Се поставува фекална канализација на дел од улицата „Стив Наумов“

Екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве интензивно работат на поставување на фекална канализација на крак на ул. „Стив Наумов“ со приклучување на главниот вод на истата улица. Должината на канализациониот крак е 100 метри и ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф- 200. Предвидено е изведување на 5 приклучни шахти, а вкупната вредност на зафатот е 350.000 денари. Паралелно, екипите на ова јавно претпријатие вршат нивелација на канализациони шахти на ул. „Ванчо Николески“ во с. Лескоец. Нивелацијата се изведува по поставување на асфалт со што е решено барањето на жителите…

повеќе...

Се поставуваат подземни инсталации кај Гимназија

Jавните претпријатија „Нискоградба“ и „Водовод“ работaт на поставување подземни инсталации на пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Јане Сандански“ каде се гради кружен тек. Со изградбата на атмосферската канализација и новата водоводна линија ќе бидат исфрлени од употреба старите азбест цементни цевководи. Активностите на охридските јавни претпријатија на оваа крстосница се најобемни досега и се очекува истите да завршат на почетокот на месец март по што ќе биде воведен во работа изведувачот на градежните работи.

повеќе...

Се гради канализационата мрежа на дел од улицата „Александар Турунџиев“

Јавното претпријатие „Нискоградба“, во рамки на своите активности започна со изведба на канализациона мрежа на крак од ул. „Александар Турунџиев“. Ќе се изведат три ревизиони шахти и ќе се постават цевки Ф- 200, во должина од 100 метри. Со изградбата и приклучување во мрежата за одведување на отпадни води се продолжуваат активностите на изведување на мрежа секаде каде има минимални услови за тоа, а се со цел подобрување на квалитетот на живеење на населението кое живее не тој дел и водење на грижа за заштита на животната средина.

повеќе...

Привршува изградбата на атмосферската канализација во Воска

Во рамки на проектите финасирани од Светска банка чија изведба е во завршна фаза, вчера изведувачот АД „Илинден“ започна со изградба на испусната градба на атмосферската канализација во Воска. Со изградбата на овој објект се комплетираат работите предвидени со проектот за изградба на атмосферска канализација во населбата Воска. Кон овој објект гравитациски се сливаат водите од новоизградената мрежа на атмосферска канализација во населбата Воска која беше изградена на улиците „Сатеска“, „Мича Гилиќ“ и „Трајче Трајчески“. Испусната градба ќе обезбеди акумулирање на атмосферските води, стабилизација на токот, нивно таложење и сепарација,…

повеќе...

Се чисти канализационата и атмосферската мрежа на ул.„15-ти Корпус“

Одделението за одржување на канализационата и атмосферската мрежа при Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска врши чистење на сливници, шахти и цевоводи долж улицата „15 Корпус“. Јавното претпријатие продолжува континуирано да ги извршува своите активности и решавање на проблемите на граѓаните во градот и околината.

повеќе...

Промена на канализационите цевки на улица „Стив Наумов“

Јавното претпријатие „Нискоградба“, продолжува континуирано да работи на подобрување на системот за одведување на отпадни води. Деновиве се извршуваат градежни активности на дел од ул. „Стив Наумов“. Се врши промена на цевките за одведување на отпадни води и се прочистува и линијата од наталожени шут и нечистотија.

повеќе...

Во Велгошти се проширува канализационата мрежа

Екипа на Јавното претпријатие „Нискоградба“ изведува градежна активност во село Велгошти, изведба на улична канализациона мрежа. Со овој зафат приклучок во канализационата мрежа ќе добијат неколку семејства со што трајно се решава проблемот на одведување на отпадните води, кое пак од друга страна придонесува за зачувување на здрава животна средина. Одговорните во Нискоградба остануваат на заложбата да секаде каде што има минимални услови се прават напори за приклучување во канализационата мрежа.

повеќе...

Нова фекална канализација на крак од „Стив Наумов“

Екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа градежни активности за изведба на фекална канализација на крак од улицата „Стив Наумов“. Ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф 200 и ќе се врши преприклучување на објектите на мрежата на потегот на кој се изведуваат активностите. Јавното претпријатие продолжува континуирано да работи кон подобрување на системот за одведување на отпадни води и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид.

повеќе...

Се гради тротоар на дел од улицата „Јане Сандански“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид, извршува градежни активности – изведба на тротоар на дел од улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата кај гимназијата „Св.Климент Охридски“ наспроти учителската зграда во должина од 100 метри. „Овој потег кој до сега беше незаштитен и небезбеден за движење на пешаците претставуваше и проблем на жителите кои живеат на тој дел, бидејќи при врнежи водата често се слева во нивните куќи и дворови. Со оваа градежна активност се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на тој потег, а се зголемува и безбедноста…

повеќе...

Директорите Паскалоски и Донев посетија неколку прочистителни станици во Израел

За време на официјалната посета на Израел директорите на Јавните претпријатија „Проаква“ – Охрид, Томе Паскалоски и „Нискоградба“ – Охрид, Сашо Донев беа во посета на повеќе прочистителни станици и разменаа искуства околу најновите технологии за прочистување на отпадни води и третман на милта. Присуствуваа на отворањето на пречистителната станица Shafdan која инвестиција изнесува околу 880 милиони евра. Во изведба на компанијата TGW комплетирана е првата фаза од најголемата анаеробична пречистителна станица не само во Израел туку на цел Среден Исток. Лоцирана во Rishonlezion Shafdan ги третира водите на 11…

повеќе...