Се поставува атмосферска мрежа на новиот кружен тек

Јавното претпријатие „Нискоградба“, на „Булевар Туристичка“ и ул. „Стив Наумов“, започна со поставување на цевководи за спроведување на атмосферските води во шахтите, приклучок и тампонирање на улицата. Активностите претставуваат подготовка за отпочнување на градежните зафати на новиот кружен тек кој ќе се изведува на тој потег. Со изградбата на ова сообраќајно решение значително ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот и ќе се зголеми нивната безбедност.

повеќе...

Интензивно се работи на реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“

Градежната компанија АД „ Илинден“ интензивно работи на реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“. На улицата се отстранува постојниот асфалт по целата ширина, се поставува тампонски слој, а потоа следува асфалтирањето. На терен се и екипите на ЈП „Нискоградба“ кои работат на приклучување на објектите на новата траса на канализацијата.

повеќе...

Интензивно се работи на санирање на ударните дупки на охридските улици

Во рамки на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици во тек е акцијата за крпење на ударни дупки и санација на прекопи и навлаки низ улиците на целата територија на општина Охрид. Оваа градежна активност се одвива според однапред утврден план и динамика за делување на терен и се работи во неколку етапи. Бехатон плочките од ударните дупки се заменуваат со асфалтен материјал. Санацијата на ударните дупки започна во централното градско подрачје , за на крај да се вршат санации на прекопи и навлаки низ…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со добивка во првите шест месеци годинава

Јавното претпријатие „Нискоградба“ Охрид во периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни годинава излегува со добивка која изнесува 5.428.869.оо ден, односно за овој износ вкупните приходи ги надминуваат вкупните расходи. Ваквиот успех на јавното претпријатие доаѓа како резултат на зголемениот обем на работни активности кои се презедоа во изминатиот период, информираат од претпријатието. Во периодот Јануари- Јуни годинава извршено е инвестиционо проширување на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води (изградба на улична фекална и атмосферска канализациона мрежа) според барања од Локалната самоуправа на Општина Охрид во должина од 948 метри.…

повеќе...

Се работи на приклучоци на новоизведената фекална канализација на ул. „Илија Смически“- Лескоец

ЈП „Нискоградба“ Охрид – изминатиов период активно работи на овозможување приклучоци на новоизведена фекална канализација на ул. „Илија Смически’’ во с. Лескоец. „Во текот на изминатиот месец од страна на екипи на ЈП „Нискоградба“ Охрид изведени се работи на формирање на премини преку улицата. За таа намена изработени се 12 шахти со длабочина поголема од 2 метри како и поставени 150 метри секундарна канализациона мржа со профил од Ф 200 мм. Со завршување на оваа фаза, жителите на овој дел од Лескоец конечно ќе го решат проблемот со одведување на…

повеќе...

Реконструкција на дел од мрежата за одведување на отпадни води во Авто-кампот „Андон Дуков“

ЈП „Нискоградба“, Охрид во рамки на своите активности денес изврши реконструкција на дел од мрежата за одведување на отпадни води како и комплетно чистење на канализационата мрежа во Авто-кампот „Андон Дуков’’. ЈП Нискоградба со таквите активности придонесува за подигнување на хигиенските услови во кампот што придонесува за поздрава и побезбедна животна средина.

повеќе...

Активности на ЈП „Нискоградба“ на ул. „Питу Гули“

ЈП „Нискоградба“ Охрид во рамки на своите активности денес работи на изведба на сливници и премини за одведување на атмосферска вода по целата должина на улицата „Питу Гули’’. „Со овој потег се решава собирањето и одведување на атмосферските води кои до сега се мешаа со канализацијата и претставуваа дополнително оптоварување на мрежата за одведување на отпадни води и колекторскиот систем.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со градежни зафати во Лескоец

Јавното претпријатие „Нискоградба“, на улицата „Илија Смически“ во с. Лескоец, започна со градежни активности изведба на премини за приклучување на фекална канализациона мрежа. Во должина на улицата е поставена улична фекална канализација, а со изградбата на премините се врши подготовка за приклучување на објектите на мрежата за одведување на отпадни води.

повеќе...

Продолжува доуредувањето на кејот во Пештани

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со активности за дооформување на шеталиштето на кејот на Охридското езеро во Пештани. Со овај зафат предвидено е поставување на бехатон плочки во должина од 750 м². По завршувањето на зафатот, ќе следи хортикултурно уредување, како и поставување на соодветно осветлување, клупи и канти за отпадоци на самиот кеј. Инаку, во Пештани општина Охрид во изминатата година комплетно го изгради и уреди едниот дел од кејот, односно од рибниот ресторан до поранешната полициска станица, а со уредувањето на делот од рибниот ресторан кон Охрид пештанци…

повеќе...

Изградба на фекална канализација во населбата „Даљан“

По неодамна одржаната средба со жителите на УЗ „Воска“, на која градоначалникот Никола Бакрачески вети дека скоро ќе почнат градежни активности за реализација на фекална канализација во населба „Даљан“, денес да се реализира. На потегот покрај отворениот канал на ул. Сатеска, започна изградбата на фекална канализација во должина од 160 метри со цевки Ф/200, што ќе значи поврзување на околните куќи во системот на отпадните води, а тоа ќе придонесе во подобрувањето на животната средина и заштита на биодиверзитетот на Охридското езеро.

повеќе...