ФФРМ: Цената за „вранец“ 17 денари/кг и 16 денари/кг за „смедеревка“

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање во месец јули ја разгледуваше состобата со производството на грозје. Оваа година лозарството се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи скоро 70% од овогодинешниот род. Имено според официјалните статистички податоци во Република Македонија 48000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од проиводство на грозје и од вкупната обработлива површина во Републикка Македонија 5% се лозови насади, односно вкупно 23613 хектари се лозови насади, каде што најголем процент се наоѓаат во кавадаречкиот…

повеќе...

Целосно исплатени субвенциите на лозарите

Државата во целост ги исплати субвенциите на лозарите. Како што информираат од Министерството за финансии 13.767 лозари денеска добија 396 милиони денари и со тоа се завршени обврските за субвенции по оваа мерка. На лозарите им се исплатени по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади. Најголема исплата има во Кавадарци со 4.615 корисници на кои им се исплатени субвенции од 161 милион денари. Втор на листата е Неготино со 3.000 корисници на кои им се исплатени 114,5 милиони денари, а трета е Гевгелија каде на 1.034 корисници им…

повеќе...

Со несовесно работење и измами овозможени земјоделски субвенции од 4.282.395 денари

НК за КР Гевгелија до ОЈО Велес поднесе кривични пријави против 16 физички лица, од кои осумина вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и против пет правни лица, а поради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела : “несовесно работење во службата “ по член 353-в, “злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 а в.в. член 45 (за вработените во МЗШВ), како и кривичното дело “измама при добивање кредит или друга погодност“ по член 249 од Кривичниот Законик на РМ (останатите физички…

повеќе...

Фатен дилер со над пет килограми марихуана сокриена во гепек

Денес околу 01,45 часот на наплатната станица Гостивар, од страна на полициски службеници било сопрено ПМВ “Голф” со скопски регистарски ознаки управувано од Р.С. (22) од с.Инџиково, скопско, кое се движело во правец кон Тетово. При преглед на возилото, во багажникот, во просторот наменет за резервна гума,биле пронајдени една вреќа во која се наоѓаале три поголеми пакувања со непозната тревкаста материја како и една торба во која се наоѓале две поголеми пакувања со непозната тревкаста материја најверојатно наркотична дрога “марихуана” со вкупна тежина од над пет килограми. Поради сомение дека…

повеќе...

Министерот Димовски и министерот Јаковина на закројување на лозјата во Тиквешко

Со закројувањето на лозјата во Лепово, Тиквешко, министерот Димовски и хрватскиот министер Јаковина го означија почетокот на новата винска година. „Лозарството и винарството, стануваат едни од стратегиските сектори на македонското земјоделство. Од тие причини се посветува се поголемо внимание за нивен развој.Задоволен сум од трудот во изминатите четири до пет години за консолидирање на ситуацијата во лозарството. Минатата година од винарските визби се откупени 168.000 тони винско грозје и дополнителни 25.000 тони произлегоа од винариите. Како никогаш досега имаме над 190.000 тони грозје во домашните капацитети, а многу мал дел…

повеќе...

Први октомври краен рок за предавање на родот од лозовите насади

Од Винарија Охрид соопштуваат дека заинтересираните правни и физички лица од Охридско – Струшкиот регион кои располагаат со лозови насади и истите се заинтересирани родот да го предадат во Винаријата Охрид тоа треба да го направат најкасно до 01.10. 2013 година. Прием на грозје се врши секој ден од 08 до 21 часот (работни се саботите и неделите). После овој рок грозје нема да се прима, информираат од Винарија Охрид.

повеќе...

Подготвителни активности за претстојната откупна сезона на винското грозје

Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работна средба со претставницитe на винскиот сектор од Република Македонија. На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со досегашниот откуп на вискоквалитетните сорти на винско грозје, претстојниот откуп на винското грозје и организираноста на сите инволвирани страни во процесот на откупот, при што претставниците на винскиот сектор беа информирани за очекувањата и барањата на лозаропроизводителите, кои беа презентирани на последната средба со лозаропроизводителите, со посебен акцент на барањето…

повеќе...

Можноста за повторен упис на винарниците во Винскиот регистар е од корист и за лозарите и за винарниците

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, на прес-конференција истакна дека Владата на Република Македонија на минатата седница го усвои Предлог законот за измени и дополнување на Законот за вино, чија суштина се состои од предвидување на можноста за повторен упис во Регистарот на вино за оние малку винарници кои биле избришани од него заради неисполнување на роковите за подмирување на обврските кон лозарите, а кои во меѓувреме ги исполниле истите тие обврски. Регистарот на производители на вино беше воспоставен со цел да бидат регулирани и ставени во правна рамка…

повеќе...

Коњановски: Проектот „100 мали винарии“ одлична шанса за тиквешкиот регион

Само во првите три месеци од годинава е исполнета квотата за извоз на наливно вино во земјите од ЕУ. Заклучно со 4-ти февруари целосно е искористена договорената бесцаринска квота од 31.400.000 литри. Овие бројки говорат за подемот во секторот земјоделство кој е особено значаен за Тиквеш како најголем лозарски регион во Македонија. Ова го истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на трибина во Неготино. Лани, рече, е реализиран рекорден извоз, 1,15 милиони хектолитри, што е десеткратно зголемување. Досега 2011 година која се сметаше за најдобра во…

повеќе...

Исплатени 341 милион денари субвенции за лозарите, тутунарите и градинарите

Министерството за финансии денеска исплати вкупно 341 милиони денари субвенции на 13.041 земјоделец за поддршка на одржување лозови насади, производство и продажба на тутун и производство на градинарски култури. Како што соопшти Министерството за финансии, од овие средства 104 милиони денари се исплатени на 4.679 лозари за одржување површини со лозови насади. Висината на поддршката изнесува 40.000 денари по хектар. Денеска се исплатени и 165 милиони денари на 3.263 одгледувачи на тутун, при што е извршена исплатата на кооперантите на Тутунски комбинат Прилеп и „Центро Табак“. Мерката изнесува 60 денари…

повеќе...