На региoнaлните хoрски смoтри мулти-етничкиoт хoр при OУ „Братство-Единствo“ – Oхрид, под вoдствo на диригентот проф. Бурим Хидри, ја oсвoи првaта нaгрaдa сo високи 97 пoени и сo тoa стекнa прaвo на учество на Државните хoрски смoтри вo Кавадарци. „Пoсебнa блaгoдaрнoст кoн членoвите на хoрoт и проф. по музичко. Вo категорија на нaјдoбaр вoкaлист Блеона Доко, Селма Бајрам вo придружба на гитара на Јован Чифлигароски и вo кaтегoријa на нaјдoбaр инструментaлист Десарт Елмази, Деа Елмази и Диелза Елмази пoд ментoрствo на диригентот проф. Бурим Хидри освоија први награди.“– информираат од…
повеќе...Tag: награда
Златниот пехар од XXIII Домијада во рацете на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“
Учениците од Ученичкиот дом при ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22 до 24 мај во Струга учествуваа на 23 по ред „Домијада 2015“, во организација на Здружението на директори на ученичките и студентските домови во РМ, а под покровителство на Министерството за образование и наука. Тоа е средба на ученичките и студентските домови на која низ дружење се организираат спортски натпревари во повеќе дисциплини, трибина – тркалезна маса и ликовна колонија. На самото отворање на XXIII Домијада, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се претставија со две музички точки. На тркалезната маса…
повеќе...Наградата „Гравитација 2015“ за поезијата на Пере Ристески
На конкурсот од Здружението за наука и култура НОВА, Битола, за необјавен роман, книга раскази и книга поезија, во категоријата необјавена книга поезија „Еден вечен неделен ден“ од Пере Ристески ја освои наградата „Гравитација 2015“. За стихозбирката рецензентот на книгата д-р Васил Дрвошанов вели: „Поетот Пере Ристески вешто го користи јазикот за изнесување на своите емоции, и тој не е само нем набљудувач на појавите во и околу себе си, туку, како што видовме досега, тој изделува одделни негативности и мајсторски, со неколку потези ги слика човековите војни, падови и искачувања на микроплан, овде и сега.…
повеќе...Ученици од „Јахја Кемал“ освоија бронзен медал на Меѓународна научна олимпијада
Учениците Имран Селимоска и Севги Тале од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга, освоија бронзен медал на Меѓународната научна олимпијада, која се одржа викендот.
повеќе...Охрид добитник на специјалната награда за млади готварски таленти
Факултетот за туризам и угостителство и Женскиот центар „Бисера“, поддржани од Општина Охрид, ја освоија специјалната награда за млади готварски таленти -спој на традиционално и модерно, на натпреварот за најубава македонска традиционална трпеза што минатиов викенд се одржа во Битола. Целта на случувањето беше промоција на македонските традиционални вредности. Тричлената жири комисија составена од лиценцираните судии, Љупчо Гиевски, Миле Неделковски и Марк Де Јонг, одлучија токму Охрид да ја понесе наградата за трпеза којашто претставуваше спој на традиционалната охридска трпеза со модерно послужување. Дел од учесниците на натпреварот, носеа традиционални…
повеќе...Доделено признанието „Најдобар млад научник“
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска присуствуваше на доделување на признанието „Најдобар млад научник“. Ова признание за млади научници до 30 годишна возраст го доделува претседателот на државата Ѓорѓе Иванов. Целта на проектот кој се имплементира веќе 5 години е да се поттикне развојот на научната и истражувачка мисла кај младите научници од нашата земја. Годинешното признание „Најдобар млад научник“ го доби Даниел Денковски, магистер по електротехника и информациски технологии.
повеќе...ОУ „Братство Единство“ распиша конкурс за поезија за ученици и за сите повозрасни творци
По повод 24-ти мај, Денот на македонските просветители Светите „Кирил и Методиј“ и 25-ти мај патрониот празник на ОУ „Братство Единство“, Охрид, училиштето распишува конкурс (отворен од денот на објавувањето до 12-ти мај) за поезија во две категории: за ученици од основно образование и за ученици од средно и високо образование, воедно и за сите повозрасни творци. За секоја категорија ќе се доделат прва, втора и трета награда. „Наградите ќе бидат книги – подарок на ОУ – „Братство Единство“, заради одличната соработка што ја имаме со издавачката куќа МАКАВЕЈ – Скопје.…
повеќе...Конкурс за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2015 година
Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ врз основа на членoт 24 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ бр. 08-721/1 од 20.03.2013 година, распишува: К О Н К У Р С за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2015 година Со државната наградата „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес…
повеќе...Претседателот Иванов прогласен за почесен доктор на универзитетот „Хаџи Бекташи Вели”
Во рамки на престојот во Република Турција, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го посети универзитетот „Хаџи Бекташи Вели”, во Невшехир, Кападокија, каде на свечена церемонија му беше доделена титулата „Почесен доктор”, и притоа оддржа предавање пред присутните. Претседателот Иванов, во текот на вчерашниот ден присуствуваше на церемонија по повод отворањето на новоименуваната улица „Скопје” во градот Невшехир. Во Кападокија, македонскиот претседател оствари средба и со иселениците од Република Македонија. Воедно, во рамки на посетата, претседателот Иванов присуствуваше на меѓународниот поетски фестивал „Кападокија”, кој е организиран во соработка…
повеќе...Признание за охридската гимназија од Британскиот Амбасадор во Македонија
Во рамки на проектот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, ОСУ „Св. Климент Охридски“ учествуваше танцувачка точка на која настапија 20-тина ученици од охридската гимназија. На конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза”, идејата на учениците на охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ за изведба на флеш моб – јавниот перформанс е наградена и избрана за реализација. „Се работи за проект во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и покровителство на британска амбасада.“- информираат од гимназијата. Проектот е наменет за подигнување на јавната свест за…
повеќе...