Илјадници верници се упатуваат кон Светиклиментовиот храм на Плаошник

По повод празникот посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон, синоќа во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, се служеше празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и денес со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Струмички г. Наум и митрополитот Европски г. Пимен. Црквата Свети Климент и Пантелејмон се наоѓа на локалитетот Плаошник…

повеќе...

Верниците масовно се поклонуваат пред Св.Петка

По повод празникот посветен на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска – „Св.Петка“, синоќа во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти се служеше празнична вечерна богослужба. И годинава, илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Денес, во манастирот „Света Петка“, во Велгошти, ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот. Инаку, манастирот „Св.Петка“ сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, а над селото Велгошти. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8-ми август, кога е манастирската слава. За…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија за празникот „Св.Климент и Свети Пантелејмон“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник,  Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека утре 8-ми август, во сабота навечер по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, во манастирот ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со почеток во 19 часот. Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и во недела на 9-ти август, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј,…

повеќе...

Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид

Денес, во осмата Недела по Педесетница, Неделата на светите отци, и на празникот Собор на св. архангел Гаврил и преподобната Сара Египетска, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Димче Азески, старешина на храмот, се обрати кон верниот народ со пригодно слово.

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот „Собор на свети архангел Гаврил“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 26-ти јули недела (недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети архангел Гаврил“, со почеток во 8:30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Ќе се служи литургија во црквата „Света Недела“ во Долно Коњско

По повод една година од осветувањето на Црквата „Св.Недела“ во Долно Коњско, утре (недела) ќе се служи Света божествена литургија. Литургијата ќе се служи со почеток во 7:30 часот, а ќе чиноначалстува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. Инаку,  црквата „Света Недела“,  беше осветена на 13-ти јули минатата година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден. WebOhrid

повеќе...

Вечерна богослужба и света архиерејска литургија по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 14-ти јуни (недела), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 19:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 15-ти јуни (понеделник), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски…

повеќе...

Литургија на гробот на Свети Никола во Бари

Со благослов на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во седмицата по Педесетница, беше организирано поклоничко патување за свештенството од Епархијата во Италија. Целта на посетата на претставниците од Дебарско кичевката епархија беа моштите на светиот првомаченик Стефан, светите бесребреници Козма и Дамјан, како и на моштите на светиот Никола во Бари. Беше отслужена и света архиерејска Литургија на гробот на светиот Никола Мирликиски, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереите Димче Ѓорѓиески и Борислав Лазов, свештениците Никола Христоски, Васко Голабоски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата присуствуваа…

повеќе...

Утре литургија, по повод празникот „Втор ден Духовден“

Утре, 1-ви јуни (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Втор ден Духовден“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По завршувањето на светата литургија ќе биде промовирана книгата „Преполовение или Руса Среда“, од дипломираниот теолог Виктор Недески од Охрид.

повеќе...

Осветен новиот конак во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Манастирец

На 16-ти мај, на празникот на светите маченици Тимотеј и Мавра, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопресвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше осветен новиот конак во манастирот. Митрополитот му честита на монахот Бенедикт за неговиот труд во возобновувањето на ова наше светилиште и му посака и понатамошни успеси за афирмација на манастирот и на Македонската православна црква, а…

повеќе...