Околу 220 општински службеници проследија дополнителна обука за користење на софтверскиот систем за издавање на е-дозволи

Oколу 220 службеници од локалната власт, учествуваа на дополнителна обука, што ја организираше ЗЕЛС, за користење на софтверскиот систем за водење на електронска постапка за издавање на одобрение за градење. Обуката претставува дел од континуираната поддршка што ЗЕЛС им ја дава на своите членки на патот на обезбедување на епитетот „Е- општина“. Обуката се одржа на 12, 13, 16 и 17 септември, 2013 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на која беа повикани претставниците од сите општини кои работат на постапките за издавање на одобрение за градење, односно службениците…

повеќе...

Обука на македонски адвокати: Спас на претпријатија со потешкотии

Веќе една и пол година, Амбасадата на Франција во Македонија и Комората на адвокати на Македонија им нудат на македонски адвокати семинари за размена каде се претставува француското искуство во различни области од правните активности. Овие семинари се организираат од страна на Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен.  По одржаните семинарите на тема трудово право 2012 (Охрид, јуни), европско право за човекови права (Штип, септември 2012), и Етиката на правната професија и нејзината организација (Скопје, јуни 2013 година), нова обука ќе се одржи утре и недела, 14…

повеќе...

Досега 300 здравствени работници на обука во врвни медицински центри низ светот

Оваа и наредните две години по 500 медицински лица, главно лекари, ќе бидат испратени на обука во странство. Како што рече премиерот Никола Груевски, само годинава, до крајот на овој месец, преку 300 доктори реализирале ваква обука во врвни медицински центри низ светот. „Сметам дека до крајот на годинава ќе ја достигнеме проектираната бројка од 500 лица, а можеби и ќе ја надминеме. Паралелно со заминувањето на нашите лекари во странство, во Македонија доаѓаат и лекари од други држави кои тука вршат обуки. Такви тури веќе имавме неколку“, истакна Груевски.…

повеќе...

Владата на граѓаните им овозможува бесплатни обуки за работа со компјутери

Владата на Република Македонија одлучи да спроведе една поширока активност чија цел е зголемување на информатичката писменост за граѓаните на нашата земја како чекор кон подобрување на нивната конкурентност и способности. Имено, се работи за реализација на два посебни проекти, од кои првиот е организирање на бесплатни обуки за основна информатичка работа за сите категории граѓани за зголемување на нивната информатичка способност и писменост, а вториот е организирање на обуки за стекнување на напредни вештини за категоријата невработени лица чија цел е подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот…

повеќе...

Во Охрид беше одржана обука за КОМЕТ системот

Продолжуваат активностите на ФФМ за воведување на COMET (КОМЕТ) системот. Во организација на Фудбалската федерација и во соработка со Универзитетот за Информатички Науки и Технологија, Св. Апостол Павле од  Охрид, се одржа дводневна обука во периодот од 24 – 25 јули 2013, која опфаќа обука на администратори на фудбалските клубови од Прва и Втора лига  и администратори на општинските фудбалски сојузи за користење на COMET (КОМЕТ) систем. COMET (КОМЕТ)  e глобален информатички систем за  процесирање на сите податоци врзани за евиденција на натпревари и наптреварувања, а ги интегрира сите елементи во…

повеќе...

Продолжува обуката на македонските земјоделци од израелски експерти за подобрување на постбербените активности

Поголемо образование, помош од науката и поддршка од државата, се трите клучни фактори неопходни за подобрување на постбербените активности во македонското земјоделство. Како што порачуваат израелските експерти, во целиот процес на усовршување на земјоделските практики мора да се вклучи и бизнис секторот. Квалитетот на свежото овошје и зеленчук не само што ќе го подобри пласманот дома, туку ќе овозможи и етаблирање на надворешните пазари. „Слабости има во делот на калибрирањето, сместувањето, разладувањето, пакувањето… Експертите тоа го воочија. За поквалитетни постбербени активности ни е потребен посеопфатен пристап, нивните сугестиите се во…

повеќе...

Македонски доктори на специјализација во Нирнберг

Договорот за соработка претходно беше потпишан кога министерот за здравство, Никола Тодоров, беше во посета на Германија. Новитет во договорот е што млади медицински кадри од Македонија ќе одат на специјализација за повеќе области. Специјализацијата таму можат да ја поминат во целост, односно во времетраење од 5 до 6 години или само половина од периодот потребен за специјализација. Министерот Никола Тодоров посочи дека другата недела уште четири доктори ќе заминат во Нирнберг.  „Многу е важно што македонските доктори кои заминуваат таму работат рамо до рамо со познати специјалисти, со нивните…

повеќе...

Обука на вработените во Ј.П. „Билјанини Извори“ од страна на Црвен Крст

Вчера во просториите на Ј.П. „Билјанини Извори“ се одржа обука на вработените од страна на стручни обучени лица од Црвен Крст. Обуката ја следеа вработените на јавниот паркинг простор, се со цел и во овој дел да им се излезе во пресрет на потенцијалните клиенти. Од Ј.П. „Билјанини Извори“ изразија голема благодарност до Црвениот Крст за поддршката во реализацијата на оваа обука.

повеќе...

Обука за укажување прва помош според највисоки европски стандарди

Во рамките на своите активности во делот на Подготвеност и дејствување при катастрофи, Црвен крст Охрид од 2009 година започна активна соработка со Операција Флоријан, од Манчестер Англија. Како резултат  на заедничките активности, во изминатиот период реализирани се заеднички обуки во делот на првата помош, безбедност на вода, противпожарна заштита. Успешноста на реализираните активности, пресликана во ефикасната примена на стекнатите знаења во реални ситуации, од страна на членовите на Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид и членовите на Територијалната противпожарна единица од Охрид, ја оправда потребата и…

повеќе...

Мост помеѓу политиката и граѓанското општество – Јакнење на учеството на младите на локално ниво

Младински Совет Охрид, Фондацијата Конрад Аденауер, претставништво во Република Македонија и Центарот за Европски студии од Брисел започнуваат со реализација на проектот „Мост помеѓу политиката и граѓанското општество – јакнење на учеството на младите на локално ниво“ во три општини во  Македонија, Охрид, Струга и Ресен.  Денес се одржа подготвителен состанок како дел од проектот, на кој што учесниците се запознаа со целите, активностите, задачите и очекуваните резултати кои што се составен дел од проектот. „Целта на проектот ни е да формираме едно јадро на млади, меѓутоа за разлика од досегашните…

повеќе...