компас 2016 „Истражи го Охрид“
Црвен крст Охрид, во соработка со Извидничкиот одред Пионер од Охрид и во партнерство со основните училишта од Охрид, годинава повторно ќе го организира хуманитарниот натпревар КОМПАС 2016, за ориентација во урбана средина, под мотото ИСТРАЖИ ГО ОХРИД. Настанот ќе се одржи денес со почеток во 9 часот на Градски Плоштад „Св.Климент Охридски“. Хуманитарниот натпревар Компас 2016 е во организација на волонтерите на Црвен крст Охрид вклучени во програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности), во која околу 30 обучени волонтери на возраст помеѓу 13 до…
повеќе...Во Охрид одбележан 22ри април – Денот на планетата Земја
Најмладите и највозрасните волонтери на Црвен крст Охрид заеднички го одбележаа 22 април, Денот на Планетата Земја. Тие во дворот на Црвен крст Охрид, со помош и поддршка на ЈП „Охридски Комуналец“, засадија садници како симбол за живот и здрава животна средина која е неопходен услов за опстанок на сите генерации. Во таа насока беа и пораките на младите кои преку креативни цртежи на плочникот пред Црвен крст Охрид, ги упатија до сите луѓе на Планетата Земја, да ја чуваме и одржуваме чиста и здрава животната средина и да се…
повеќе...Со низа активности во Охрид ќе се одбележи Денот на планетата земја
Црвен крст Охрид ќе го одбележи 22 април, Денот на планетата земја со низа активности. Во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ на просторот пред седиштето на Црвениот крст децата што ја следат Бреинобреин програмата, заедно со возрасните волонтери од Програмата за грижа за стари лица ќе засадат садници кои ќе ја симболизираат поврзаноста на генерациите преку екологијата и хуманоста. Исто така, најмладите волонтери на Црвен крст Охрид ќе ги изразат своите размислувања и пораки за заштита и зачувување на здрава животна средина преку цртање на плочникот пред Црвен крст Охрид.…
повеќе...Изложба на фотографии и изданија по повод 71 година од Црвен крст Македонија и Охрид
На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите околиски (општински) организации, на 26 март 1945 година е формирана организацијата на Црвен крст Охрид. 71 година илјадници имени и безимени хуманисти, волонтери, членови и активисти, вработени во Црвен крст Охрид, поддржувачи, помагачи, донатори, секој на свој начин, oставале и секојдневно оставаат неизбришлива трага, печат, белег во делувањето, развојот и растежот на оваа организација. Во нивна чест, а во рамки на одбележувањето на 26 март, роденденот на општинската организација, Црвен крст Охрид, денес во…
повеќе...Охрид се вклучува во глобалната акција „Часот на Планетата Земја“
Општина Охрид, во соработка со Црвен крст, утре се вклучува во најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата земја“. Во времето од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, ќе биде исклучено осветлувањето на црквата Света Софија, малиот плоштад кај музичкото училиште и гимназијата Св. „Климент Охридски“. Истовремено, во период од еден час, во мрак ќе потонат над 178 земји и 7000 градови ширум светот. Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден…
повеќе...Признанание за охридската Гимназија за придонес во развојот и унапредувањето на крводарителството
Во просториите на општинскиот Црвен крст со пригодна свеченост се одбележа 17-ти март, Денот на крводарителството во Македонија. На свеченоста беше доделена Плакета на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за придонес во развојот и унапредувањето на крводарителство.
повеќе...