Кривична пријава за „криумчарење мигранти“

На 21.10.2017 година околу 20.45 часот на Граничен премин „Богородица“, полициски службеници во содејство со царински службеници, при контрола на товарно возило „Рено“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.А. (45) од Република Грција, откриле група од 13 илегални мигранти од Ирак. Мигрантите биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел од приколката, веднаш зад кабината од возилото. Регионалниот центар за гранични работи Југ при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Скопје, поднесе кривична пријава против С.А. поради постоење основи на сомнение за…

повеќе...

Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово,…

повеќе...

Свети Димитриј, патријарх Александриски

Свети Димитриј, патријарх Александриски Единаесетти александриски патријарх после Светиот евангелист Марко. Долго и мудро управуваше со своето стадо, и тоа од 189 г. до 231 г. Во негово време на барање на Индијците за проповед на Евангелието во Индија беше пратен Св. Пантен, раководителот на прочуената катихетска школа во Александрија. Пантен во Индија го пронајде Евангелието напишано од Свети Матеј на еврејски јазик.

повеќе...

Фени Индустри поуспешен од АВ Охрид

Во рамките од третото коло од Првата Македонска кошаркарска лига, тимот на Фени Индустри беше поуспешен од АВ Охрид. На трикратниот шампион во домашното првенство му беа потребни пет дополнителни минути игра за да го совлада противникот во третиот натпревар за оваа сезона. „Галебите“ речиси ја имаа победата в рака, но во финишот останаа без концентрација, домаќинот тоа знаеше како да го искористи за да се избори за продолжение во кое за пет минути постигна двојно повеќе поени од гостинскиот состав. Фени Индустри – АВ Охрид 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23,…

повеќе...

Циклон доаѓа кон Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност претпладне. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени. До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе…

повеќе...

Светиот апостол Тома

Денес е празник посветен на Светиот апостол Тома. Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој…

повеќе...

Жителите на Дебрца се изјаснија против изградба на регионална депонија

Заедно со локалните избори кои се одржаа во неделата на ниво на општина Дебрца се спроведе и реферндум. Граѓаните имаа можност да ја изразат својата волја, дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на Општина Дебрца. Од вкупно запишаните 4625 граѓани во избирачкот список, на референдум излегле 3149 граѓани или 68%. Од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или 13% од вкуно излезените граѓани. Општинската изборна комисија Дебрца констатира дека…

повеќе...

Три годишно девојче почина од изгореници од пожар во струшко Ново Село

Вчера околу 11:00 часот во с.Ново Село-струшко, во куќата сопственост на Г.И.(32) од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со изгореници. Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирана во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14:20 часот починала. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со…

повеќе...

Македонија ќе игра пријателски натпревар со Норвешка на 11 ноември во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија на 11 ноември ќе игра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Досега, против репрезентацијата на Норвешка имаме одиграно три меѓусебни дуели. Во квалификациите за СП 2010 година одигравме натпревар без голови во Скопје, додека на гостувањето во Осло загубивме со 2:1. Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло бевме поразени со 2:0. Моментално Норвешка е рангирана на 58 место на ФИФА рејтинг листата, додека пак Македонија е на 85 место. WebOhrid

повеќе...

Фондацијата Фридрих Еберт и МППС го одбележуваат Светскиот ден за борба против сиромаштија

Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје и Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) го одбележуваат Светскиот ден за борба против сиромаштијата со најава за отпочнување на заедничка годишна кампања која ќе трае 365 дена односно ќе претставува континуирано подигнување на свеста за проблемот кој опфаќа преку 2 милијарди лица на глобално ниво. Во услови кога секое трето лице во Република Македонија се смета за сиромашно, државните институции, организациите од граѓанскиот сектор, меѓународните организации како и сите граѓани не смеат да бидат пасивни актери во борбата против сиромаштијата. Владата на РМ а посебно Министерството…

повеќе...