Охридските основци со завидни резултати на Државниот натпревар по географија

На овогодинешниот Државен натпревар по Географија кој се одржа на Природно математичкиот факултет во Скопје, охридските основци постигнаа завидни резултати. Ученикот Атанас Спасевски од ОУ „Христо Узунов“, под менторство на наставникот Зоран Митановски, го подели 4то место во конкуренција од 155 натпреварувачи и ја освои првата награда, а додека ученикот Горан Кичеец од ОУ „Григор Прличев“ по менторство на наставникот Петре Тасевски го подели 11то место. Ова е уште еден голем успех за охридските основци. Natprevar Po Geografija 2016

повеќе...

Награди на Државниот натпревар по биологија за ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

На Државниот натпревар по биологија што се одржа на 23ти април на Природно математичкиот факултет во Скопје учествуваа и учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј” -Охрид и се вратија со награди. Ученикот Георги Ставрески од III-5 освои трето место под менторство на проф.Славица Кичеец, а Ивана Настоска од I-5 под менторство на проф.Весна Цветкоска доби пофалница.

повеќе...

Старите победија на фудбалскиот натпревар во организација на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти

По повод верскиот празник Велигден, Месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти организира фудбалски натпревар помеѓу стари и млади.  Натпреварот се одигра во спортската сала „Тодор Александров“, Велгошти. Пред натпреварот следуваше културно уметничка програма на КУД Илинден.  Фудбалскиот натпревар заврши со победа на старите од 6:4, односно победа на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти против УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат велигденски коктел во просториите на КУД „Илинден” од Велгошти. WebOhrid

повеќе...

Ученички од ОУ „Живко Чинго“ освоија две трети места на Државниот натпревар по Биологија

На 23ти април во просториите на Природно -математичкиот факултет во Скопје се одржа третиот Државен натпревар по Биологија, каде учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, Охрид освоија две трети места. Ученичките Екатерина Бочвароска и Евгенија Пулеска со ист број на бодови освоија трета награда, под менторство на наставничката Маја Попоска. WebOhrid

повеќе...

Фудбалски натпревар помеѓу стари и млади во Велгошти

По повод верскиот празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организира фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат коктел во просториите на КУД „Илинден” од Велгошти. Натпреварот започнува во 10:00 часот во понеделник, 02.05.2016 (Втор ден Велигден) на фудбалското игралиште во Велгошти.

повеќе...

Основците од „Христо Узунов“ со бројни награди на Државниот натпревар по биологија

На Државниот натпревар по биологија кој се одржа на 23ти април во Скопје учениците од ОУ„Христо Узунов“ постигнаа одлични резултати. Учениците Јана Вељаноска од деветто одделение освои трета награда, Васе Силјаноска од осмо одделение освои трета награда,  ученичката Јасмина Митре од осмо одд.освои трета награда и Наталија Крстаноска од седмо одд.освои втора награда. Додека учениците Јован Лазаревски, Ивана Ванкоска, Ана Бошалеска, Марија Димоска од осмо одделение и Тијана Донческа од седмо оддделение беа пофалени.

повеќе...

Хуманитарен натпревар Компас 2016 „Истражи го Охрид“

Црвен крст Охрид, во соработка со Извидничкиот одред Пионер од Охрид и во партнерство со основните училишта од Охрид, годинава повторно ќе го организира хуманитарниот натпревар КОМПАС 2016, за ориентација во урбана средина, под мотото ИСТРАЖИ ГО ОХРИД. Настанот ќе се одржи денес со почеток во 9 часот на Градски Плоштад „Св.Климент Охридски“. Хуманитарниот натпревар Компас 2016 е во организација на волонтерите на Црвен крст Охрид вклучени во програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности), во која околу 30 обучени волонтери на возраст помеѓу 13 до…

повеќе...

ОУЕМЦ „Св.Наум Охридски“ најдобри на натпреварот по програмирање CodeCup 2016

На 16ти април во Факултетот за информатички и комуникациски технологии –Битола, беше одржан натпревар по програмирање CodeCup 2016. За успешно завршените проекти Факултетот за ИКТ додели: • Таблети на трите првонаградени тимови и нивните ментори 1. Првонаграден проект BoxBloy Play за тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид (Јулијана Петреска-ментор, ШимеТадиќ, Филип Милошески и Стефан Трајаноски) 2. Второнаграден проект AB-КУПУВАЊЕ за тимот од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица (Славица Милева Ефтимова – ментор, Ивановски Александар и Дедејски Васил) 3. Третонаграден проект Screencast за тимот од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола…

повеќе...

Успех на охридските гимназијалци на Општинскиот и Регионалниот натпревар по англиски јазик

На 16ти април на одржаниот општински и регионален натпревар по англиски јазик учениците од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ги освоија првите три места и тоа: Христијан Петровски – второ место на општински и прво на регионален, Владо Војдановски – прво место на општински и второ место на регионален, под менторство на Ленче Ристевска, и Анастасија Андрееска – трето место под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа. Со ова тројцата уценици се пласираа на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје на 7ми мај годинава.

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ со најдобар солист и освоено второ место на хорот на Регионалните хорски смотри

Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржаа Регионалните хорски смотри. На манифестацијата учествуваа хорови од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево.  Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ го освои првото место на Регионалниот натпревар во дисциплината најдобар солист и со тоа се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци на 8ми мај. Хорот од Основното училиште „Живко Чинго“ на хорските смотри го освои високото второ место. Сето ова е водено под диригентската палка на менторот Оливера Петковска. „Упатувам големи честитки до сите ученици…

повеќе...