ФФРМ: Цената за „вранец“ 17 денари/кг и 16 денари/кг за „смедеревка“

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање во месец јули ја разгледуваше состобата со производството на грозје. Оваа година лозарството се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи скоро 70% од овогодинешниот род. Имено според официјалните статистички податоци во Република Македонија 48000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од проиводство на грозје и од вкупната обработлива површина во Републикка Македонија 5% се лозови насади, односно вкупно 23613 хектари се лозови насади, каде што најголем процент се наоѓаат во кавадаречкиот…

повеќе...

Во Охрид започна напредната НАТО школа за борбата против тероризмот во сајбер-просторот

„Како и другите региони во светот и Југоисточна Европа се соочува со предизвици поврзани со редикализацијата и тероризмот во сајбер-просторот, за што е потребен одговор од страна на НАТО и земјите партнери. За нас од исклучителна важност е да ги разбереме глобалните трендови во врска со користењето на сајбер-просторот од страна на ИСИС и другите терористички организации, како и политичките, технолошките, правните и стратегиските аспекти на ова делување. Не помалку важно е и регионалното поврзување, соработката, а со тоа и зацврстувањето на евроатлантските вредности во регионот на Југоисточна Европа“. Тоа…

повеќе...

Македонски винарии на Меѓународниот саем во Дизелдорф

Вкупно 11 винарии од Македонија, Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Попов, Мовино, Ројал и Сопот, учествуваат на годинашниот Саем за вино „ProWein“ во Дизелдорф, Германија, што се одржува од 19 до 21 март. И оваа година министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го поддржа учеството, а при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на нашиот најголем репрезент, сортата Вранец со кој може да се запознаат многубројните дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет. „ProWein“ е водечки меѓународен Саем за вино и…

повеќе...

Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година … Со буџетски средства на Министерството за култура ќе се реконструира зградата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година. „Според планирањата, се надевам дека до…

повеќе...

Прв студентски филмски фестивал во Охрид

Во периодот од 9ти до 12 март во најголемиот туристички центар во земјата – градот Охрид, се одржа првиот интернационален студентски филмски фестивал “Филмоција“. Фестивалот го организираше Институтот за филм – Филмска академија во Охрид, а со цел поврзување и размена на искуства помеѓу младите од регионот кои студираат во областа на филмот и продукцијата, како и промоција на студиските програми и образовни можности, со цел привлекување на заинтересирани кандидати за надградба на своето знаење, преку продолжување на постипломските студии на оваа високо образовна установа. Четиридневната програма понуди бројни проекции…

повеќе...

Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид за академската 2017/2018 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 3-а од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15),Mинистерството за образование и наука распишува…

повеќе...

Македонскиот накит низ вековите на изложба во Археолошкиот музеј

По повод Меѓународниот ден на жената, Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе ја отвори за јавност изложбата „Накитот низ вековите од Република Македонија“, која досега беше претставена во Софија и во Њујорк … „Во 2015 во Бугарија и во 2016 во САД, изложбата привлече големо внимание и интерес во земјава и странство. Со цел да излеземе во пресрет на македонската јавност, таа ќе може да се види и во Скопје“, соопшти Археолошкиот музеј. На изложбата ќе бидат презентирани 68 копии од експонати кои претставуваат сведоштво за културниот континуитет и идентитет,…

повеќе...

Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

Јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ преку ефикасна, гарантирана заштита на потрошувачите и стандардите за безбедност на храната, е целта на новиот твининг проект што во наредните 17 месеци ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска поддршка на ЕУ. Проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, е вреден 751.473 евра, а предвидува размена на искуства, пренесување знаења и добри практики за законодавството и ЕУ политиките…

повеќе...

Стипендии за студирање во Индонезија

Од МОН ги информираат сите заинтересирани граѓани дека министерствата за образование и култура и за надворешни работи на Индонезија, во рамки на Програмата за стипендии Дармасисва (Darmasiswa Scholarship) за академската 2017/2018 година обезбедуваат стипендии за странски студенти за студии поврзани со индонезиската уметност и култура на универзитети по избор на кандидатите, лоцирани во Индонезија. Аплицирањето и поднесувањето на потребните документи за овие стипендии се врши исклучително по електронски пат, на интернет страницата www.darmasiswa.kemdikbud.go.id, каде може да се обезбедат и дополнителни информации околу износот и условите за користење на стипендијата. Крајниот…

повеќе...

Понеделник неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2017 година (недела), Нова Година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година.

повеќе...