Заврши уште едно успешно 19 то издание на традиционалниот василичарски карневал во Куратица. На 13 ти започна василичарската поворка во посета на сите домови во Куратица се до утринските часови кои беа послужени од домаќините. На 14 ти заврши финалната прослава која започна со групата Форум и Туше, по што следување дефилето на маските и беа избрани најдобрите детски и возрасни маски : Детски 1. Курајчки зет 2. Курајчки шеик 3. Курајчани во вселената Возрасни 1. Весели тутунари 2. Куратица во 21 ви век (легализација на тревката) 3. Политика во…
повеќе...Tag: куратица
Второ издание на оффроад авантура Куратица 2016
Во Куратица годинава по втор пат ќе се одржи оффроад авантурата КУРАТИЦА 2016. Право на учество имаат сите заеинтересирани со џипови велосипеди мотокрос љубителите на пешачењето. Предвиден е стартот од 8 часот пред курајчкото сретсело, преку планината Мазатар, Плаќенска планина, Илинска Црква, селата –Велмеј –Лешани и пристигнување –сместување кај месноста Тина (1400мнв). Од 14 часот е предвидено сместување –логорување, .За оваа година е предвидено адреналинско возење на кружна патека, каде ке имаат можност и гостите-неучесници да гледаат едно несекојдневно возење. Во вечерните часови од 19 часот е предвидено прогласување на…
повеќе...Куратица продолжува со традицијата
Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица- Голема Богородица, Куратица оваа година има со што да се пофали. Овој голем празник кој секоја година традиционално се одбележува во истоимената црква, годинава ќе биде збогатен со многубројни активности но и новитети кои се збогатени од страна на донации во селото. Оваа година донирано е црковно звоно во манастирот Пресвета Богородица, изградени се комплетно современи тоалети, како и трајна бина, која ќе има намена особено за прослава на овој голем празник. Од страна на фамилиите Јосифоски Јово и Душка…
повеќе...Курајчки карневал 2016
Заврши уште една успешна полнолетна 18 та по ред приказна на Курајчкиот карневал на кој можеа да се видат интересни маски и дружење. Меѓу најинтересните кои оставија впечаток од детските маски , „Курајчки маж“ го освои третото место, „Војо дојде –врзете ги загарите“ второ место и „Курајчки изум“ го освои првото место. Од возрасните „Курајчкиот функционер“ доби четврто место, исмејувањето на звезде гранда остави посебен впечаток кај публиката маската „Звезде гранда –Курајчка пебачица“ го освои трето место, маската „Зошто во Прилеп мајмун не игра“ гостите од Прилеп го освоија второто…
повеќе...Програма за Курајчки Карневал 2016
Програма за Курајчки Карневал 2016 13 ти Јануари – 18:00 часот тргнување на василичарската поворка од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства -Околу 04:00 часот завршување со посета на сите домаќинства 14 ти Јануари -14 часот делење ва традиционалната храна (варејнца)и пијалок за сите кои не би можеле да учествуваат на завршната церемонија, поконкретно за старите лица. – 18:00 часот, почеток на завршното василичарско празнување, со Група Маестрал – Околу 22:30 часот прогласување на најдобрите маски, проследено со огномет. – Околу 01:00 часот привршување на василичарските празнувања.
повеќе...Започна со реализација проектот „Курајчко средсело“
Деновиве започна со реализација проектот „Курајчко средсело“ со кој е предвидено до одредена висина рушење стариот руиниран објект поставување на нов кров, уредување на простор со скара и шанк кој ке служи за сите манифестации, како и зачувување на неговата автентичност (камен). Години наназад претставуваше голема опасност за случајните минувачи, посетителите на селото при одржување на било какви манифестации, секако и туристите кои го посетуваат Куратица во текот на целата година. Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид и стратешките цели во областа на туризмот, главна намена…
повеќе...Викендов во Куратица авантура на велосипеди, џипови, мотокрос и планинарење
Со цел збогатување на културната и рекреативна програма во охридското село Куратица годинава на 5-ти и 6-ти септември Месната задница Куратица во соработка со Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „З’ш“, ќе ја организираат најмасовната авантура на велосипеди, џипови, мотокрос и планинарење. Предвидено е дружење и забава за сите учесници, кои ќе се приклучат на турата на над 2000 метри надморска височина. „Целта е дружење и запознавање со убавините на целиот масив до Плакенска планина , како и збогатување на туристичката понуда на Куратица. Трката не е од натрпреварувачки карактер.“– велат…
повеќе...Пожар кај Прентов мост
Попладнево на патот Охрид-Ресен, односно кај Прентов мост изби пожар. Веднаш на местото каде што е пријавен пожарот пристигнале возила за гасење пожар од противпожарната единица и екипи од Македонски шуми.
повеќе...Во недела во Куратица ќе се одржи Државен натпревар во велосипедизам за ранг – листа ХС
Во недела (12.07.2015) ќе се одржи Државен Натпревар за Ранг – Листа XC – Куратица. Организатор на натпреварот е Велосипедската Федерација на Македонијa, додека пак технички организатор е Планинско Друмски Велосипедски Клуб ЕкоДром – Охрид. Патеката во Куратица е кружна патека со должина од 3,4 км. (прилог сликa) Право на учество имаат сите категории на лиценцирани Велосипедисти и рекреативци. Пријавувањето на стартни броеви ќе биде од 10:30 до 11:30 часот. Стартот е во 12:00 часот. Ќе се вози во категории: Хоби 3 круга, Жени 3 круга, Кадети 4 круга, Мастерс 4…
повеќе...Почувствуван земјотрес во Охрид со епицентар во близина на Куратица
Во Охрид и околните населени места во 16 часот и 47 минути беше почувствуван земјотрес. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот беше 17 километри северно од Охрид, односно во близина на селото Куратица, на длабочина од 5 километри со интензитет од 3,7 степени според Рихтер. WebOhrid
повеќе...