Главниот град на Македонија, Скопје, во периодот од 31 март до 3 април ќе биде домаќин на Европското првенство во Кендо. За текот на подготовките и бројот на учесниците денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт говореа директорот Марјан Спасески и претседателот на Кендо Иаидо федерацијата Златко Кескоски. „Добивањето на организација на ова Европско првенство не е случајност, туку е резултат на реализација на голем број проекти и активности од страна на Кендо федерацијата, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и сето тоа во насока…
повеќе...Tag: македонски спорт
Одиграни натпреварите од 20 коло од Првата МФЛ
Денес се одиграа натпреварите од 20 коло од Првата Македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Брегалница 0:3 Шкендија Младост Царев Двор 0:1 Силекс Металург 1:2 Работнички Шкупи 1:0 Ренова Турново 0:1 Вардар Вардар и понатаму се наоѓа на првото место со 49 бодови, пред второпласираната Шкендија со 44 бодови. WebOhrid
повеќе...МЗТ подобар од Тајфун, победа за опстанок во АБА лигата
Македонија и следната сезона ќе има свој претставник во силната регионална кошаркарка АБА лига. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во клучниот натпревар за опстаник во лигата славеа победа на словенечниот прволигаш Тајфун со 77-70. Во воведниот натпревар од 25 коло во АБА , нашиот шампион ја избори десетата сезонска победа, во Јане Сандански со одлична игра посебно во второто полувреме МЗТ Скопје го порази Тајфун со 77:70,со овој триумф аеродромци ќе ги избегнат последните две позиции на табелата, но за настап во АБА лигата и следната сезона ќе мора да…
повеќе...Претседателите на Светската и Европската велосипедска асоцијација во куќата на спортот
Доцна попладнево, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Марјан Спасески оствари средба со висока делегација на меѓународните асоцијации за велосипедизам, предводена од претседателот на Светската велосипедска федерација (УЦИ), Брајан Куксон од Англија и претседателот на Европска велосипедска асоцијација (УЕЦ), Давид Лапартиен од Франција. Повод за средбата е продлабочувањето на соработката меѓу Велосипедската федерација на Македонија, меѓународните велосипедски асоцијации и останатите балкански федерации, кои се гости на Конгресот на Балканската велосипедска федерација, чиј домаќин викендов е Република Македонија. Спасески ги запозна гостите за проектите за развој на македонскиот…
повеќе...Македонските каратисти се вратија од Kипар со шест медали
Агенцијата за млади и спорт организира прием за каратистите по повод одличниот успех 43-то по ред Европско првенство во карате за младинци, јуниори и постари јуниори У21, кое се одржа во Лимасол на Кипар.Еден сребрен и шест бронзени медали е досега најдобриот успех на едно вакво натпреварување, ако се земе фактот дека учествуваа повеќе од 940 натпреварувачи од 48 држави. „Остварувањето на ваквиот успех е уште еден доказ дека каратето е спорт со огромен потенцијал во Република Македонија. Изминатиов период имавме одлични резулатати на скоро сите настапи и во сите…
повеќе...Викендов во Суботица се игра третиот круг од BIHL
Од петок до недела во Суботица ќе се одигра третиот турнир од Балканската хокеј лига. Металург ќе игра денес во 20:30 против домаќинот Суботица, во сабота против Славија од Софија во 16:00, а во недела од 09:00 часот против босанскиот првак Вукови Стари Град. Сите натпревари ќе може да се следат во живо на следниот линк: http://www.sportuzivo.tv/v2/ По првите 2 турнири Металург е втор на табелата со 3 победи и 3 порази. Исто така, и инлајн хокеј тимот во недела во Загреб ќе им гостува на екипите Муње и Питони. Натпреварите…
повеќе...Без промени за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа
Македонската фудбалска репрезентација остана на 138 место според најновата ФИФА рејтинг листа. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде и понатаму останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Палестина, со скок од +21 места се најде на 110 место, додека пак најголем пад од -24 места има репрезентацијата на Либија која се најде на 105 место. WebOhrid
повеќе...Јакимовски останува во Серија Б
Никола Јакимовски ќе го продолжи остатокот од оваа сезона во Серија Б, но не во последнопласираниот Комо, туку во Бари кој е на 4 место и се бори за промоција во Серија А. Ова е трет клуб за Јакимовски во Серија Б. Минатата полусезона тој беше член на Варезе, а во есенскиот дел од оваа сезоната беше член на Комо каде одигра 14 натпревари. WebOhrid
повеќе...Прес-конференција на каратистите пред стартот на ЕП У21 во Кипар
Куќата на спортот беше повторно почетна стартна точка на македонските каратисти кои од 5 февруари до 7 февруари ќе учествуваат на 43-то по ред Европско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година, кое ќе се одржи во Лимасол на Кипар. Пресот во Агенцијата за млади и спорт го отвори директорот Марјан Спасески кој потенцираше дека станува збор за досега најмасовен собир од овој вид со учество на 48 држави и преку 940 натпреварувачи. Поддршката која АМС ја дава кон карате федерацијата е оправдана пред се поради…
повеќе...Пораз на МЗТ на гостувањето против Црвена Звезда
Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го запишаа 13-тиот пораз во регионалната АБА лигата. Вечерва на гостувањето во Пионир во Белград кај бранителот на титулата Црвена Звезда нашиот првак е поразен со 92:79 (29:18; 19:22; 30:13; 14:26). Во текот на целиот натпревар, фаворитот Црвена Звезда ја имаше резултатската иницијатива. По првите 20 минути црвено белите имаа позитива од 48-40, во третата делница следуваше голем пад во играта на МЗТ Скопје, домаќините го решија прашањето на победникот со одличното издание во третите десет минути кои ги добија со 30-13 (78:53). Во…
повеќе...