Прв студентски филмски фестивал во Охрид

Во периодот од 9ти до 12 март во најголемиот туристички центар во земјата – градот Охрид, се одржа првиот интернационален студентски филмски фестивал “Филмоција“. Фестивалот го организираше Институтот за филм – Филмска академија во Охрид, а со цел поврзување и размена на искуства помеѓу младите од регионот кои студираат во областа на филмот и продукцијата, како и промоција на студиските програми и образовни можности, со цел привлекување на заинтересирани кандидати за надградба на своето знаење, преку продолжување на постипломските студии на оваа високо образовна установа. Четиридневната програма понуди бројни проекции…

повеќе...

Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид за академската 2017/2018 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 3-а од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15),Mинистерството за образование и наука распишува…

повеќе...

Се подготвува стимулативен модел за финансирање на јавните универзитети

Моделот за реформи на финансирањето на високообразовните институции во Република Македонија, со цел подобрување на нивните перформанси, е темата на дискусија на работилницата што во организација на Министерството за образование и наука денеска се одржува во Охрид. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека целта е преку соодветни реформи да се воведат дополнителни критериуми што би ги дефинирале начините на финансирањето на високообразовните установи. „Ако универзитетите досега се финансираа според бројот на студенти, нашата идеја е преку реформи финансирањето да се одредува и според остварени конкретни резултати, како…

повеќе...

Кирацовски се сретна со министерот за образование и наука Лутфиу

Денес дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски оствари работна средба со министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу. Предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор, можностите преку кои треба да се заштитат нивните уставно загарантирани права, предвидените законски санкции за секој оној кој постапил спротивно на законските одредби, како и доследно примена на истите беа предмет на дискусија на средбата со министерот за образование и наука. Дополнителниот заменик министер Кирацовски, изрази сериозна загриженост за многубројните индиции за политички притисоци врз наставниците, професорите…

повеќе...

Објавен е конкурсот за ученички стипендии за учебната 2016/2017 година

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година. Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година. Конкурст за доделување 80 (осумдесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година. Конкурс за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско – туристичката струка во…

повеќе...

Одржани Деновите на доживотно учење

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на одбележување на Деновите на доживотно учење кое се одржа во Кичево. Лутфиу потенцираше дека Деновите на доживотно учење се одржуваат под покровителство на Министерството за образование и наука уште од 2002 година. „Би сакал да искажам голема благодарност до домаќинот – Центар за развој на заедницата од Кичево и до главните организатори на манифестацијата – Центар за доживотно учење и ЈУ Центар за образование на возрасните, до партнерските организации кои се приклучуваат на оваа кампања со настани во Тетово, Струмица,…

повеќе...

Jавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” за учебната 2016/2017 година

I. УСЛОВ ЗА УЧЕСТВО На повикот може да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. Училиштата кои ќе аплицираат за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини. II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ Училиштата кои ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следните критериуми:…

повеќе...

Конкурс за ученици – за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“

По повод одбележувањето на илјада и сто години од смртта на Св. Климент Охридски – првиот словенски архиепископ, втемелувачот на првиот словенски универзитет, светител и просветител, Министерството за образование и наука распишува КОНКУРС ЗА ЕСЕЈ за учениците од основните и средните училишта во Република Македонија на тема “Св.Климент Охридски и моќта на словото“ I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО Право на учество на конкурсот имаат ученици од VI-IX одделение во основните училишта и ученици од I-IV година во средните училишта на територијата во Република Македонија. II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Есејот…

повеќе...

Листа на кандидати за кои се доставени документи до МОН за сместување во Студентски домови

Листа на кандидати за кои се доставени документи до МОН за сместување во Студентскиот дом „Никола Карев“, Студентскиот дом „Орде Чопела“ и Студентскиот дом „Кочо Рацин“ заклучно со 29.09.2016 година Листа на студенти примени во Студентски дом „Никола Карев“ – Охрид за академската 2016/2017 Листа на студенти примени во Студентски дом „Орде Чопела“ – Прилеп за академската 2016/2017 Листа на студенти примени во Студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола за академската 2016/2017

повеќе...

Соопштение од МОН

Врз основа на член 24 – б од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) Министерството за образование и наука објавува: Ј А В Е Н П О В И К за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на…

повеќе...