На концертот, на кој присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа изведени едни од нашите најубави традиционални љубовни и патриотски македонски народни песни. Гости на концертот беа мецосопранот од Србија Јелена Влаховиќ и нашите првенци, сопранот Весна Гиновска-Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски. Специјално за овој концерт беа подготвени нови аранжмани на песните чии автори се Тодор Трајчевски, Дарко Мариновски и Сони Петровски. Балетски солисти беа Ивана Коцевска и Дојчин Дочев од Бугарија, концерт-мајстор Верица Ламбевска, режисер Дејан Прошев, а диригент беше гостинот од Србија Ѓорѓе Павловиќ. Автор на сценариото…
повеќе...Tag: љубов
Тајзи запеа и на шпански- Нова летна химна за љубовта
Жешка атмосфера, згодни црномурести девојки, кубански бенд и латино мелос. Ова е дел од новиот видео запис на Тајзи- „Амор“. За првпат, нашиот пејач реши да запее на шпански, а од неговиот тим велат дека ова е една од најдобрите негови песни досега која претендира да стане голем летен хит. Спотот ќе излезе на почетокот на август, а се снимаше на повеќе локации во Скопје и Куманово. Специјални гости во спотот се кубанскиот бенд- Cubano Soy, Рене Врајт од Јамајка и манекенката Ана Станојковска. Режијата и сценариото се на Владимир…
повеќе...Sвездата на „Х Фактор” го најави најголемиот љубовен фестивал на Балканот!
Даниел Кајмакоски, победникот на овогодинешното издание на „Х Фактор” во соработка со белградскиот диџеј John Jogurt и дуото Calavera & Manya, ја сними химната за музичкиот фестивал Heineken Lovefest 2014, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти Август во Врњачка Бања, Република Србија. Талентираниот Македонец, во чиј глас се заљубија сите земји од поранешните Ју простори, истакна дека му било чест да соработува со млади диџеи, како и дека му претставува особено задоволство да биде дел од проект кој ја слави љубовта. „Можам да кажам дека би беше особена…
повеќе...Сексот во пост е забранет, но ако свештеник благослови може
За време на постот сексот е табу тема, па поради тоа меѓу народот се присутни мноштво заблуди и предрасуди по ова прашање, пишува српскиот интернет портал „Телеграф“. За верниците од православвероисповест завчера почна велигденскиот пост и ќе трае се’ до 20-ти април кога се прославува празникот Воскрение Христово. За време на постот, покрај воздржувањето од тешка храна, според правилата, неопходно е и воздржување од секс. Според Светото писмо, сексуалните односи во постот не се забранети, но не се ни пожелни, но ако сопружниците не можат да се воздржат, подобро е…
повеќе...Свети Трифун или Свети Валентин прашање е сега !?
Љубов и вино и во песните е добра комбинација, Св.Трифун или Св.Валентин се слават на ист датум. Во православниот свет се празнува Св.Трифун како заштитник на лозарите, а во католичкиот свет Св.Валентин како ден на вљубените. Како дете се сеќавам на моментите кога татко ми го закројуваше лозјето во чест на Св.Трифун. Тоа навистина беше свечен чин. Достоинствено со молитва кон Бога за подобар род. Не знаев за празнувањето на Св.Валентин кој полека ни го наметна западната култура. Црвени плишани срциња и мечиња, чоколади, картички со љубовни пораки се подаруваат…
повеќе...Охридскиот Младински Совет утре организира поетско-музички рецитал „Недовршена Приказна“
По повод 14 годишнината од функционирањето, а во пресрет на големиот православен празник Св. Трифун, во името на љубовта и виното, Младински Совет Охрид го организира поетско-музичкиот рецитал „НЕДОВРШЕНА ПРИКАЗНА“. Настанот ќе се одржи утре (четврток 13-ти февруари) во изложбениот салон во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 12:00 часот. Во рециталот учество ќе земат членовите на литературниот клуб „ПОЕМА“ хористите при градскиот хор, членовите на танцовиот клуб и балетско студио „СОНАТА“, како и ученици од музичкото училиште „Методи Патчев“.
повеќе...Презентација „Љубов или љубомора“ во текот на овој месец во средните училишта и на факултетите во Охрид и Струга
По повод кампањата 16 дена активизам против родово-базираното насилство, во средните училишта и на факултетите во Охрид и Струга во текот на месец Декември, ќе се организираат серија презентации кои ќе ја обработуваат темата Насилство против жените. Главната цел на овие презентации ќе биде да им се помогне на девојките навреме да го препознаат насилството и да го спречат. Домашноото насилство и насилството меѓу младите во врска зема се поголем замав и се повеќе слушаме за разни насилства кои случуваат во Македонија, Насилството проив жените е едно од најсрамните кршења…
повеќе...