Футсал репрезентацијата на Македонија на 23 и 25 март со почеток од 18:00 часот на гостински терен ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Контролните пресметки ќе бидат одиграни во Зеница и Жебче (Босна и Херцеговина). Селекторот на македонската репрезентација, Иван Божовиќ ги повика следните играчи за овој пријателски двомеч: ГОЛМАНИ: Антонио Петровски (Железарец), Влатко Петровски (Велес); ОДБРАНА: Зоран Левески (Железарец), Ферид Агуси (Железарец), Трајче Трајков (Велес); НАПАД: Даниел Де Соуза (Железарец), Игор Леовски (Железарец), Мартин Мехмединовиќ (Црна Река), Дарко Ранготов (Железарец), Драган Петровиќ (Железарец), Садат Зибери…
повеќе...Tag: македонски спорт
Младинците на РК Охрид го совладаа РК Вардар
Младинците на РК Охрид попладнево ги совладаа своите врсници од РК Вардар со резултат 28:27. Во Спортската сала „Билјанини Извори“, во мошне неизвесен натпревар надежите на РК Охрид успеаа да забележат минимална победа во првиот натпревар од пролетниот дел од младинската ракометна лига на Македонија.
повеќе...Комплетирано 22 коло од Првата МФЛ
Во рамките од 22 коло од Првата македонска фудбалска лига, вчера играа Работнички против Ренова, додека пак останатите натпревари се одиграа денес на кои беа постигнати следните резултати: Работнички 0:0 Ренова Брегалница 2:0 Турново Младост 0:3 Вардар Металург 0:4 Шкендија Шкупи 1:0 Силекс На табелата води Вардар со 55 бодови, пред Шкендија со 50 бодови. WebOhrid
повеќе...Младинците на РК Охрид во недела ќе играат против младинците на РК Вардар
Младинската екипа на РК Охрид 2013 во недела (13 март) ќе игра против младинскиот состав на РК Вардар. Натпреварот ќе се игра во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 14:00 часот. WebOhrid
повеќе...Словенија со нов дрес против Македонија
Фудбалската репрезентација на Словенија има нов дрес, а ќе го промовира токму на пријателскиот натпревар против Македонија кој ќе се игра на 23 март во Копер Словенија со почеток во 18:00 часот. Фудбалската федерација на Словенија веќе ги пушти во продажба влезниците за овој пријателски натпревар. Цената изнесува 15 евра за влезница за покриената трибина и 10 евра за деца до 14 години, додека пак за непокриениот дел од трибините цената изнесува 12 евра, и 7 евра за деца до 14 години. WebOhrid
повеќе...Убедлив пораз на МЗТ од Цедевита во последниот меч од АБА лигата оваа сезона
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со убедлив пораз од Цедевита во Загреб од 89:64 (22:10; 25:17; 24:19 и 18:18) сезонава го заврши настапот во силната регионална АБА лига. Евролигашот Цедевита ја оправда улогата на фаворит и без поголеми проблеми славеше лесна победа над МЗТ Скопје Аеродром во последното 26 коло од регуларната сезона во АБА. Во редовите на победникот Цедевита најрасположени за постигнување на поени беа Миро Билан и Хенри Вокер со по 16 поени, кај МЗТ најпрецизен беше Ѓорѓе Дреновац со 21 поен. Табела: Будуќност 22-3 (победи-порази), Цедевита 19-7,…
повеќе...Одржано редовното Генерално собрание на ФФМ
Фудбалската федерација на Македонија на денешното редовно Генерално собрание донесе одлука за измени на системот на натпреварување во националниот шампионат кои ќе стапат на сила од сезоната 2017/18. Првата лига, од сезона 2017/18 ќе биде со 10 екипи, како и актуелниот натпреварувачки систем, со таа разлика што сега ќе има четири циклуси и 36 првенствени натпревари за секоја екипа. Втората лига од сезоната 2017/18 ќе биде поделена во два региони (ИСТОК и ЗАПАД) со по 10 екипи и три циклуси (по 27 натпревари). Третата лига од сезоната 2017/18, место досегашните…
повеќе...Македонија закотвена на 138 место на ФИФА рејтинг листата
Македонската фудбалска репрезентација веќе трет месец по ред останува на 138 место на ФИФА рејтинг листата. Нема промени и на врвот од најновата ФИФА рејтинг листа, каде останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Ерменија, со скок од +7 места се најде на 116 место, додека пак најголем пад од -15 места има репрезентацијата на Сао Томе и Принсипе која се најде на 174 место. WebOhrid
повеќе...Стратев: „Фудбалската академија ќе биде главен генератор на фудбалери за националните селекции“
Иднината останува на младите! Она што важи од памтивек е можеби најактуелно во периодов кога станува збор за Македонскиот фудбал. Неспорно е дека фудбалската топка е „играчка“ која ја поседува секое дете и голчињата се декорација во секое маало. Иако на моменти еуфорично блеснуваат и спортовите како ракометот или кошарката, сепак фудбалот е ултимативна детска љубови спорт број еден во светски рамки. За состојбата и условите кои ги нуди ФФМ, грижата за развој на младите таленти на кои ќе им се овозможи развој и напредок во кариерата воспоставени се девет…
повеќе...Нови успеси на „Хваранг Фист“ на 11-от таеквондо турнир „Србија Опен“
Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид учествуваше на 11-от „Србија Опен“ таеквондо турнир, прв викенд за оваа година исполнет со борби и дружење во Бачка Топола, Р.Србија. Во друштво на 250 натпреварувачи од 27 клубови од 8 држави, во 5 категории, деца, кадети, јуниори и сениори, Хваранг Фист учествуваше со 8 натпреварувачи: 1. Јосифоски Филип – 3 место борби јуниори до 63 кг и 3-то место во форми (борба со замислен противник) 2. Симоноски Кирил – 2 место борби јуниори +75 кг 3. Стеваноски Валентин – 3 место форми пионери 4. Велјаноска…
повеќе...