Скопјанец крадел од возила на паркинзите кај Св.Наум и кај Музејот на вода

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д. (30) од Скопје. Пријавениот, казнените дела го извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските. Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странски државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска…

повеќе...

Осмоодделенци од „ОУ „Живко Чинго“ во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ Струга

Во рамки на програмата по предметот Биологија, учениците од осмо одделение од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, заедно со наставничката, Маја Попоска, денес беа во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга. Осмоодделенците научија дека како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Тие имаа можност  да видат дека во рамките на музејот делуваат билошко, етнолошко, археолошко, историско и одделение за ликовна уметност (со дела на Вангел Коџоман). Постојаната музејска изложба опфаќа голем број препарирани растителни и…

повеќе...

Со ИПА средства ќе се гради Еко-Музеј во Белчишта

Во рамките на прекуграничната соработка Македонија – Грција, Општина Дебрца како носител на проектот од македонска страна, заедно со партнерите на проектот од македонска страна Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќе наменско подрачје ”JAСЕН” и Шумарски Факултет – Скопје, и партнерите од Грција, Општина Терми и Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси, обезбеди средства од ЕУ ИПА програмата за прекуграична соработка за реализација на проектот “Подобрување на заштитата на приоритетните растенија во граничната област” под акронимот “Conse-pp”. Пред почетокот на реализација на овој проект, Градоначалникот Игор…

повеќе...

НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга ќе го одбележи Меѓународниот Ден на Музеите

И оваа година НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот Ден на Музеите заедно со други музеи во светот во организација на ИКОМ/ICOM http://museu.ms/event/details/120528/international-museum-day. Овогодинешната тема е – Музеите и спорните истории: Кажувајќи го неописливото во музеите. „Нашиот музеј со овогодинешната програма за Меѓународниот Ден на Музеите става акцент на отвореноста на музејот кон широката јавност. Како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Во програмата за одбележување на 17 мај се две…

повеќе...

Македонскиот накит низ вековите на изложба во Археолошкиот музеј

По повод Меѓународниот ден на жената, Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе ја отвори за јавност изложбата „Накитот низ вековите од Република Македонија“, која досега беше претставена во Софија и во Њујорк … „Во 2015 во Бугарија и во 2016 во САД, изложбата привлече големо внимание и интерес во земјава и странство. Со цел да излеземе во пресрет на македонската јавност, таа ќе може да се види и во Скопје“, соопшти Археолошкиот музеј. На изложбата ќе бидат презентирани 68 копии од експонати кои претставуваат сведоштво за културниот континуитет и идентитет,…

повеќе...

Пет години постоење на Музејот на македонската борба

Над 200.000 домашни и странски посетители од околу 80 земји биле во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од септември 2011 година, кога оваа национална установа беше отворена за 20-те години независност на Република Македонија. Секоја година Музејот го посетуваат по околу 50 високи државни делегации, а годишно во него се одржуваат меѓу 150 и 200 настани, од кои триесетина се во негова организација. Во петте години постоење Музејот стана и полноправна членка во меѓународни асоцијации, воспостави соработка со сродни институции и доби две високи интернационални признанија –…

повеќе...

Обновен Лапидариумот во Завод и музеј Охрид

Во рамките на музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“ во Охрид започна да функционира музејскиот културен центар „Лапидариум“, кој во изминатиот период со средства на Министерството за култура беше целосно обновен. Музејскиот простор кој е опремен со современи елементи ќе служи како центар за презентација и продажба на информативен и стручен публикуван музејски материјал, како и за презентација на значајни сувенирски предмети изработени како копии од оригинални археолошки, етнолошки, сакрално-уметнички и други видови експонати кои ќе им бидат достапни на домашните и странски посетители. Во музејскиот центар се презентирани и епиграфски…

повеќе...

Интензивно тече проектот за ентериерно уредување во Музејот на Робевци во Охрид

Во рамките на проектот кој е дел од програмата на Владата за обнова на поставките во музеите низ Република Македонија, со поддршка на Министерството за култура се реализира обновата на музејските поставки во 16 национални установи. Со овој повеќегодишен проект за воспоставување постојани поставки во националните музеи од сите области: археологија, историја, историја на уметноста, етнологија, современа уметност и природонаука, музејските институции ќе добијат најрепрезентативни постојани музејски поставки, атрактивно конципирани простори кои ќе имаат современи облици на презентација на музејските експонати и кои ќе овозможат една интеракција со посетителите. Во…

повеќе...

Нова музејска поставка во Спомен-собата на Гоце Делчев

Спомен-собата на Гоце Делчев во комплексот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде е и неговото вечно почивалиште, има целосно реконципирана и осовременета музејска поставка. Таа беше промовирана денеска заедно со книгата „Создавањето на современата македонска држава“ од четворица автори објавена од „Македоника литера“ со поддршка на Министерството за култура. Поставката е мултимедијална и содржи документи, фотографии, документарни и играни филмски материјали, уметнички дела поврзани со животот и делото на Делчев (1872-1903). На специјално подготвени информативни столбови се претставени значајни периоди од неговиот живот, едукацијата и револуционерното делување, подготовките за…

повеќе...

Државниот секретар Шехаби присуствуваше на Меѓународниот фестивал на културата и уметноста во Бурса

Државниот секретар во Министерството за култура на Република Македонија, Бехиџудин Шехаби, по покана на градоначалникот на Бурса, Реџеп Алтепе, присуствуваше на Меѓународниот фестивал на културата и уметноста кој по 55–ти пат се одржува во овој град кој е под заштита на УНЕСКО. На Меѓународниот фестивал на културата и уметноста, кој трае две недели, државниот секретар Шехаби присуствуваше на претпоследниот ден и ја имаше честа да ја отвори изложбата насловена „Преселби“, која претставува спој на ликовни композиции насликани во различни техники, дело на повеќе еминентни турски ликовни уметници. Ликовниот колаж ја…

повеќе...