Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа скок од +2 места и сега се наоѓа на 134 место. Овој напредок се должи на нерешениот исход 0:0 кој нашата репрезентација го одигра на 5 јуни на пријателскиот натпревар против Турција. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, додека пак Бразил и Аргентина следуваат на второто и третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Андора од +57 места се искачи на 129 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Намибија од -62 места и се…
повеќе...Tag: македонија
Македонски стрип автори учествуваа на 19та Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац
Во текот на минатиот викенд од 30.06-02.07 во Лесковац, Р. Србија, се одржа деветнаесеттата по ред „Балканска смотра на млади стрип автори“. Овој настан е еден од најмасовните и најпосетуваните настани во рамките на стрип уметноста во југозападна Европа. Оваа „смотра“ успеа да постави нов рекорд со учество од 2760 стрип автори од вкупно 54 земји од сите континенти. Како претставници на нашата земја беа присутни стрип авторите Дарко Богданов, Јордан Коцевски, Никола Темков, Игор Јовчески, Јован Секуловски и Златко Крстески. Манифестацијата беше отворена со трибината за состојбата на македонската…
повеќе...Центарот за управување со кризи одржа седница за состојбата со земјотресите
Денес во просториите на Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб, на која се расправаше по прашања во врска со состојбата со серијата земјотреси во охридскиот регион. По завршувањето на седницата, се одржа прес конференција на која се обратија директорот на ЦУК, м-р Агрон Буџаку, директорот на ИЗИС, Михаил Гарески, раководителот на РЦУК Охрид, Митко Темелковски и Горан Стојковски, раководител на Сектор за заштита на шуми и внатрешна контрола во ЈП Македонски шуми. Директорот на ЦУК, Буџаку, во својата изјава истакна дека институциите на Системот за…
повеќе...Препораки за храна во летниот период
Што е препорачливо да се јаде секој ден, особено во лето? Овошје и зеленчук Постојат три причини зошто е препорачливо да се јаде повеќе овошје и зеленчук. Прво, овошјето и зеленчукот се главни извори на голем број хранливи состојки кои луѓето обично ги внесуваат во количини помали од препорачаните, како фолати, магнезиум, калиум, влакна и витамини A, Ц и К. Внесувањето на некои од овие нутриенти во организмот е важно за целата популација (влакна, витамини и калиум), додека некои од нутриентите (фолна киселина) се важни за специфични групи, како на…
повеќе...Сениорките во група против Италија, Шведска и Хрватска во квалификациите за ЕП во кошарка
Сениорките ќе го започнат својот поход кон Европското првенство в ноември, против селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска . Денес беше одржан ждребот на кој беа поделени 32. земји кои ќе земат учество на квалификациите за континенталното првенство. Вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини на групните фази беа изземени од ждребот и автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои в ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство. Првите два натпревари од евроквалификациите ќе…
повеќе...Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Денес празник, посветен на преподобен Наум Охридски Чудотворец. Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и…
повеќе...Одбојкарите поразени во финалето
Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред останува без златен медал во финалето од Европската лига. Оваа година пречка за нашите беше репрезентацијата на Украина. Украина ги доби првите два сета со 25:15 и 25:22 со што поведе со 2:0. Македонија успеа да го добие третиот сет со 24:26 и да намали на 2:1. Но, Украина го доби и четвртиот сет со убедливи 25:13 со што оствари триумф од 3:1 на овој натпревар и го освои златото во Европската лига оваа година. WebOhrid
повеќе...Светиот апостол Јуда
Еден од Дванаесеттемина. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание Свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“ Иако и тој можеше да се нарекува брат Господов колку и Јаков, тој тоа не го правеше од смирение и срам, зашто…
повеќе...Свети Јован Шангајски
Свети Јован Шангајски е роден на 17 јуни, 1896 година, во Адамовка, Харковска губернија, со крстено име Михаил – по светиот Архангел. Како дете често одеше во блискиот манастир, каде што почиваа чудотворните мошти на свет архиепископ кој за време на животот бил почитуван заради своето исклучително подвижништво – често останувајќи без сон и одмор, поминувајќи ги ноќите неподвижно, во молитва. Свети Јован стана ист таков голем подвижник; немаше спиено во кревет од моментот кога ги даде монашките завети па сè до своето упокојување 40 години подоцна. Јадеше само еднаш…
повеќе...Македонската одбојкарска репрезентација се пласира во финалето од Европската лига
Македонската одбојкарска репрезентација забележа победа против домаќинот на Ф4 финалниот турнир од Европската лига – Данска. Данска поведе со 2-0 во сетови, но нашите одбојкари не само што успеаа да изедначат, туку и го добија петтиот сет, за целосен пресврт на натпреварот и обеда од 2-3. Со тоа Македонија успеа да се пласира во финалето од годинешното издание на Европската лига. Финалето се игра утре во 19:00 часот, каде Македонија ќе игра против Украина. WebOhrid
повеќе...