Македонската А репрезентација загуби со 2:1 од Израел во натпревар од вториот круг квалификации за пласман на Светското првенство во Русија 2018. На националната арена „Филип Втори“ избраниците на селекторот Игор Ангеловски можат да жалат за многуте пропуштени можности. Изостана реализацијата, а противникот од две шанси погоди два пати. Во првите 15. минути, нашите фудбалери фуриозно го започнаа дуелот. Две супер прилики не искористи нашиот најдобар играч и капитен, Горан Пандев. Во 22. минута нови возбудувања пред голот на Израел, Несторовски погоди, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд. Казната стигна…
повеќе...Tag: македонски спорт
ФФМ го претстави новиот репрезентативен дрес
Во куќата на фудбалот беше презентиран новиот дизајн на репрезентатвните дресови со кој се најави продолжувањето на соработката помеѓу Фудбалска Федерација на Македонија и германскиот бренд на спортска опрема ЈАКО. Распространетото златно сонце со осум сончеви краци е национален симбол во повеќевековната историја на Македонија и претставува спокој, храброст и сила на сите Македонци. Инспирирани од знамето кое се виори на ветрот, дизајнерот го поставува „сонцето“ малку брановите. „Би сакале да се заблагодариме за досегашната соработка со германската компанија ЈАКО. На почетокот на квалификацискиот циклус за Светското Првенство во Русија…
повеќе...Започна реализацијата на проектот „Таеквондо за секого“
Македонската таеквондо федерација втора година по ред започна со реализација на проектот „Таекводно за секого“, за што доби поддршка од страна на Агенцијата за млади и спорт во висина од 40.000 денари. Целта на проектот е децата од основните училишта да се запознаат со овој олимписки спорт, кој во нашата земја има долга традиција, а во последниве неколку години бележи и одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Најсвежи се одличните настапи на нашата репрезентација на неодамна завршеното Балканско првенство, каде освоивме вкупно 13 медали, од кои и првиот златен медал…
повеќе...Селекторот Ангеловски го соопшти списокот на повикани фудбалери за Израел и Италија
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите против Израел и Италија од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. За дуелите кои ќе се одиграат на 6 и 9 октомври на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, селекторот Игор Ангеловски ги повика следните фудбалери: По објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите со Израел и Италија, селекторот даде свое видување за очекувањата од натпреварите. Предводникот на нашата најдобра селекција на прес-конференцијата истакна дека силно верува…
повеќе...Македонската таеквандо репрезентација на прием во Агенцијата за млади и спорт
Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа претставници на македонската таеквондо репрезентација, кои на неодамна завршеното Балканско првенство во Дупница, Бугарија го направија еден од најголемите успеси на македонското таеквондо со освојувањето на вкупно 13 медали од Балканско првенство, од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција. Со овој настап и резултат повеќе од сигурно се подигна нивото на македонското таеквондо, затоа што е запишано на листата на земји кои освоиле Балкански сениорски медали. Марко Стевиќ стана балкански шампион во категоријата -87 килограми, додека Костадин Георгиевски…
повеќе...Над 3000 Италијани доаѓаат во Скопје да ја бодрат својата репрезентација
По несреќниот пораз од Албанија, во Скадар, Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов голем предизвик. Во Скопје гостуваат Израел и Италија. Израел можеби не толку звучно име, но секогаш незгодна репрезентација за нас, додека Италија, популарните Азури, во најсилен состав и со императив за победа. Едни од најдобрите фудбалери во светот како Буфон, Верати, Имобиле, Грациано Пеле, Кјелини, Џакерини, Мота и останатите, кои настапуваат во најелитните европски клубови, и кои заедно во италијанската репрезентација претставуваат еден компактен тим кој пружи одлични игри да последното европско првенство, тим кој со…
повеќе...Минимален пораз на Македонија на гостувањето во Унгарија
Четврти пораз на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На гостувањето во Солнок во поседното 6 коло од групата Г, нашата селекција претрпе минимален пораз од најдобрата репрезентација во групата Унгарија од 63-61 ( 18-25,14-12,14-9,17-15). Во натпревар во кој во нашиот тим недостасуваше натурализираниот Македонец Ромео Тревис, а во редовите на домаќините лидерите на тимот Ханга и Војвода, македонските кошаркари ја одиграа најдобрата четвртина во квалификациите. Црвено жолтите ја добија воведната четвртина со 25-18, но на полувината од првиот период избраниците на Раца водеа…
повеќе...Македонија со ново „рекордно“ ниско место на најновата ФИФА рејтинг листа
Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Албанија, забележа пад од -8 места и моментално се наоѓа на 146 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов „рекорд“ за нас, откако претходно оваа година (април и мај) нашата репрезентација беше на 141 место. На врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Боливија со скок од +35 места се искачи на 75 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Централноафриканската Република од -35 места и…
повеќе...Македонија поразена од Британија и на домашен терен
Убедлив пораз на македонската кошаркарска репрезентација во 5 коло од групата Г во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На домашен терен во салата Јасмин во Кавадарци нашата најдобра репрезентација загуби од Велика Британија со 89-62 (21:14; 23:16; 23:23 и 22:9). По поразот од Британија црвено жолтите ги загубија и теоретските шанси за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година. Тимот на Британија од почетокот до крајот на мечот беше подобрата екипа на дуелот во Кавадарци и ја имаше контролата на играта и резулатот во соте 40 минути.…
повеќе...Македонија ја одбележува „Европската недела на спортот“
По повод одржувањето на „ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ“, Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт се вклучува во одбележувањето на овој голем настан. По тој повод ќе се одржат голем број спортски манифестации кои ќе ја одбележат „ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ“. На 15 септември (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часот, на фудбалското игралиште на ФК Локомотива до СЦ Борис Трајковски ќе се одржат два фудбалски натпревари и тоа: женски фудбал – основни училишта и машки фудбал – средни училишта На 17 септември (САБОТА), со почеток во 17:30 часот на…
повеќе...