Се поставуваат цевкофоди и сливници на ул. „Цар Самоил“

Екипи на ЈП „Нискоградба“, денес започнаа со активности за поставување на цефководи и сливници за опфаќање и одведување на атмосферски води. Се поставува собирна решетка и цефки со дијаметар од 300 мм, кои ќе ги одведуваат атмосферските води. Овој зафат е планирано да трает десет дена, а со неговото завршување се решава еден голем проблем кој што во минатото го имаа граѓаните, а и посетителите на Охрид во период на пообилни врнежи од дожд.

повеќе...

Се гради канализациона линија на ул. „Охридска бригада“

ЈП „Нискоградба“ деновиве работи на канализациона линија на улицата „Охридска бригада“ Се поставуваат цефки за одведување на отпадни води и приклучни шахти. Со овие активности Јавното претпријатие „Нискоградба“ продолжува со реализирање на програмата и континуирано ги решава проблемите на граѓаните во градот и населените места.

повеќе...

Чистење атмосферска канализација на ул. „Даме Груев“

Јавното претпријатие „Нискоградба“, согласно планот континуирано работи на чистење и профилактика на цефководи, шахти и сливници на територијата на општина Охрид. Екипи на ЈП „Нискоградба“ , денес, работат на чистење на улицата „Даме Груев“ како и контрола и чистење на пумпната станица кај св. Софија и чистење решетки пред собирни шахти ул. Коста Абраш пред хотел Александрија и во налесено место Рача.

повеќе...

Се поставува атмосферска канализација на патеката од каналот Студенчишта до Парк

Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со градежни активности за поставување на атмосферска канализација на пешачката патека која се протега од каналот Студенчишта до хотел Парк. Се поставуваат цефки и сливници за одведување на атмосферски води во должина од 350 метри со пречник од Ф 200 мм. После завршувањето на оваа фаза, промендата ќе го добие својот конечен лик. Вкупната должина на пешачката патека ќе биде 1 300 метри. Паралелно со овие активности, се одвиваат и градежните активности за изградба на уште две пешачки патеки. Првата е пешачката патека покрај каналот Студенчишта.…

повеќе...

Вработени во охридските јавни претпријатија на помош за настраданите во Скопје

Она што градоначалникот Никола Бакрачески го вети пред јавноста во однос на финансиска, кадровска и техничка поддршка за надминување на последиците од невремето кое минативе денови ја погоди Македонија и скопскиот регион се исполнува. Групата од 40 вработени од охридските јавните претпријатија, „Нискоградба“, „Водовод“, „Градски Гробишта“, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“, којашто ја формира градоначалникот Бакрачески активно се вклучи во санирање на штетите од невремето. Охриѓани на терен максимално ќе бидат вклучени се додека има потреба од тоа. Изминатиов период Градоначалникот Бакрачески беше во постојана координација и контакти со претставници…

повеќе...

Се поставува атмосферска канализација на пешачката патека до Горица

Јавното претпријатие „Нискоградба“, продолжува со изведување градежни активности од третата фаза на пешачката патека од Студенчишта до Горица. Се поставуваат цефки за одведуање на атмосферски води со пречник од Ф- 200 мм. Во досегашните активности од третата фаза се поставени околу 500 метри атмосферска канализација комплет со сливници, а до завршување на оваа фаза остануваат за комплетирање уште 300 метри атмосферски одвод.

повеќе...

Се санираат ударните дупки низ охридските улици

Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид , пред почетокот на месец мај годинава започна градежната акција за крпење на ударни дупки и санирање на прекопи и навлаки на улиците низ градов. Досега акцијата за крпење на ударни дупки се спроведе низ поширокото централно градско подрачје и тоа по должината на улиците:„Славеј Планина“,„7-ми Ноември“,„Егејска“ , делови од „Туристичка“. Во рамки на акцијата се асфалтираат и санираат тротоарски површини на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски просветители“,непосредно пред зграда Кифла.…

повеќе...

Градежни активности во Велгошти

Градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ денес, започна со активности во Велгошти, каде се изведуваат градежни зафати за поплочување на улички со бехатон плочки со вкупна површина од 700м2. Исто така се поставуваат коловозни и парковски ивичници, се врши бетонирање на тротоари и патеки, како и изработка на собирни и одводни површини. Градежните активности се очекува да завршат за околу еден месец, а вкупната вредност на овие зафати изнесува повеќе од 1 000 000 денари.

повеќе...

Се поставува тротоар на 8-ми септември

Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, изведуваат градежни активности на улица 8-ми Септември. Тротоарот се поплочува со бехатонска подлога во должина од 300 метри, односно 500 м2, од десната страна на улицата. Изградбата на тротоарот ќе придонесе за зголемување на безбедноста на движењето на пешаците и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од градот.

повеќе...

Се поставува тротоар на 8-ми септември

Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, изведуваат градежни активности на улица 8-ми Септември. Тротоарот се поплочува со бехатонска подлога во должина од 300 метри, односно 500 м2, од десната страна на улицата. Изградбата на тротоарот ќе придонесе за зголемување на безбедноста на движењето на пешаците и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од градот.

повеќе...