ПОПГМ: Македонија победи – граѓаните гласаа за живот за сите

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), го поздравува изборниот триумф на коалицијата „За живот во Македонија“. Во соопштението стои: „Вчера, Македонија победи-граѓаните гласаа за живот за сите. ПОПГМ упатува отворена честитка до сите граѓанки и граѓани во земјата, кои ја покажаа својата демократска зрелост и во мирна и демократска атмосфера, со пенкало и гласачко ливче, го поразија Груевизмот, ја казнија Фамилијата, го понижија Никола Груевски и криминалното братство околу него. Во казната на Никола Груевски и криминалното раководство кое го предводи, гласаше демократска, освестена Македонија. Заслугата за тешкиот…

повеќе...

Нови цени на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,42%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.10.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра…

повеќе...

Македонија се искачи на 85 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската репрезентација забележа нов скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија се наоѓа на 85 место, благодарение на нерешениот исход 1:1 против Италија во гости, како и победата од 4:0 против Лихтенштајн на домашен терен. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Германија, Бразил и Португалија. Најголем скок од +22 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Туркменистан која се искачи на 114 место. Најголем пад од -25 места забележа репрезентацијата на Еквадор која се најде на 60 место. WebOhrid

повеќе...

Македонија-Албанија: Воените генерали не чекаат како НАТО сојузници

Во Елбасан, во присуство на првите луѓе на сојузите на албанските воени старешини – ветерани и на македонскиот Сојуз на ветераните од одбраната и безбедноста, генералите Колонел Кондури, односно Филип Котели, потпишан е Меморандум за соработка измеѓу ветераните од административниот центар Елбасан со околиите: Елбасан, Грамши, Либражд и Пеќин и ветераните од Здружението за Охрид, Струга и Дебар. Документот го потпишаа претседателите на ограноците за Елбасан – генерал Томор Аслани и неговиот колега за регионот на Охрид, Струга и Дебар – полковник Добре Вељаноски. „Ќе се помагаме и ќе се поддржуваме…

повеќе...

Пријавете нерегуларности за време на изборниот процес

Доколку има евентуални нерегуларности поврзани со изборниот процес, граѓаните тоа можат да го пријават на бесплатната телефонска линија 080 080 080. Исто така, истото може да се направи и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

повеќе...

Состојба на избирачките места – Локални избори 2017

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 2.500 набљудувачи. На гласачките места се распоредени 2.100 набљудувачи кои покриваат околу 50% од гласачките места во Република Македонија, како и 50 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина. Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ…

повеќе...

АВ Охрид поразен од Куманово

Денес беа одиграни натпреварите од второто коло од Првата македонска кошаркарска лига во машка конкуренција. Екипата на АВ Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид го пречека тимот на Куманово. Гостите беа надмоќни на овој натпревар, а тоа го покажаа уште во првата четвртина. АВ Охрид се обиде да ја анулира предноста, но безуспешно. На крајот Куманово успеа да оствари висока победа со резултат 73-91. АВ Охрид – Куманово 73-91 (12-31, 26-19, 13-16, 22-25) WebOhrid

повеќе...

Јаховиќ со нови два голови

Довчерашниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ повторно беше стрелец за Гозтепе. Овој пат, тој постигна два голови за Гозтепе на гостувањето против Анталијаспор. Најпрво, Јаховиќ го отвори резултатот откако на противничката одбрана и украде една топка во 8 минута. Вториот гол го постигна во 19 минута по слободен удар, при што топката зафати противнички играч во живиот ѕид, го промени правецот на движење и заврши во мрежата на домашните. Со овие два голови, Јаховиќ е најдобар стрелец во Турската Супер лига со постигнати 9 голови на 8 натпревари. Но, за жал,…

повеќе...

МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 2500 набљудувачи

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи локалните избори со повеќе од 2.500 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 2.100 набљудувачи кои ќе покријат околу 50% од гласачките места во Република Македонија. Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и 120 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои МОСТ нема статични набљудувачи. Дополнително, 81…

повеќе...

Преподобен Јован Кукузел

Преподобен Јован Кукузел Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.

повеќе...